Што мислите за носењето храна од дома за на работа, факултет или пак за во школо? Преферирате ли носење храна подготвена од дома? Што најчесто носите? Како и во што ја пакувате храната? Од која причина го правите тоа, со цел да заштедите, за поздраво да се храните, да ја разбиете монотонијата која ја нудат пекарите и сендвичарите? Се надевам на добри мислења, совети и идеи Spoiler Доколку темава е дупла слободно нека оди во канта. Или пак ако е за во подфорум На работа, преместете ја
Paa ne sekogash ali po nekogash nosam od doma. Isklucivo nosam neshto koga ima sukano,da ne kupuvam bash koga imam po doma. Pakovam vo alu folija i teram nekako pobrzo i popraktichno mi se cini taka deka e. Ne e za toa dali ce zashtedam 30-50 denari,nego onaka da se meni neshto. Sepak domashno si e domashno
Јас не носам од причина што не ни јадам во школо. А доколку некогаш работам со подолго работно време, зошто да не? Иначе прво што ми текнува е варен зеленчук, потоа може некој ручек што си го подготвил минатиот ден, сендвичи. Сендвичите се најлесна опција, ама верувам дека ќе му се смачи на човек секој ден од сендвичи, ко што ќе му ќе смачи секој ден од најблиската пекара да јаде. Исто така може некои житарки/мусли со млеко, или пак смуди.
Зависи од тоа колку време ќе се задржам на факултет. Ако сум од сабајле до вечер си земам сендвич или ориз со малку сирење, а ако сум пократко тогаш земам некое овошје и житарица
Додека бев основно се хранев до 7мо одделение. Ама јадењето почнаа да го упропасуваат и се откажав. Почнав 7мо и си купував самата. Во средно си купував сендвичи, а некогаш поминував и без тоа. На работа некогаш купував, а некогаш таму јадев.
Некогаш носам подготвена храна од дома со цел да направам промена на секојдневното мени што се нуди во пекарите и сендвичарниците.Од економски аспект трошоците за храна дома и на работа се неизбежни. Тој износ што нема да се потроши за готова храна ќе се пренамени за домашна подготвка. Предноста е во квалитетот што го избираме по наша желба. Најчесто тоа е соодветна храна која може да се спакува во кујнска фолија или да се стави во соодветен сад. Ваков избор правам во зимскиот период кога температурата дозволува подолга трајност на спакуваната храна. Забележувам дека овој начин на исхрана се повеќе се практикува во работна средина каде што има услови и можности од различни причини (здравствени, економски, хигиенски).
Носам понекогаш. Реално, ако избереш добар, квалитетен оброк нема баш да заштедиш нешто во споредба со пекара, ама промена е. Доаѓа преку глава од се едно исто Би носела секој ден да не сум толкава мрза што буквално не можам да се пробудам на сабајле. Салати можеш да си спремаш незачинети однапред, и наутро да ги зачиниш, или уште подобра опција е да си носиш дресинг посебно во шишенце, така салатата ќе ти остане свежа до моментот на јадење. За сендвичи, правам ама уште ми останува да најдам добро лепче, некако две кришки леб не ми ја задоволуваат дефиницијата за убав сендвич, ниту пак имаат некоја способност да те држат сит 5-6 часа. Солени мафини, мини сендвичи од кифлички... Ретко некогаш да зготвам нешто вистинско или да земам нешто што ми останало од ручекот од претходниот ден. А можеби би требала... Ладни свежи паста салати има колку сакаш Идеи и желба имам, ама пуста мрза и убав кревет Патем, можеме темата да ја направиме и Фемина Инстаграм на храна за носење
Сум носела од дома, најчесто некоја пита, проја, пица... Би носела и во иднина, зошто да не... Мусли, житарици, домашни пецива, па и некоја по лајт варијанта за ручек.
Ретко,скоро никогаш не сум носел од причина што насабајле не гледам црна мачка пред мене не па да спремам храна...А спремено од претходниот ден не ми е вкусно,така да најчесто си купувам.
Носам многу често, ептен ако немам време од вечер или сабајлето пред работа да си спремам. Доручекот секогаш ми е овошје, за тоа лесна работа, а за ручек зависи што имам дома + задолжително салата (само сецкана, па пред јадење додавам балсамико и масло, носам мешавина во посебно шишенце). Попрактично, а и поевтино ми е да си носам lunch box од дома. Ем си спремам по вкус како сакам и колку сакам, ем не фаќа толку скапо. Реално ако купувам секој ден зготвена храна, на пример од Шеф, ќе ме чини многу повеќе. За сендвичи и некои такви пецива од пекара - не е скапо, ама па јас избегнувам теста, преферирам зготвено. И заради тоа најчесто од дома си спремам
Порано не носев, јадев брза храна. Ама веќе од сендвичи и кифли преку глава ми дојде. И почнав да си носам, ако е прва смена најчесто нешто сукано ако има дома, пита, проја, палачинка. Пакувам во алуминиумска фолија. А за ручек зависно што е тој ден на мени, ако е некоја тава најчесто си ставам во пластика и плус си сецкам салата и си јадам така.
Порано не обрнував толку многу внимание на исхраната на работа, што од немање време, што од мрза, ама за пола година качив 10 кг. па ми дојде паметот. Сега готвам откако ќе завршам со обврските, секој ден гледам да биде различно и балансирано во поглед на хранливи состојки. Леќа, грав, ориз, наут, разни видови на грашок се задолжителни на мени, а начинот на подготовка (пропратен зеленчук и зачини) е различен. Заедно со ова оди и салата, дали предходно подготовена или од сабајле, со мелено ленено семе и сусам. Ова одделно го пакувам во кутии за чување храна.
Oваа година решив да постам до Велигден и речиси секој ден носам по нешто за јадење од дома. Во училиште се едно па исто ѓеврек,ѓеврек,ѓеврек.Затоа од дома носам најчесто во помала лупка за јадење. И порано сум носела сендвичи замотени во фолија и овошје.
Секогаш купувам храна за на работа. Се случувало ептен ретко ако нешто понесам од дома и тоа најчесто е пица. Се навикнав да си купувам секогаш не знам зошто, но сакам да почнам од дома да си носам.
Ретко купувам од надвор, од сите горенаведени причини. Пред се' бидејќи сакам поздраво да се исхранувам, такашто најчесто со главното јадење носам и салата. Башка овошје, понекогаш јаткасти, понекогаш некоја друга грицка. Друга причина е да прекршам монотонија, се сеќавам кога еден долг период купував од надвор и храната ми беше сведена на ладен сендвич и некое пециво. И секако третата причина е да заштедам, зошто ако треба да го купувам сето тоа што го приготвувам дома, ќе треба да работам само за храната која ја носам на работа. Пример, да купиш 300 гр. варен ориз, парче мевце/риба и салата ќе те чини најмалку 200 денари. И зошто да дадам 40-60 денари за ладен сендвич кој најчесто содржи ефтина и невкусна салама, 2 листа марула и 2 кришки домат, кога можам да си склопам далеку повкусен и побогат сендвич дома. Или гледам почнуваат некои места да продаваат чиа пудинг и некои мусли варијанти за луди цени од 90-120, а самиот можеш дома да си искомбинираш ем за многу поефтино ем со разновидни намирници за да ти биде и повкусно и понемонотоно. Мислам дека е прашање на навика. Лично, поминувам низ разни периоди и секогаш разни работи носам, башка зависи и од сезона што се нуди и секако расположение, како ќе се инспирирам. Во принцип, наутро сакам да носам или варени јајца (со дополнително други работи) или овес. Некако тоа најмногу ми лежи за прва смена. Еве тука имам споделено како тоа изгледа отприлика. Јајца со авокадо, со сланина, со парче леб, со ајран/кефир/јогурт. По некое овошје. Втора смена или носам дел од ручек со салата/зеленчук или си готвам конкретно за на работа. Најчесто тоа е некој варен зеленчук, варен компир, карфиол, брокула, морков, варен ориз, грашок, пченка... Свежа салата си носам во еден сад, а зачини за салатата во мала тегличка. Искрено, треба да ти влезе само во навика и ќе сфатиш дека е и подобро за тебе од здраствена гледна точка и подобра за твојот паричник. Вложите во квалитетни садови кои нема да процурат или пак користете садови од други намирници (сладолед, кремче, сирење, итн) доколку ви изгледаат добри за прекористување. Користете тегли. Зачувајте ги поготово оние помалите, гарантирам дека ќе ви се најдат за нешто. Во еден сад ставете си "главно" јадење како на пример ориз или компир со мавце, во друг сад ставете си свежа салата, во тегличе ставете си зачини/балсамико, понесете си парче овошје и нешто ситно за благце и тоа е тоа. Единствена маана е што сета храна зафаќа место. Јас лично носам ранец на работа токму од таа причина, бидејќи го полнам со еден куп храна, ама не ми смета. Навика.
Воодушевена сум од твојот пост, човек да посака ќерка како тебе(како ли не сум те приметила до сега) Што се однесува до јадењето, ретко носам од дома спремен сендвич, сецкана салата...но без овошје од дома не излегувам.
Бидејќи одиме само прва, стандарт шема ми е мусли и овесни снегулки со јогурт, парче овошје(најчесто банана) и шише со вода за доручек. Муслите ги носам во чаша со капачка, иста како тие што се готовите мусли на виталиа во чаша по маркетите. И ако имам друго овошје, претходно од дома го спремам и го ставам во иста пластична чаша за после директно конзумирање. Во комбинација со пластичен прибор за една употреба. Ручекот е покомплициран, скоро секогаш имам протеин плус салата затоа што е најбрзо, а кога имам повеќе време може нешто повеќе да се вложи за да се добие добар оброк. Поради тоа не би се осмелила. Не сакам хаос во кутијата, и не јадам во јавност премногу "захтевни" јадења од проста причина во ограниченоста на условите зa средување подоцна. Не јадам без претходно да измијам раце, и не јадам со раце никогаш. Дури и пица јадам со прибор. А антибактериајлниот гел за раце го избегнувам затоа што имам проблеми со ептен сува и осетлива кожа. Значи ручекот би бил проблем за мене. Дефинитивно ми е подобро вака.
Се почесто носам од дома спремено за на работа. Додека се школував или студирав не носев, секогаш купував и секогаш џанк фоод, не ни пецива туку грицки некои, блага, сокови, скроз погрешно Кога почнав со работа во почеток исто почесто купував, најчесто бели пецива, дека постојано сум прва смена ама ми се здосадија. Последнте година две најчесто си носам од дома а купувам мн ретко, ем поздраво е вака ем поразновидно. Бидејќи сум само прва смена изборот е најчесто некое овошје, банана, јаболко, портокали итн, јатки ореви или лешници за со овошјето или пак си правам домашен овошен јогурт одвечер, чија пудинг со разни додатоци, кисело млеко со семиња, солена пченица со ореви, наут итн. Кога има некое домашно лепче,проја, кифлички исто носам комбинирано со сиренце,кашкавал и нешто од зеленчук, тоа најчесто понеделнички ми се фаќа бидејќи во недела игра сукалото
Кога ќе имам повеќе време земам од дома за нашколо, најчесто ако сум порано сабајле разбудена или кога сум попладне практикувам да носам, тост или некаков сендвич најчесто.Порано само од сендвичара купував, ама сега откога почнав со здрава храна, гледам што повеќе да е здраво тоа што го јадам, ама си дозволувам малку и нездраво од тоа што го обожавам, ама не претерувам со конзумирање и притоа вежбам па не дебели кога си активна.