1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Храна од дома за на работа/факултет/школо

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од КикиМаус, 22 март 2018.

?

Носите ли храна од дома?

  1. Да

    81 глас(а)
    44,5%
  2. Не

    25 глас(а)
    13,7%
  3. По некогаш

    76 глас(а)
    41,8%
  1. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    17.716
    Што мислите за носењето храна од дома за на работа, факултет или пак за во школо?
    Преферирате ли носење храна подготвена од дома?
    Што најчесто носите?
    Како и во што ја пакувате храната?
    Од која причина го правите тоа, со цел да заштедите, за поздраво да се храните, да ја разбиете монотонијата која ја нудат пекарите и сендвичарите?


    Се надевам на добри мислења, совети и идеи :)

    Доколку темава е дупла слободно нека оди во канта. Или пак ако е за во подфорум На работа, преместете ја
     
    Последна измена: 22 март 2018
    На mira.mira, theowndemon, Читател и 11 други им се допаѓа ова.
  2. filip4

    filip4 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    3.671
    Пол:
    Машки
    Paa ne sekogash ali po nekogash nosam od doma.
    Isklucivo nosam neshto koga ima sukano,da ne kupuvam bash koga imam po doma.
    Pakovam vo alu folija i teram :) nekako pobrzo i popraktichno mi se cini taka deka e.
    Ne e za toa dali ce zashtedam 30-50 denari,nego onaka da se meni neshto.
    Sepak domashno si e domashno :angel:
     
    На kikkki, cresa-jagoda и КикиМаус им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Јас не носам од причина што не ни јадам во школо. А доколку некогаш работам со подолго работно време, зошто да не?
    Иначе прво што ми текнува е варен зеленчук, потоа може некој ручек што си го подготвил минатиот ден, сендвичи. Сендвичите се најлесна опција, ама верувам дека ќе му се смачи на човек секој ден од сендвичи, ко што ќе му ќе смачи секој ден од најблиската пекара да јаде.
    Исто така може некои житарки/мусли со млеко, или пак смуди.
     
    На Natural91, crimson, SV1911 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.294
    Допаѓања:
    20.772
    Пол:
    Женски
    Зависи од тоа колку време ќе се задржам на факултет. Ако сум од сабајле до вечер си земам сендвич или ориз со малку сирење, а ако сум пократко тогаш земам некое овошје и житарица :)
     
    На Читател и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Додека бев основно се хранев до 7мо одделение. Ама јадењето почнаа да го упропасуваат и се откажав. Почнав 7мо и си купував самата. Во средно си купував сендвичи, а некогаш поминував и без тоа. На работа некогаш купував, а некогаш таму јадев.
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Некогаш носам подготвена храна од дома со цел да направам промена на секојдневното мени што се нуди во пекарите и сендвичарниците.Од економски аспект трошоците за храна дома и на работа се неизбежни. Тој износ што нема да се потроши за готова храна ќе се пренамени за домашна подготвка. Предноста е во квалитетот што го избираме по наша желба.
    Најчесто тоа е соодветна храна која може да се спакува во кујнска фолија или да се стави во соодветен сад. Ваков избор правам во зимскиот период кога температурата дозволува подолга трајност на спакуваната храна.
    Забележувам дека овој начин на исхрана се повеќе се практикува во работна средина каде што има услови и можности од различни причини (здравствени, економски, хигиенски).
     
    На ADOKI и КикиМаус им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Носам понекогаш. Реално, ако избереш добар, квалитетен оброк нема баш да заштедиш нешто во споредба со пекара, ама промена е. Доаѓа преку глава од се едно исто |(
    Би носела секој ден да не сум толкава мрза што буквално не можам да се пробудам на сабајле.
    Салати можеш да си спремаш незачинети однапред, и наутро да ги зачиниш, или уште подобра опција е да си носиш дресинг посебно во шишенце, така салатата ќе ти остане свежа до моментот на јадење. За сендвичи, правам ама уште ми останува да најдам добро лепче, некако две кришки леб не ми ја задоволуваат дефиницијата за убав сендвич, ниту пак имаат некоја способност да те држат сит 5-6 часа.
    Солени мафини, мини сендвичи од кифлички...
    Ретко некогаш да зготвам нешто вистинско или да земам нешто што ми останало од ручекот од претходниот ден.
    А можеби би требала... Ладни свежи паста салати има колку сакаш :D
    Идеи и желба имам, ама пуста мрза и убав кревет :yawn:
    Патем, можеме темата да ја направиме и Фемина Инстаграм на храна за носење :)
     
    Последна измена: 22 март 2018
    На theowndemon, crimson, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Сум носела од дома, најчесто некоја пита, проја, пица... Би носела и во иднина, зошто да не...
    Мусли, житарици, домашни пецива, па и некоја по лајт варијанта за ручек.
     
    На cresa-jagoda, joy1 и kikkki им се допаѓа ова.
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Ретко,скоро никогаш не сум носел од причина што насабајле не гледам црна мачка пред мене не па да спремам храна...А спремено од претходниот ден не ми е вкусно,така да најчесто си купувам.
     
    На Afrodite¥ и КикиМаус им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Носам многу често, ептен ако немам време од вечер или сабајлето пред работа да си спремам. Доручекот секогаш ми е овошје, за тоа лесна работа, а за ручек зависи што имам дома + задолжително салата (само сецкана, па пред јадење додавам балсамико и масло, носам мешавина во посебно шишенце).
    Попрактично, а и поевтино ми е да си носам lunch box од дома. Ем си спремам по вкус како сакам и колку сакам, ем не фаќа толку скапо. Реално ако купувам секој ден зготвена храна, на пример од Шеф, ќе ме чини многу повеќе. За сендвичи и некои такви пецива од пекара - не е скапо, ама па јас избегнувам теста, преферирам зготвено. И заради тоа најчесто од дома си спремам :)
     
    На Espadrila, Bozica1980, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Порано не носев, јадев брза храна. Ама веќе од сендвичи и кифли преку глава ми дојде. И почнав да си носам, ако е прва смена најчесто нешто сукано ако има дома, пита, проја, палачинка. Пакувам во алуминиумска фолија. А за ручек зависно што е тој ден на мени, ако е некоја тава најчесто си ставам во пластика и плус си сецкам салата и си јадам така.
     
    На cresa-jagoda, joy1 и КикиМаус им се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Порано не обрнував толку многу внимание на исхраната на работа, што од немање време, што од мрза, ама за пола година качив 10 кг. па ми дојде паметот. :D

    Сега готвам откако ќе завршам со обврските, секој ден гледам да биде различно и балансирано во поглед на хранливи состојки. Леќа, грав, ориз, наут, разни видови на грашок се задолжителни на мени, а начинот на подготовка (пропратен зеленчук и зачини) е различен. Заедно со ова оди и салата, дали предходно подготовена или од сабајле, со мелено ленено семе и сусам. Ова одделно го пакувам во кутии за чување храна.
     
    На crimson, cresa-jagoda, КикиМаус и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Oваа година решив да постам до Велигден и речиси секој ден носам по нешто за јадење од дома. Во училиште се едно па исто ѓеврек,ѓеврек,ѓеврек.Затоа од дома носам најчесто во помала лупка за јадење. И порано сум носела сендвичи замотени во фолија и овошје.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.948
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Секогаш купувам храна за на работа. Се случувало ептен ретко ако нешто понесам од дома и тоа најчесто е пица.
    Се навикнав да си купувам секогаш не знам зошто, но сакам да почнам од дома да си носам.
     
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Ретко купувам од надвор, од сите горенаведени причини. Пред се' бидејќи сакам поздраво да се исхранувам, такашто најчесто со главното јадење носам и салата. Башка овошје, понекогаш јаткасти, понекогаш некоја друга грицка. Друга причина е да прекршам монотонија, се сеќавам кога еден долг период купував од надвор и храната ми беше сведена на ладен сендвич и некое пециво. И секако третата причина е да заштедам, зошто ако треба да го купувам сето тоа што го приготвувам дома, ќе треба да работам само за храната која ја носам на работа.

    Пример, да купиш 300 гр. варен ориз, парче мевце/риба и салата ќе те чини најмалку 200 денари. И зошто да дадам 40-60 денари за ладен сендвич кој најчесто содржи ефтина и невкусна салама, 2 листа марула и 2 кришки домат, кога можам да си склопам далеку повкусен и побогат сендвич дома. Или гледам почнуваат некои места да продаваат чиа пудинг и некои мусли варијанти за луди цени од 90-120, а самиот можеш дома да си искомбинираш ем за многу поефтино ем со разновидни намирници за да ти биде и повкусно и понемонотоно. Мислам дека е прашање на навика.

    Лично, поминувам низ разни периоди и секогаш разни работи носам, башка зависи и од сезона што се нуди и секако расположение, како ќе се инспирирам. Во принцип, наутро сакам да носам или варени јајца (со дополнително други работи) или овес. Некако тоа најмногу ми лежи за прва смена. Еве тука имам споделено како тоа изгледа отприлика. Јајца со авокадо, со сланина, со парче леб, со ајран/кефир/јогурт. По некое овошје. Втора смена или носам дел од ручек со салата/зеленчук или си готвам конкретно за на работа. Најчесто тоа е некој варен зеленчук, варен компир, карфиол, брокула, морков, варен ориз, грашок, пченка... Свежа салата си носам во еден сад, а зачини за салатата во мала тегличка.

    Искрено, треба да ти влезе само во навика и ќе сфатиш дека е и подобро за тебе од здраствена гледна точка и подобра за твојот паричник. Вложите во квалитетни садови кои нема да процурат или пак користете садови од други намирници (сладолед, кремче, сирење, итн) доколку ви изгледаат добри за прекористување. Користете тегли. Зачувајте ги поготово оние помалите, гарантирам дека ќе ви се најдат за нешто. Во еден сад ставете си "главно" јадење како на пример ориз или компир со мавце, во друг сад ставете си свежа салата, во тегличе ставете си зачини/балсамико, понесете си парче овошје и нешто ситно за благце и тоа е тоа.

    Единствена маана е што сета храна зафаќа место. Јас лично носам ранец на работа токму од таа причина, бидејќи го полнам со еден куп храна, ама не ми смета. Навика.
     
    На Vegegirl, m.i.g, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Воодушевена сум од твојот пост, човек да посака ќерка како тебе(како ли не сум те приметила до сега)(y)

    Што се однесува до јадењето, ретко носам од дома спремен сендвич, сецкана салата...но без овошје од дома не излегувам.
     
    На cresa-jagoda, MissChievous и КикиМаус им се допаѓа ова.
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.471
    Допаѓања:
    17.433
    Пол:
    Женски
    Бидејќи одиме само прва, стандарт шема ми е мусли и овесни снегулки со јогурт, парче овошје(најчесто банана) и шише со вода за доручек. Муслите ги носам во чаша со капачка, иста како тие што се готовите мусли на виталиа во чаша по маркетите. И ако имам друго овошје, претходно од дома го спремам и го ставам во иста пластична чаша за после директно конзумирање. Во комбинација со пластичен прибор за една употреба.

    Ручекот е покомплициран, скоро секогаш имам протеин плус салата затоа што е најбрзо, а кога имам повеќе време може нешто повеќе да се вложи за да се добие добар оброк. Поради тоа не би се осмелила. Не сакам хаос во кутијата, и не јадам во јавност премногу "захтевни" јадења од проста причина во ограниченоста на условите зa средување подоцна. Не јадам без претходно да измијам раце, и не јадам со раце никогаш. Дури и пица јадам со прибор. А антибактериајлниот гел за раце го избегнувам затоа што имам проблеми со ептен сува и осетлива кожа.
    Значи ручекот би бил проблем за мене.

    Дефинитивно ми е подобро вака.
     
    На kikkki, КикиМаус и Jana87 им се допаѓа ова.
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Често носам. Обично тоа е тост, овошје, или јатки. :)
     
  19. Jana87

    Jana87 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2016
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    6.399
    Пол:
    Женски
    Се почесто носам од дома спремено за на работа. Додека се школував или студирав не носев, секогаш купував и секогаш џанк фоод, не ни пецива туку грицки некои, блага, сокови, скроз погрешно :tmi: Кога почнав со работа во почеток исто почесто купував, најчесто бели пецива, дека постојано сум прва смена ама ми се здосадија. Последнте година две најчесто си носам од дома а купувам мн ретко, ем поздраво е вака ем поразновидно. Бидејќи сум само прва смена изборот е најчесто некое овошје, банана, јаболко, портокали итн, јатки ореви или лешници за со овошјето или пак си правам домашен овошен јогурт одвечер, чија пудинг со разни додатоци, кисело млеко со семиња, солена пченица со ореви, наут итн. Кога има некое домашно лепче,проја, кифлички исто носам комбинирано со сиренце,кашкавал и нешто од зеленчук, тоа најчесто понеделнички ми се фаќа бидејќи во недела игра сукалото:D:rofl:
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    12.865
    Пол:
    Женски
    Кога ќе имам повеќе време земам од дома за нашколо, најчесто ако сум порано сабајле разбудена или кога сум попладне практикувам да носам, тост или некаков сендвич најчесто.Порано само од сендвичара купував, ама сега откога почнав со здрава храна, гледам што повеќе да е здраво тоа што го јадам, ама си дозволувам малку и нездраво од тоа што го обожавам, ама не претерувам со конзумирање и притоа вежбам па не дебели кога си активна.