1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Христијан Мицковски - нов претседател на Вмро - Дпмне

Дискусија во 'Политика и настани' започната од ADOKI, 9 декември 2017.

?

Дали се согласувате Никола Груески да остане Претседател на Вмро-Дпмне?

Анкетата е затворена на 29 јули 2018.
  1. Да

    29 глас(а)
    28,7%
  2. Не

    72 глас(а)
    71,3%
  1. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Да видиме на кој стол ќе седне за:
    Народот или Џебот.
    Дали ќе издржи притисоци доколку се спротивстави на моќните сили,затоа што они се тие кои дерегираат за ова парче земја.
    Паметно чоече изгледа најдобро е што сега се појави на сцена,нема некој црни работи во политиката за него,што е оружје на секој политички противник.
    Ќе му извадат дека од марс Грујо го донел,по нарачка го правел.
     
    На Espadrila, kikikikirika, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Тоа ладно, или ноншалантно однесување = поддршка кон овој крајно штетен и ненормален закон. Токму во овие моменти требаше темпераментен карактер на чело на опозиција, да здрма малце ситуација. Тоа е, намерно беше одбран и поставен (довчерашниов анонимец), баш за да нема реакции. Не дека некој друг ќе спречеше, катастрофа се деси и нема назад, ама барем да делуваше позаинтересирано...
     
    Последна измена: 13 јануари 2018
    На hunter26, Lianna Anna, ADOKI и 2 други им се допаѓа ова.
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Од таа темпераментност се случи 27 април. Не е позицијата на ВМРО да го имаат тој луксуз да се темпераментни.

    Сега дури и разбирам зошто е Мицковски избран а не Илија или Филип. Да беше Илија 10 месеци немаше од говорница да стане за законов, Филип може и да го сокршеше собранието.

    Како и да е, МИцковски ама ништо не превзма. Не мора многу, барем да се организираат лугето по штабови , да дејствуваат заедно против законот. Никакви инструкции ништо. Од скоро секоја општина имаше некој од СДСМ пратеник што гласаше ЗА законот за јазици. Да беше ВМРО организирано имаше на тапет да се стават тие луге, по бандери имињата да им ги читавме дека се персона нон грата за својот град, ке фрчење ФБ од објави. Вака ништо!
     
    На hunter26, Rama и ADOKI им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Нема финта. Не смее да реагира. Ако има финта, лошо е. Не ни одговара.
    Не се појавија на огласот, оти е ова наместен избор, договорен меѓу двете партии, а можеби и со трета страна. За да се молчи за деструктивните закони кои се гласаат. Нема здрава опозиција, партијата е на умирање. Немаше гласање. Како може да има, кога имаше само еден кандидат?

    Повеќе мислам дека е или ќе биде, човек на Америка, па ќе си го имаме Заев 2. Оти да не е така, опозицијата ќе беше во Парламент кога се гласаше законот.
     
    На sjdgo, Rama и DAngel им се допаѓа ова.
  5. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Човеков ептен ми е морбиден и крипи8-|:worried: не знам зошто,но од првиот момент ми остави таков впечаток и уште трае еве:D

    А за тоа дека би имал моќ нешто да влијае на збиднувањава овој или Филип да беше или Антонио и Илче,чисто се сомневам.
    Веќе се замина во неповрат,и секој гледа да се спаси само себе си.
    Не дека некогаш било подобро,но..сега е(lalala):puke:
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    184923.jpg

    Некој треба да ги научи господата од ВМРО дека повремено допирање на прстите од двете дланки значи сигурност, самоувереност, ама постојано држење на двете раце во ваква положба значи доминантност, "јас сум над сите вас".

    Кој и да им е body language coach си ја утнал работата. Одбивно и језиво е.
     
    На iloveyou29, ladymici, +++ и 4 други им се допаѓа ова.
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    @Rama баш е најпогоден, дека нема позади него историја.
    Што и да каже сега Антонио за македонскиот јазик од фиока ке му ја извадат изјавата за Блаже Конески, џуџето од Небрегово.

    Филип се океј, ама не му забораваат вмровците дека се оддели еднаш од партијата и јадеше трици против сите од ВМРО.

    За Илија зборови немам, се најнај и како пратеник и се, но ете и него у бомбите го има , плус има многу имот сомнително стекнат.

    Грешка на Мицковски е само што во новиот ИК не ставил некој од овие луѓе. Со Рангелова и Нелоски не се водат избори.
     
    На Espadrila, Rama и ADOKI им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не ни очекував подобро кога го назначија. Во најкритичната седмица, гледате со што се занимава, ги тргнал од ИК тие што не му одговараат и наместил смотаници, да му бидат послушни нему и на Никола на патот кон пропаста. Најперспективните лица во партијата ги турка кон маргините. Најдобра опција би бил нов конгрес што поскоро, али ајде, тоа сега не е толку важно - кога имаш сдс од другата страна, не можеш да се пожалиш дури ниту на ова. И Христијан Мицковски е подобар избор од З.З. Само малку доцна, нели?

    Илија требаше да стане лидер на партијата, па дури и јас со две раце ќе гласав/заокружев на избори. Во друга рака Милошоски. Евентуално ако го избереа Никола Попоски, ама што знам, тој ми е изглумен како појава, сеедно за него. Филип не е за таа функција, има подмукла фаца и делува како непресметлив. Инаку, го слушав после конгресот што имаше да каже, во право беше, да.
     
    Последна измена: 14 јануари 2018
    На kikikikirika, Nigredo Odor, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Оти Мицковски не ја води опозицијата да го бојкотираат сега парламентот да не се изгаса повторно законот за јазици?
     
    На Rama, Nigredo Odor и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Oти заради исто таков протест за кршење на Уставот во собрание, денес 40 луге се во затвор.
     
    На Rama, carangigia и zuto им се допаѓа ова.
  12. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Малку слабо ве држи меморијата или ви одговара да мешате неисти работи.
    Нека боде присутен,нека бараар збор,нека имаат излагања,нека кажуваат свое мислење,реплики,контра реплики.
    Нека го повикаат народот на мирен протест.
    Правете разлика помеѓу човечко и насилно.
     
    На Rama, Someonespecial, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Мислев дека ВМРО посериозно да ја фатат работата после поразот. Очекував по офанзивна реакција, и да почнат со комплетно менување кадри од внатрешноста со оглед на тоа дека една од причините поради кои претрпеа олкав пораз беа лошата структуираност, покрај отфрлувањето на квалитетните кадри.

    Поранешното членство не би дозволило вакво нешто. Овие се продадени души, ламји..
    Отвараат уста за двојазичност, која токму во нивно време започна да се прокламира и одобрува. I have had enough of irony..
    Всушност, ова со Албанскиот е исто како да ja имате следната ситуација.. Дејтате дечко со кој се забавувате неколку месеци, притоа сите знаат за вашата врска, ама на дечкото дури 11 години подоцна му текнува да се уозбили и прати покана за одобрување на врска на фејсбук, со намера истата да стане официјална и легитимна. (facepalm)

    На страна од ова, крајно сум разочарана од нашата инфериорност како народ. Ние сме сите едни обични ништожни бедници кои не успеаа да се изборат за сопствените права во сопствената држава, а сега е веќе доцна. Сешто ни преостанува е удобно да седиме и типкаме гушејќи се во сопствената инфантилност. За вакви политичари само орден. Секоја чест за вожњата.
     
    На Rama, Lianna Anna, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    @galapce и тоа тогаш беше мирен протест но ете во што прерасна. Народот се плаши да делува после ова, тоа беше и целта.

    И шо кога ке држат седници како за Таљат кога на крај пак се гласа противуставно. Значи арно прават што не одат во Собрание според мене, грешката на Мицко е што не го организира членството на заедничка кампања против законот.
     
    На Espadrila, Rama, ADOKI и 2 други им се допаѓа ова.
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    За грешката на Мицковски се сложуваме значи и покрај тоа што сеуште слепо и со половина уста го изразувате незадоволството од него.
    За првото не се согласувам,народот се плаши да,но не од власта туки од подметнатување платени лиѓе за да делуваат насилно и да се кријат меѓу нив.
    Не е лошо и овој факт да си го признаете и да почнеме да се свестуваме сите без да гледаме партии.
    Никогаш не е доцна.
     
    На kikikikirika и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  16. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Како полека минува времето и легнуваат работите, Мицкоски полека ја обликува и добива формата која еден лидер треба да ја има. Штета што во ИК остана добар дел од сметот во партијата и штета што околу него сеуште гледаме стари лица. Ако утре би имало избори една од убедливите причини поради која ДПМНЕ би го добила мојот глас (покрај разбира се, нездравата политика која ја води LSDM) е чистиот образ на Мицкоски.
    На синоќешното гостување на телевизијата на Вицето, Мицкоски одолеа на провокативните новинарски прашања и во манир на вистински политичар ги удостои со одговори и нив и студентите. Покажа и малку харизма, па еден момент дури изнуди црвенило на лицето на Јадранка од Фокус, можеби како резултат на мини оргазамот кој во тој миг истата го доживеа.
    Доколку целите му се високи, му треба уште искуство, надградба и многу помината километража помеѓу народот.
     
    На hunter26, orevokrsacka, kikikikirika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Овој гест наречен „црквена структура“ го прават оние кои се чувствуваат многу сигурни во тоа што се случува и тоа обично се прави во разговор кога некој се чувствува сигурен за темата за која зборува

    [​IMG]

    знај дека знае, или барем мисли дека знае, за што зборува....всушност со овој гест кој патем се учи да се примени за тој што знае да ги толкува гестикулациите покај говорот укажува дека е убедлив и сигурен !

    [​IMG]

    што мислиш кој е овде сигурен, а кои се збунети? :)
     
    Последна измена: 21 февруари 2018
    На carangigia и ADOKI им се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Многу ме изнасмеавте вие погореее :rofl::rofl::rofl: не могу да се соземем :rofl::rofl::rofl:
    Мицковски е арогантен човек , што воопшто нема харизма ниту шарм , нема ни ѕвезда во млечниот пат :rofl::rofl::rofl: можеа друг мн подобар да изберат од овој ,(читај ароганција левел 1000000)
    Што знам Никола Поповски беше многу подобар избор , овој не .
     
    На anaja1 и referentka им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    ВО МОМЕНТОТ КОГА СЕ ЧУВСТВУВА СИГУРЕН. Претерана употреба на гестот, на пример, за време на цел говор, укажува дека говорникот ги понижува оние на кои им зборува.
    Тоа се суптилни говорни знаци. Ги допираш дланките пред да почнеш да одговараш на прашање поставено од соговорникот или во некој многу битен сегмент од говорот, така го "манипулираш" соговорникот или народот на кој му се обраќаш да помисли дека си сигурен во тоа што го зборуваш.
    Држење на дланките за време на целиот говор воопшто не е суптилно, само покажува дека мислиш дека народот е глуп, а ти си попаметен од сите нив заедно.
    Овој гест (steepling на англиски) треба да се користи само како преодна фаза кон нормално движење на рацете.
    Прогуглај малку, има многу за тоа на интернет :)
     
    Последна измена: 22 февруари 2018
    На anaja1, cresa-jagoda, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Почнаа со перење мозок повторно (facepalm)
    Уште им фали и овој царо да го викаат , и као сонувале и на сон им се појавил gospot и тој само им рекол христијан (три пута) и изчезнал , и тој е од gospot пратен да ја спасе макдонја од некој измислени мрачни сили :lol:
     
    На anaja1 и DAngel им се допаѓа ова.