1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Храна без глутен

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од awl, 17 јули 2013.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.323
    Фала Ливинг.
    Обично, барем овде на декларацијата пишува дали содржи глутен или не, ама на млечните производи нема баш како што се кашкавалот и сирењето.
    Сепак сега, неколку дена ќе го тргнам и млечното.
    Потоа ќе зимам без лактоза.

    Доста производи научив кои не се со глутен, ама претежно јадам домашно. Леб месам од хељда, од безглутенско брашно не можам да го погодам.

    Шеќер никаков не може или ок е он?
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Ако земаш рефус млечни производи, побарај да ја прочиташ декларацијата на големата амбалажа. Јас така правев, па најдов кашкавали што ми одговараат и сега само такви купувам. Ливада е ок, Зелена Долина, Олденбург. Паладин зелениот исто (Тилситер), за другите видови не сум сигурна.

    Шеќер е ок. Значи само пченица, јачмен и 'рж се со глутен. Тие три запамети ги и фурај. :D И овес, кој по правило е без глутен но се обработува заедно со пченица и е контаминиран. Ако сакаш овес, мора да бараш со декларација глутен фри.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.323
    Пецивото безбедно е? За онаа на Подравка ми е?
    Ставив во лебот и имам пак отоци.
    Или ќе да е од двете залчиња бурек и еден залак пица.
     
  4. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    Gluten free e колку што знам. Исто и тоа на Dr.Oetker.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Пецивото е безбедно.

    Јуле, ако имаш проблем од глутен, и едно залче пица или бурек ти е исто ко да си изела цел леб. Количината нема врска. Ако исклучуваш, исклучуваш скроз. Ако одвреме-навреме јадеш макар и залче, џабе ти е цел труд.
     
    На Antebellum, do-re-mi и JuLleE им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.323
    Денес јадев бел ориз од Кам. Не ми е вкусен оној интегралниот. Се надевам нема да имам реакции.
    Намерно не купив на Сончева долина.

    Од пијалоци, вино смеам. Дали може и други? На пример Аперол?

    И некој рецепт за тесто, ама сакам пастрамајлија да правам.
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Бел ориз по можност земај спакуван, да е нагласено gluten free. Кочанскиот не е сигурен.

    Смееш секакви пијалоци освен пиво.

    За тесто за пастрмајлија, пробав обичен рецепт за пица но со безглутенско брашно, и не беше убава. Одозгора се препече, внатре остана ко живо. Ако се снајдеш со тестото, пиши рецептче.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  8. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    903
    Tука има безглутенски рецепти, може некому ќе помогнат во исхраната.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.323
    Спакуван од Кам, ама ваљда контиминиран, имав блага реакција.
    Тука ретко производ да е нагласан дека е без глутен.

    Инкаку Осговско сирење мислам дека е ок. Пишува само дека од алергени содржи лактоза и млеко.

    Полека влегувам во форма.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.323
    Тесто за пастрмајлија погодив. После ќе сликнам рецепт.

    Туку кашкавалот во Кам, безбеден ли е?
    Мислам дека треба да е ок.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.323
    Еве, и за лебот и за тестото за пастрмајлија кое е всушност е тесто за пица. Ама убаво испаѓа.
    Но, имам многу киселини од ова брашно.
     

    Прикачени фајлови:

  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.858
    Здраво феминки,
    Јас сум нова на темава, (па и на форумов богами)- дијагноза целијакија, па ако може да прашам.
    @LivingGlam , гледам си доста упатена во проблематикава. Зошто трагови од глуден се опасни за целијакија? Нели има некое ниво на толеранција, кога си целиак?
    Овие брашна се на Schaer? Каде ги има да се купат во Скопје? Ако е проблем да се спомнуваат продавници/ брендови, може инфо ЛП?
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.323
    Јас ги добивам на рецепт а го има по аптеките и поголемите маркет.
    Ако имаш целијакија секако имаш и конзилијарно па те следува 30 кг брашно.
    Траговите се опасни исто како да си внел глутен. Смени тава, плекче, особено пластични и дрвени садови бидејќи глутенот влегува во материјалот.
    Има група и здружение, на фб барај Здружение ,,Без глутен" - ЗБГ. Имаш и спрски, хрватски групи.
    Овде имаш се што ти е дека не јасно.
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Ти одговорила @JuLleE. Кога се работи за целијакија, и трагови се проблем. Ќе си земеш свој тостер ако користиш, и ќе пазиш да не готвиш во рерна веднаш после печење тесто. Мислам дека и во рестораните ќе ти биде проблем, и обично месо да нарачаш ќе биде контаминирано зашто на скарата се пече леб и плескавици со презла.
    Не знам многу да ти кажам... можеби најдобро е детално да разговараш со доктор.
    https://www.beyondceliac.org/research-news/View-Research-News/1394/postid--12557/
    Овде пишува дека има ниво на толеранција, минимално. Само не знам колку ќе си безбедна во ресторан.

    Патем, не сум многу упатена за жал. Само јадам без глутен, на своја иницијатива со години. И далеку подобро ми е. Сите информации ми се од интернет, колку и смешно тоа да звучи. Ама кога никој не ти помага за чудни симптоми и автоимуни, мораш сам. :(

    Можеш ли нешто повеќе да споделиш за испитувањата за целијакија? Каде ги правеше и какво е испитувањето?
     
    Последна измена: 27 февруари 2019
    На Antebellum, LollySky и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.323
    @LivingGlam еве јас ќе споделам. Ме препратија од Реума на Гастро бидејќи имав намалување на отоците поради тоа што сама се ставив на диета без глутен. Таму ми дадоа на Имуно да проверам антитела и ми закажаа гастроскопија со биопсија. Ген не проверив, ама син ми го има. Антителата негативни, биопсија позитивна. На почетокот е откриена целијакијата, среќа, па немам многу штета освен што се сомневаме на ревматоиден артритис, кој најверојатно е во почетна фаза. Пропратно ми се појави и дерматит и некој вид на алергија.
    Доктор освен Стефка Грујоска која е детски и приватно, друг во Мк нема баш и кој да ти објасни, па така ќе гуглаш, ќе читаш искуства и сл.
    Инаку твоите симптоми се типични за целијакија, знам анемична беше. За да потврдеш мораш мин 6 недели да внесуваш глутен оти со диета, ресичките заздравуват и биопсијата би била лажно негативна.
    Ова е на кратко. Прашувај ако имаш иште прашање, што знам ќе споделам.

    Инаку во ресторани јас не јадам, дома во фурна/рерна само јас печам.
    Контаминацијата и траговите се исто штетни како внесување на глутен.
    Пазете со кафе и јадете само декларирана храна.
    Целијакијата е многу опасна ако е нелекувана и никогаш не оди сама, ретко. Секогаш постои и друго автоимуно заболување. Во најлоши ситуации предизвикува и уште полоши заболувања.
     
    На do-re-mi, Biljarkata и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу @JuLleE.
    Инаку да, со анемија сум цел живот и од терапиите само моментално се поправала, после пак по старо. Откако исклучив глутен хемоглобинот го држам над минималната граница, без терапија. Серумско железо ми е уште ниско, ама далеку од тоа што беше. Не знам ни како дојдов до глутенот зашто беше одамна, ама кога сменив исхрана буквално си го подобрив животот.
     
    На do-re-mi и JuLleE им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.858
    Фала ви @JuLleE , @LivingGlam.
    Јас не живеам во МК, ама освен дијагностиката, која е веројатно многу подобра овде, за остатокот од животот без глутен сме препуштени исто така сами на себе. И нормално, едукацијата е интернет. Ќе ти речат, јади без глутен, ама, како, што? Оти кога исклучуваш глутен, главно леб, исклучуваш и витамини, минерали. Не дека со целијакија нешто од тоа ти стигнува во организмот, ама зборот ми е, како да се направи избалансиран избор на прехранбени продукти, кои ќе ти ги обезбедат сите потребни состојки (витамини, минерали). Научив на примерр, дека целијаци (на безглутенска исхрана) имаат чест недостиг на витамин Д. И уште ред други информации, ама рецепт за избаласирана исхрана уште немам.
    Да прашам, знам имаше на времето некоја госпоѓа, нутриционист или нешто така, сте биле кај нејзе на консултации, или имате некој совет за неделно мени на пример?
    За дијагнозата, не сум сигурна дали е во темава веќе објаснето, ама ај да сумирам.
    Постојат три различни состојби:
    - Целијакија: Тврдат дека е целоживотна состојба, глутенот предизвикува автоимуна реакција во цревниот систем, и цревните ресички атрофираат/ се залепуваат, поради што абсорбцијата на состојки во организмот се намалува. Заради тоа се јавуваат видливите симптоми како анемија, или мал раст кај деца. Се потврдува со испитување на антитела за глутен (крвна анализа), S a-tTg IgA и S atTg IgG. IgA се индикатор за активирана целијакија, која обично се потврдува со гастроскопска биопсија, како што кажа Јуле. Целата дијагностика (барем кај нас) спаѓа во домен на гастролог. Дополнително истиот праќа примерок за испитување на генетика, постојат некои идентификувани гени виновни за целијакија. Има некои случаи, кога IgA не се повишени, некој фалс позитив (како кај Јуле), а има и случај кога IgA се многу високи, генот е присутен, и дијагнозата е потврдена без биопсија (ова за деца).
    - Алергија на глутен: Се испитува преку алерго тест. Глутенот предизвикува инстантна алергиска реакција, сум прочитала дека состојбата може да помине/ или ослабне со тек на време
    - Нетолеранција на глутен: За жал, нема дијагностика за оваа состојба. Единствено самодијагностика, со елиминациона диета- ако ви е подобро без глутен, веројатно не треба да го конзумирате.
    Е, ке заборавев, за да ви потврдат целијакија, мора претходно да сте барем месец дена на исхрана со глутен, инаку резултатите може да бидат фалс негативни.
     
    На Antebellum, do-re-mi, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    8.030
    Пол:
    Женски
    Пченкарно брашно од Макс смее? Не пишува ништо на него. И инстант пире користите?
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.065
    Не би ризикувала.
    Во рамстор има едно добро безглутенско. Тоа го користам, 250 ден килограм, ама вкусот е најдобар од сите брашна кои сум ги користела. Ако си љубител на бел леб, ова дава леб со најприближен вкус.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    8.030
    Пол:
    Женски
    ОК, фала, само име ќе ми треба или по цена да го барам? Ова Schär mix B колку пари е? Умрев за леб. ;(