Филип... води човекот кампања само и игра на емоции. Толку. Прави она што некои од ВМРО очекуваа дека ќе направи НГ, уште пред апсењата на “терористите“... кој, ако тогаш направеше што очекуваа од членството, ќе воскреснеше, буквално и ќе имаше возобновена поддршка од сопартијците. цц Ама, намерно или не, не го направи тоа. И добро е така. На тема полтрони и пиуни... Мицковски ми е тоа. Што пак не значи дека ако го стават..нема да се одлепи и да одлепи. Власта им влијае на луѓето. Илија и Милошоски...ми имаат некако најмногу потенцијал да се одлепат и да одлепат дали тоа би било позитивно или негативно, поима немам.
Оливера имаше интересна емисиja вчера, за изборите во вмро и инициjaтивава на битните партиски ликови ко Милошоск, Димовски.. теориjaта е, не е толку проблематично тоа дека Мицковски е човек на Груjo, колку што им е разнишана позициjaта и интересите во партиjaта (ем бизниси), оти се плашат дека ги чека поинакво место во вмро - изолациja, можда и процеси против нив. Не ja догледав ама. Ц
А што ако се докаже спротивното. Кој и да беше сите ќе викаа дека е Грувист, и Милошески, и Попоски , и Илиески , сите тие се беа и ќе бидат дел од вмро така да кој и да беше ќе беше карактеризиран како Груевист
Ne. Covekot vladeese 11 godini, imase i tolku pobedi so red, nikoj nema da go dostigne toa vo idnina kaj nas, pa sea ti vidi. Narodot go sakase.
Темава треба под клуч или да се преименува. Вака нема за што да се разговара. Hовопоставениов, заедно со Влатко Ѓорчев и Вилип Петровски беа лоши предлози. За останатите имиња можев да дискутирам, ама сега џабе е да се каже нешто.
Зашто под клуч? Ти касно палиш! Темава има доволнно искажани мислења за да биде активна, е сега можеш да дадеш предлог за нареден конгрес, па можеби ќе биде прифатен...?
За да ти ја отклучат кога ќе има нов конгрес. Мене не ми треба форумот за да испратам предлог до вмро ако сакам. Ај поздрав.
Мој предлог е админите да го сменат името на темава , тоа да биде ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ- НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ (или нешто слично) за да не отвараме нова тема, дека и без тоа овие 4 страни се поврзани со него и неговиот избор за претсетдател.
Сменет е насловот и може да се продолжи со дискусија за новиот претседател. Тагнете ме за да видам побрзо.
Благодарам @RainBow не ми текна да тагнам . За Мицко не знам луге стварно шо да кажам. Прво ми изгледаше сосем океј, после кога почна наместениот негов избор за претседател си велам кај од толку патриоти овој неутралниот го нашле. Пред некој ден го гледав на емисија, останав без зборови, одамна немав слушнато толку контруктивен политичар (Ставре апашот мислам последен конструктивен политичар беше) , сега гледам вечерва направил некој одбор во партијата безвезален, ко дете некое од улица влегува во школо го прашуваат Со кој сакаш да седиш и тој на тепка одбира Му го видов ЦВ-то , и нигде не видов такво студирање во странство што кажува или негови трудови објавени. Толку се заангажирав што гугл лом го направив ништо нема После кога случнав како збори и врзува реченици не се сомневам дека е учен и читан човек , ладно , трезвено одговарање како прав европски политичар Знам за него кога бев стидент имав слушано од цимерките од машински, дека татко му бил многу строг, страв и трепет на машински а дека он е малку помек. Баш ме интересира ако има некоја членка од машински да каже каков професор бил.
@sjdgo скроз си во право. Село гори баба се чешла работава. Финта му е мислам, намерно ги оставаат сдсм да ја усераат работата скроз за полесно да паднат ( а со политикиве ке паднат скоро). Лоша страна на ‚‚финтиве‘‘ е што леко леко некој двојазичност си спроведе и милјон глупости во еден ден. Ми се допага што е таков ладен. Преку таквото веке од препукувачки муабети, политичари ко јатрви што се караат. Нека ја обедини само партијата , и мислам дека на добар пат е. Само треба побрзо дејствување, нема никаква опозиција ни на локално ни на централно ниво.
Луѓе дај да не го осудуваме однапред човекот иако знаеме дека можеби имаше и други луѓе кои можеа да видат лидери ама ете не се појавија на огласот... Инаку сметам дека после првиот пораз доколку го доживее Мицкоски самите членови ќе побараат оставка а не е и чудно да се врати и Грујо мене се така ми се чини ама ај да видеме се надевам дека Мицкоски ќе победе на наредни парламентарни избори па ќе ме демантира...Инаку чоечето не е компромитирано барем засега немаат некоја црна флека извадено комуњариве за него..