Во случај за интензиво зголемување на заразените од корона вирусот, сите ние ќе треба да седиме дома. Ќе биде потребно да имаме доволно количини на намирници, лекови, производи за лична хигиена. *Со темава би можеле да си помагаме и секој да информира каде би можело да се најде одреден производ.....
Не знам од кој град си, во ГВ скоро во секој маркет има доволно дезинфекциони средства, утре ќе ми стигнат две антисептични средства за раце.
Каде во Скопје да најдам гел за дезинфекција на раце со пумпица? Во ДМ забегале со цените... Има ли по аптекиве, маркетите...? Не ни се шета, па да не има некој проверена информација.
Рамстор мол аптеката, вчера земав... Едит не е гел туку хируршки раствор (алкохол) за дезинфекција на раце...
Јас завчера земав во аптеката во Зебра, гел 500 мл. (со чајно дрво) за 180 денари. Имаше и спрејови, не знам која цена. (и маски и ракавици)
Е супер, ми треба поголема количина затоа што ќе стои на влезот на објект. А имам и Бети аптека во близина. Фала ви на сите значи не се толку дефицитарни геловиве.
Само што бев во аптеката, во моментов имаат само еден поголем гел (ми се чини 700 мл беше) за 420 денари. Се' уште имаат маски и ракавици.
Гел 400 мл од Бети исто во Лисиче 130 ден (иако пред една недела го земав) алкохол 70% во Зегин Ново лисиче ова од вчера. Имаат и во Зур гелови мали за во џеб 35 денари се
Тука ми изгледа посоодветно да го поставам прашањево. Како разредувате Дезинтал за дезинфекција на подови? На упатството има сооднос на литро вода, ама нема за која намена е? Јас на пример, 1 капаче ставам на литро вода за чистење на подови? Многу да не е? Кујнски површини, тоалет и сл. дезинфицирам со алкохол.
Во Бети во моето маало имаше само џебни средства за дезинфекција, утре ќе добиеле големи. Во Зегин имаше само течно сино средство од 0,5л и ченеше 230 ден, а во ДМ гел на Сенсилис 0,5л 325ден. @An-na во ред ти е соодносот, не се грижи. Дезинтал е на база на алкохол, па брзо испарува. Евентуално ако имаш мало дете коа лази, можеш да го подразредиш или да отвориш да се луфтира кога бришеш.
Zemav takvi detevo neso temperatura, 2dena eve sea pocna so kaslanje.. Maticniot u petokot mi kaza da sedi u posebna soba, utre na krvna slika treba da ideme... Pa posle ke ni kazel so ponataka
Може да се користат и тие за повеќекратна употреба ао тоа шѕо после секое носење се бришат со алкохол.
А од страна на храна што купувате? Гледам баајги голема паника се шири и кај нас у Штип почнаа да се празнат рафтови па да си прашам да знам одприлика што купувате
Брашно,зејтин,сув квасец, шеќер,прашок за пециво,пченкарно брашно,тестенини,ова верувам дека секој од нас го има. Зеленчук и овошје како никој да не купува сегде има во изобилство или така ми се чини? Јас сум со мало дете и од значителна важност ми е секој ден да јаде еден тон овошје и зеленчук па макар и војна да има,ние возрасните леб и палачинки може да јадеме но оди објасни му на едно и пол годишно детенце дека нема банани или боровинки,овошјето што најмногу го сака. Па си исцедив сок од портокал и лимон во кесички за мраз и замрзнав. Јаболките може да се замрзнат ако купувате повеќе,смрзнат грашок,боранија.. Може да си замрзнете кромид сецкан во кесенца. Ниту една манџа не е манџа без кромид нели? Компирите може долго да стојат на ладно. Немам залиха на месо,ми доставуваат до дома. Тинекс почнале со онлајн продажба па најдобро е сега да се воздржиме од акање по маркети и од дома фа си порачуваме.
Истото тоа што го јадам стандрадно, само за некои нешта наместо едно парче, две. На пример, место 1 конзерва туна, земав 2. Чисто да не морам да идам до маркет во текот на нареднава недела. Ќесе ориз, леќа, кафен грав. Замрзнати јагоди, малини, брокула, пилешки стек. Неколку канчиња ќефир. Пакетче овес. Две тегли путер од кикирики. Тегла крем. Два хумуса. Два леба. По 2 конзерви туна, црвен грав, пченка. Една голема конзерва црни маслинки. Два јогурта и две млека. Конзерва нес. Портокали, лимони, банани. Зелка, цвекло, моркови, компири. Нешто грицки и слатки. И тоа, стандардно.