Здраво На 2ри мај ќе се оперирам во Ремедика од жолчката. Не се плашам од операцијата туку од анестезијата, ми е страв да не не се разбудам. Има ли некој искуство со Ремедика и целосна анестезија?
Будалче Немај гајле ке се разбодш и се ке биде добро, па затоа се анастезиолозите. Ништо страшно не е. И мене малку пред царскиот ме плашеше анастезијата, ана нема ништо
Ке заспиеш лесно,додека ти прават муабет наеднаш само ке заспиеш. И ке се разбудиш секако кога ке дојде време за тоа.После анестезијата може да ти биде лошо,да повраќаш ама тоа кратко трае
Анестезијата е најмал проблем. Нема ништо да осетиш, одма ќе заспиеш. Јас после анестезија се разбудив наспана како никогаш до тогаш Само совет ако сакаш. Немој да пиеш вода после операцијата. Жедна ќе бидеш многу, ама издржи Многу ќе ти се повраќа инаку. Со среќа и без страв.
Воопшто не е страшно, веднаш ќе заспиеш. И немој потоа вода да пиеш никако, цело време ќе повраќаш ако се напиеш. Со мене едно девојче се оперираше во ист ден, потоа се напи вода и цела ноќ повраќаше. Инаку многу лесно се опоравува од операцијата, посебно ако се оперираш лапароскопски. Јас ни 24 часа не лежев во болница Со среќа.
Еве нешто за целосната анестезија Мое искуство повраќањето нема врска со водата. Јас ненапиена вода почнав да повраќам, цимерката ни после вода не поврати. Мене медицинската сестра ми донесе вода после повраќањето и ми рече да си пијам по малце. Ми студеше коа се свестив. Рамената и вратот не ме болеа. Не можев да зборам туку шепотев, ама за 2-3 саата ми се пушти и гласот. Вртоглавици немав ни по првото станување.
Да... и тимот таму се супер! Пред три год. таму се оперирав со целосна анестезија и немав никакви проблеми. Јас се разбудив малку уморна, но секој организам не е ист! Без гајле и со среќа
со ремедика не ама со систина да, истиот страв го имав и јас, ми се смееја сестрите тогаш..ке се разбудиш како нема, јас после двете анестезии немав никакви проблеми како повракање . мачнини, исто ко да не ни имав примено анестезија
Целосната анестезија сама по себе не е опасна ако се следи протоколот од анестезиологот, ризикот како што велите да не се разбудите е многу мал речиси никаков. При заспивање не е страшно тоа се случува бргу исто како кога нагло ќе ви се приспие, тешкотиите се при будење ама и тоа не е толку страшно се издржува. Анестезијата како и пијанката секој ја поднесува на различен начин.
Мајка ми правеше операција во Ремедика со целосна анестезија и не се пожали воопшто дека и било лошо после будење. Индивидуално е, на кој како.
Не е ништо страшно, одма заспиваш Лично ја кога се разбудив, се чудев кај сум, многу повеќе ми се вртеше отколку што имав мачнини. Немај гајле, се ќе биде во ред.
Два пати сум примила општа анесетезија и тоа за Царски рез. Двта пати со различен анестезиолог и двата пати беше различно. Првиот пат не можев да зборувам. Дури и сама се смеев под маската за кислород заради тоа што тие ме прашуваа како сум а не ме разбираа што им зборувам јас. Втората анестезија пак ми влијаеше на очите. Не можев да го стабилизирам погледот скоро 2 часа откако се освестив. Како пијана, гледав ама ми се превртуваа очите и не знаев што гледам. Сега се смеам на тоа. Инаку јас немав никакви мачнини после освестувањето. Ниту повраќање, ниту болки... Сум слушнала како се гушат после анестезија и сл глупости ама не доживеав ништо од тоа. А заспивањето е веднаш, мирно. Интересно ми беше кога ја родив ќерка ми, анестезиологот ми рече „Добар сон, се гледаме за брзо„ и ми ја стави маската.
Јас имам две искуства со целосна анестезија во Ремедика. Првото беше поради хистероскопија, второто беше киретажата после породување. И јас исто се плашев дека нема да се разбудам, ги пукнав анестезиолозите. Веројатно и трет пат кога би одела, пак би ми било страв, ама тоа само затоа што си правам црни филмови во глава. Затоа и двата пати ми беа многу страшни, ме фаќаше паника пред да ми ја стават анестезијата и дигав притисок. Ама ете, се разбудив и првиот и вториот пат и се беше ок. Еден од анестезиолозите, се презива Крстевски, а не знам како се вика - е срцка жива. Ќе те смири, ќе те охрабри и ќе те убеди дека ќе се разбудиш. А кој и анестезиолог да ти се падне ќе ти го каже истото што и мене - до сега не им се случило да не им се разбуди некој. Ти го разбирам целосно стравот, ама имај го ова на ум. Сите се разбудиле, ќе се разбудиш и ти Едит: Сега гледам дека операцијата ти е денес. Веројатно веќе поминала Пиши ни искуство...
Целосната анестезија е побезбедна за разлика од спиналана, под претпоставка да не сте алергични на некој од анестетиците. Но алкохоличарите и наркоманите се случува потешко да се будат или пак се будат со извесни непријатности (мачнина на пр.) но тие поминуваат.
И јас мислев нема да се разбудам и лекарите нешто не беа позитивни )) но после 4 часа се разбудив , само што неможев да зборувам убаво 2 дена и уште имам кано некоја " моментална асма" губење воздух што знам кано да го објаснам . Се на се не е страшно толку , колку што е во нашите глави.
Pomina se I jas se razbudiv samo si go slusnav imeto pomina se GI otvoriv ocite ne mi se matese ama ne mozev da zboram I me gusese ali kratko po dva saati dobiv macnini I povrativ ali vo globala pomina dobro mnogu vi fala na podrskata pozz Devojki normalno li e sto me boli vratot I zglobovite I uste me boli stomakot do koga e normalno da se ima bolki
Нормално е тоа дека телото било подолго време во иста положба, па си почнала да ги чувствуваш и останатите делови од телото после анестезијата. Знаеш, анестезијата не е само да те успие, туку и да ги блокира центрите за болка. Така да деновиве комплетно ќе престане дејствието на анестезијата и телото ќе почне нормално да чувствува и функционира.
Zdravo kazete mi sto pravam so zglobovite strasno me bolat i vratot me boli kupiv blok maks ne pomaga a nejkam da pijam ketonal oti mi e osetliv zeludnikot imam gastritis i izbegav apcinja i kolku dena e normalno da me boli ranata od operacijata
За два месеци треба да правам операција на гради и нели под целосна анестезија си, а операцијава е покомплицирана и ќе трае неколку часа сигурно. До сега два пати сум била под анестезија, првиот пат не сум ни знаела дека ќе ми стават анестезија, а вториот поминав лесно (минус тахикардиите пред да се успијам, мислам цел живот ми помина пред очи ), после тоа одма се разбудив и телефонот го фатив да се јавувам. Ама тоа беше процедура од 15-20 минути, не беше операција и сега за ова ми се вртат ептен црни сценарија, дека нема да се разбудам, дека ќе се угушам во текот на операцијата, или дека нема да фати убаво анестезијата на време па ќе бидам полусвесна и ќе осеќам болка кога ќе ме сечат а нема да можам да им кажам за тоа... Па си викам до компликации некои да не дојде од операцијата, па после да не ми биде многу лошо, не знам од каде ми е всаден овој страв толкав, ама чим уште од сега вака се осеќам, можам да замислам кога ќе ме внесат во операциона сала, ќе им се онесвестам таму.. Не знам како да се смирам на оваа тема.