Петко закључи дека било штета што не сум се пријавила или он што не ме пријавил, многу стимулирачки би звучело кога работодавец би го читал СВ-то: тракаташки, јазици-мазици, образование и под точка разно прва придружничка на Хурем на годината. Многу ме припотресе изборов, толку силен впечаток ми остави што иако само 10тина минути гледав неможам да престанам го*на да јадам. Оној Драган стварно стимулира дигестивен систем и све остало.
Драган .... брррр Колку и да е одвратен, колку и да се однесува простачки, едно мора да му се признае - допира до народот. Телевизииве се утепаа кој која серија да ја донесе, а најмногу профит од целава тв турска инвазија оствари Драган. Има сенс човекот, има. На турско кафе со ... му текна, си направи емисија, која бдв според рејтинзите и беше меѓу најгледаните. Тој каков, таков им се пикна во куќите на сите глумци, до сите стигна, со сите се сликна ... и кешираше. Среќни коцки ... епа верувале или не телефонот нон стоп му звони ... и има спонзори едно чудо, меѓу кои и Жан Митрев, т.е Филип II , што многу ме изненади. Народот ќе си добие поклончиња, Драган пак ќе си кешира. Муабетов ми беше, не треба да си “некаков“ за да правиш парички. Треба да си го знаеш народот и што пали кај истиот. Е сега прашањето е дали сме за жалење што постојат типови како Драган? или ... што сме народ кој и еден Драган може да го чита како селски буквар?
Кога првпат ја видов фан страната за Хурем на годината на фејсбук мислев дека е заебанција и дека никој нема да се пријави! Но не беше и многу се пријавија! Се прашувам како девојчињата ќе се појават во јавност во блиска иднина и што добија со тоа што беа Хурем на годината, освен викенди во Струга и (цитирам): „Од Елит Кафе има се` и сешто, плус и еден фен имате, ако ви треба за косите“ И не ми е гајле ако Драган Вучич профитира од емисиите, сите му се катастрофа и е најголем идиот на македонскиве медиуми (а верувајте, конкуренцијата е голема).
Не го гледав изборот, ама уште кога пред некој ден ја слушнавме рекламата, дечко ми вика: Ова гарант на Драган Вучич некоја глупост пак му дошла на памет... И ете ти го Драган за водител. Да не им делеше по некоја канта сирење?
Чиста глупост, што може да се очекува од него ? Девојчиња со цел да се појават на ТВ изгледаат толку смешни што се убедени дека личат на неа, а немаат ниту една сличност. И за што се пријавувале да им даде еден пакет од Ellite кафе ? Имам многу да зборам за него, ама ќе си го задржам мислењето во себе.
Јас мислам дека, пошто девојчињава од тоа што читав се студентки, им се дадени паричиња за да се појават. Или пак одбивам да верувам дека здрава личност би се пријавила за ова чудо? Иначе нит го гледав нит ме интересира, само прочитав по порталиве.
Ги гледав последните пет минутки. Абе, изгледа само јас нема да мрчам. Срамота, не-срамота, јас не би се осмелила на вакво нешто. НО, ако некому му е забавно, интересно...зашто да не? Е што де, исто како на маскенбал. Не добив поинаква импресија. Ако некому му го разубавува денот, го забавува и нема срам, зошто да не си се пријави? А шала на страна, девојчено што победи исто Мејрем. Како таа да седеше таму. Искрено не очекував дека ќе се појави некој кој навистина личи. А Драган Вучиќ? Па не би го напаѓала нешто посебно. Се` додека си има публика и заинтересирани за неговите емисии си прави успешно. А далеку е од најлошиот од таа бранша у нашава ни Македонија. Барем за некои е интересен. Мене воопшто не ми е антипатичен човекот. Нит па го обожавам и ми е идол. Си го бива на свој начин, за публика која сам ја таргетирал. Секоја му чест.
јас само малце фатив...и видов една се пофали Магистер била...ма она гарант ќе докторира на тема „Релација Хурем, Драган, Лоба , Есма, Евровизија и Општина К.Вода“ (ова последново мора, пошто главната Хуремица е градоначалник..... )
Барав, барав нешто да си пуштам некое филмче да погледам на ТВ и имаше што да видам ИЗБОР ХУРЕМ НА ГОДИНАТА Ииии новата македонска Хуремка што го освои првото место добииииииииии МУЗИЧКИ СИСТЕМ Нареден избор што ќе биде ?! Избор на малата невестулка, бандини, касандра.... Спојлер И да не ви биде ИЧ мисла и ние си имаме ХУРЕМКА во Македонија Еве ја нашата
абе ајде ви се молам каков избор??? хурем на годината незнам дали да се смеам или да плацам па зарем немаат подобри идеи за емисии да измислат отколку избор на двојницка од некој си лик од турска серија па и тие сто се пријавиле смесни ми се.....комедии луге комедиии
Ги прочитав сите коментари ... и според критиките ми се чинеше како ЧОВЕК ДА ИМАТ УБИЕНО а не како да бират жена шо личи на ХУРЕМ . Немате потреба толку да се возбудувате .. смирете се .. без возбуда . сите се луге и тие ги читаат сите коментари на нет , никој не би сакал да му биде толку понижуван проектот без разлика колку и да е глупо . Покажете малку толеранција и почит .