Многу одамна беше кога за првпат групно ја лоциравме сељачката жичка на Вуќич, и фора беше да се мајтапиш на негова сметка. Сега, после 10, 15, па може и повеќе години, ако уште се смеам на неговите глупости тогаш јас сум бетер од него... И воопшто да не го гледаш, пак не ти е сеедно пошто знаеш дека постои. Исто со серииве. Не ги гледаш ама знаеш која е Хурем и сличните на неа *жена за сва времена* и нив ги обвинуваш што нема ништо посалам на тв. Значи пак се нервираш...по малку. А очигледно е дека не е толку за критики ниту Драган ниту Хурем колку што сме ние, туку ај...
Леле Болејн, алал да ти е што ти текна да отвориш тема за ова стварно заслужува тема во Насмевка, иако е трагикомично. Оф мори мајко. Вчера чинам ќе пукнев од смеење. Ги даваат во кадар кандидатките и сликата на Хурем, и да имаше игра „Најдете ги сличностите“ ќе беше прогласена за најтешка игра во светот. За Вучиќ... шта речи, све е излишно. Ноу комент... сељачко до коска. Ама ако, сме немале одамна циркус, па ова доаѓа како замена.
Само едно можам да кажам, секоја чест за Волчковски Значи така знае да го заведе народот, просто се прашувам како до сега не стана политичар Мене и не ми толку чудно за Волчковски пошто нели, капацитетот е тој, ама оние бре девојчиња, па уствари и не се девојчиња, туку магарици со по над 20 години, девојки еееееееееејјјјјјјјј па кој те пријави, па како се пријави, па беше ли изненадена, па глј у камерата кај чичкото ...... боже, боже, боже............. Ех, тоа е мојата чудесна земја, Македонија!
Да не заборавите после среќни коцки.паќет сано сокчиња и тон кафе хахахахах јас ја пратм и се смеам со секој бисер на Драганчо безвременски е бе хахахахха.
Драган, ваков, таков, сегде се испрошета, има еден куп познаници, запозна многу познати фаци, си кешира во џебот пари. Оваа Хурем, греота е да ја судиме, девојчето можеби убаво си е, си мислела дека личи на Хурем, се пријавила. (Иако наградата музички систем е премизерна за денешно време). И нејзе може Драган да ја подгура, да ја промовира и да има чар од изборов. А, Драган, сељак, или не знам каков, најубав си е. Ами, народов каков е ? Да не го сакаа, не ќе беше олку гледан, баран и популарен ! Каков народ, такви водители...
За џабе се мачел Гоце Делчев бре ... Само наметнуваат турски серии, незнам уште што ли нема да има ццц Кандидатките немаат никаква допирна точка во ликот на Хурем....ама ете кој ѓавол ги натерал да се пријават ... како не ги било срам кој знае ама ајде штом сакале да ги види Македонија ок е хаха
девојките што зедоа 1 , 2 и 3 место ама таа третата во црно што е ич не личеше на хурем еве ја хурем на годината ама си личат,дури неможев да познаам која која е хаха читајте што напишале А ова се сите учеснички. Како овие девојки планираат да се омажат по ова шоу е непознато за нас http://zase.mk/video-ova-e-pobednichkat ... -godinata/ отворете ја страната ке ги видите сите
луѓе без мозок....ај и Михримах нека ја бирааат еј кај пукнаа со турциве по телевизииве уште сеир си терааат бе нема нешто наше да дадат паметно све гомнарски ствари...им напунија на децава глава со све што не треба....
Добро...дали тоа на видеото гледам дека им подарија чадори Оф, ова е врвот на човечката глупост. Мене стварно ми се слоши. Толку без организација, толку просто, толку ПРИМИТИВНО! На кучето мое да му речев, подобра емисија ќе смислеше! Ова не е за на тв, а не па за на јутјуб (гледа цел свет, алооо ) Џабе не рекле, од глаата си патиме http://www.youtube.com/watch?v=sIe9CRcA ... =endscreen
Поглупаво нешто не можеа да направат. Драган Вучиќ нема ни в од водител, а овие ни х од хурем. Ова не требаше да го именуваат како хурем на годината туку како глупост на годината.
Точно така,потполно се сложувам со тебе.Од кога почнаа турскиве серии се збудалија луѓево а ова е доказ..што ќе е следно се прашувам ?
не бев против избор на хурем на годината но тоа веќе ме изнервира .кога погледнав што се случува не ми се веруваше.ниедна девојка не личеше на хурем бре .а мојава сограѓанка Kатерина за да биде најтрагично на изборов се облекла во краток фустан и убаво и рече жирито,хурем во 21 век .срамота невидена беше
Леле, Драганчо се зеза со жените. Јас незнам па тие со кој памет прифатиле да се појават на вакво нешто. Или им платил многу парички или едноставно некои македонски жени се одлетени во неповрат. Колку и тажно тоа да звучи. Се прашувам од кое место се женчињава, дали имаат основно училиште, како стојат на полето мажечка??? Со закон треба да се забрани постоењето на канал 5. Глупости ни на кило. Видеово сега го видов и иако сум тажна тоа ме насмеа. Ама тие да ти биле на факултет, ех бре. Очајно!
Јас се изгубив по форумот и стигнав тука Кристина Китановска нека стане! Тука Кристина, тука, тука, тука ...дајте им на девојките она што им треба ...публико ве молам да аплаудирате малку Боже тоа во чашата што му е, вода или вотка? Или хлор?
Ајде бе па не е фер, само Хурем да се бира?? Сакам и Шехерезад на годината , и Ѓумуш,Назли,Лејла,Неџла,Џеврие, Хајрие, Караман, Назире и уште 21351564646546 ликови да се бираат Ете сега си се разочарав