Еве го мојот проблем- со дечко ми сме околу 7год.заедно, а се знаеме нешто повеќе од 8год. и некаде после 6 мес. решивме да имаме целосна искреност еден кон др. си го расказавме цело минато, сегашноста и ветивме дека ќе биде така засекогаш,колку и да е тешко сите карти на маса. Имаше проблеми, кавги не е лесно да го преземеш товарот на искреноста и да функционираш вака, ама досега успевавме. Многу ми е болно и одвратно да казам што ми призна скоро, ама ова не успеав да го преџвакам, преголем залак, ме уби во поим, не мозам да се соберам, ми ја цица цела радост и енергија како емотивен вампир прикачен на мене 24/7. Ми се урна цел свет, цела доверба како кула од карти. Имавме раскинато, сега као се обновува некој контакт ама не мозам да се опуштам, како странец ми е, не му верувам, зошто излезе дека ме водел во погрешен правец со год. од типот да ми тврди и зборува најлошо за нешто, а после го бара истото. Сега ме убедува не било така, ама јас немам амнезија, сношти дури одлепив дотолку што му посакав трансплантација на мозок, без оштетувања во делот на краткорочна меморија. Мене мојата искреност ме доведе до степен на емотивен крш. Ме интересираат ваши искуства и размислувања. Целосна искреност да или не?
Баш пред некој ден реков: Сакам да знам се за тебе. Барем додека си бил со мене, сите скриени тајни и мисли и постапки, ама тоа да ми го кажеш последниот ден, кога ќе решиме (ако решиме) да не бидеме веќе заедно. И после си размислував дали би сакал да знам се? Не би сакала. Како што и јас не би сакала се да кажам. Убаво е да се има свој живот, само свој. Мислам дека тоа и не ви бил баш умен потег. Еве јас ќе учам на твојата грешка, го полекувам барањето за искреност. А ти научи нешто, помини преку тоа и продолжете, а тоа сфати го како еден плус и победа над искушенијата.
Немаш поим колку се трудам да преминам, ама овојпат некако не ми оди од рака. Thanks за поддршката и добрата зелба да продолзиме, ама се осеќам не како да ми го скршил срцето туку како прав да ми го направил или оставил толкава празнина таму што не се познава што било кутрото .
Никогаш, ама никогаш не би се согласила на вакво нешто. Секој си има свое минато, свои тајни, свој живот. И некои од тајните сакаме да си ги зачуваме само за себе, засекогаш. Нема јас што некому да се објаснувам како, каде и со кого сум изгубила невиност, или други пикантерии од мојот живот. Ниту сум го познавала тогаш, ниту треба да му биде гајле, едноставно - не е негова работа бре. Бев во таква ситуација каде бев искрена со тогашниот дечко и немаше кавга во која не ми го вадеше тоа на нос. Мојата целосна искреност се сврте против мене, наместо добро, ми донесе само солзи, кавги и лоши искуства. Сега е веќе друго. Со дечко ми си имаме договор - што е во минатото, таму и да си остане. Немам поим со колку девојки спиел, што правел, како правел... ниту тој за мене (со по некој мал исклучок). Дури верувајте, се каам што знам некои мали ситници за него, зашто понекогаш дури и несакајќи ми излетуваат пред него и двајцата се чувствуваме глупаво. Ништо добро нема да излезе никогаш од целосна 100 % искреност во една врска, во тоа сум сигурна. Секој си има право на сопствена интима и на свои тајни.
Не можам,а да не се согласам со Трендафилка. Интимата е една од основните права на луѓето,мислам дека сте погрешиле со дечко ти што сте откриле толку многу работи поврзани со вашето минато,ама сега нема назад. Не знам колку е сериозен проблемот што ти го открил ама немаш друго решение.Мораш некако да го соџвакаш тоа,да го прифатиш и крај...Трансплатација на мозок,немој те молам,тоа се глупости.Треба да размислуваш реално.Ако го сакаш потруди се да заборавиш,ако не можеш потруди се повторно.Никакво друго решение и нема. Секој човек треба да има интима и не верувам дека постои некој што нема некоја мала тајна.Целосната искреност носи проблеми не само во љубовта туку и во пријателството.Не може едноставно да се премине преку некои работи. Во иднина внимавај на ова,немој повторно со вакви грешки.
Не чини целосна искреност! Прво, секој си има све минато и свои интимни моменти кои сака за себе да ги задржи. Второ, минатото може да предизвика големи оштетувања на сегашноста. Трето, целосната искреност доведува до недоволна доверба и сомнителност во парнерот. Иако и јас исто се имав договорено со моето мажуле, си ги кажавме оние најбитните работи од минатото кои треба тој да ги знае и јас што треба да ги знам. Ама ништо не знам подетално. Го прашував, ме интересираше, ама среќа што ми нема кажано, зошто знам дека ќе боли (иако е минато). Е сега, точно дека ме јаде од внатре што не знам се, а ете ќе го минеме животот заедно, ама НЕ ТРЕБА ДА ЗНАМ СЕ ! И тој не треба да знае се. И моментално некои работи не ги знае, т.е јас ги премолчувам, не му ги кажувам, сепак имам право на своја интима.
Не би сакала да знам се до детали..Секој има нешто кое треба да си го зачува само за себе.Никој не е совршен и секој има грешки.Нештата кои едно време ни се чинеле правилни можеби денес гледани од овој аспект не би ги направиле,се во своето време.A и да не биле грешки сметам дека човек никогаш не треба да се изгуби самиот себе, зошто би се претопила со некоја личност, макар и партнер, не сочувајќи ни дел од својата интима за себе.Кај нас постои целосна искреност, но во однос на денес и на сега, знам и за минатото, но онолку колку што мислам дека е доволно. Не го сакам она буричкање по спомени до срж. Овде баш важи она curiosity killed the cat! Затоа не фала.
Се сеќавам на почетокот на мојата 8 годишна врска дечко ми нон стоп сакаше се да знае за моето минато и без перде си раскажуваше за неговото, иако јас не сакав да слушам. Нормално јас му ги кажав тие работи што мислам дека се прифатливи за машката психа, а тоа што не е за кажување си го премолчав, така што мислам дека воопшто нема потреба од целосна искреност. Мене искрено не ме интересира што правел тој пред мене, јас секако ништо нема да можам да променам во врска со тоа, само проблеми и љубомора можат да настанат. Милион пати ме има прашано , со колку сум спиела пред него, мојот одговор беше еден, така ќе остане до крај. Немам намера на секоја караница тоа да ми го избива на нос. Се излажав еднаш да му кажам дека сум била на излегување во друг град со друштво, ви се верува ли 2 години се лутеше за тоа.А можев едноставно мудро да си премолчам.Затоа девојки, целосна искреност , никако,епа сега ако е пишано нешто да излезе на виделина , здравје боже
Во целост се сложувам дека од буричкањето по плакарот на спомени може само трауматично да не преплаши и револтира скелетот што ќе го најдеме. Curiosity killed the cat. Баш. Сепак, имам јас некоја проклето глупава нескротлива потреба ДА ЗНАМ се, убедена дека можам да си ги исконтролирам сопствените емоции..и се тешам со она...Боље спречити него лечити. Поради оваа моја љубопитност неколку пати се имам најдено во шити ситуации преплавена со шити емоции и неосновани размислувања. ЗНае да направи да не си ги цениш сопствените квалитети и во неговите минати постапки и гледишта бараш да најдеш што и зошто му се допаднало. Никаков тип на опсесија околу минатото на партнерот не е препорачливо. Мислам дека мене ми е остаток од претходната врска, во која поминав фер шер на време со речиси шизофреничен будала на кој цртата на љубомора и љубопитност му беше нагласена до неподносливост. Кога ќе ја третираш и кога ќе се обидеш да ја разбереш, неминовно е делумно и да ја вметнеш во својата психа...за жал. Нашето заврши и сега сум на одличен пат со фантастичен човек...а моите прашања и недоречености ги лечам сама. Она што е добро, е што јас сум five minute woman, па знам брзо да се изрегулирам и да се вратам на правиот пат. Не планирам понатаму да се интересирам, не го прашувaма и не ме прашува. Знаете како викаат. Сите имаме три алтер ега. Она што сме, она што мислиме дека сме ..и она што тој мисли дека сме. Да останеме на тоа, сепак е најдобро.
Убаво е некои моменти од животот да му ги кажеш на партнерот, многу лошо е да дознае од некој друг. Не дека си криела нешто, туку така се стекнува доверба, и некој било што да му каже , он ќе биде спремен, нема да се чувствува излажан и понижен. Ама не треба секој детал од минатото да ти го знае. Дечко ми какви глупости има правено додека беше млад, луд и ерген Јас сето тоа го гледам како начин да се изживее, кој нема правено глупости, некој помалку некој повеќе, ама со годините си доаѓа и сериозноста. Категорично се залагам за тоа дека треба да се прават глупости, пред да се влезе во сериозна врска човек треба да има искусено една луда младост, за да може после да се изгради како личност со "улично" искуство, тоа не се учи во школо И категорично се залагам за целосна искреност ама по сопствена проценка Не се на маса , па после нека манипулира со тебе. За Теодора конкретно, долго сте заедно, за 7 години нормално е да се промените, да пораснете, да ги смените ставовите за некои работи. Гледам дека си многу разочарана, навистина се работи за нешто што те погодило, но мислам дека те погодил неговиот однос кон "таа" работа. Сепак сама треба да процениш што да правиш.
Иако некои искуства ми укажуваат на нешто друго, сепак сеуште мислам дека целосно откривање пред партнерот не чини. Не мора цело минато од првото бакнежче на носето па до последниот мувач, one night stand или што и да е, да му го бесите на нос. Зошто? Излишно е а и ќе си имате мирна глава како тој така и вие затоа што не знаете никакви детали од неговото минато. Претпоставувам дека секој од партнерите (доколку немаат помалку од 17) влегува во врската со некакво или пак дури и побогато минато. Не треба да се нагаѓа која е неговата фамозна бројка (нели поделена со 3) ниту пак вашата официјална (нели помножена со 3), ниту какви и да се други работи од кои сигурно нема да ви биде поарно. Она што мозокот не го знае, срцето не го боли Од друга страна пак можеби кога се започнува нова врска не ќе да е на одмет да се знае до некоја минимална граница претходниот љубовен живот на дечкото. Чисто онака, како започнат отворен муабет, да си знаете што мустра си внесувате в куќи. Ако почне да плука на сите девојки и како сите биле пачавришта кои го уништиле - дефинитивно знаете дека нешто не е во ред со тој тип. Или пак ако почне да ви се фали премногу, па колку цури свртел и дека Казанова може вода да му носи, мислам хелоу, ама бил слеп се додека не ги здогледал вашите прекрасни, сини очи небаре пелистерски езерца - пак знаете дека нешто не е на арно. Ова само чисто теоретски нели. Јас сепак не сум љубопитна или и да сум, знам да ја поттиснам во себе љубопитноста и да не се распрашувам како инспектор Клузо - што заради тоа што не е пријатно, што заради тоа што бившите љубовници навистина не ме интересираат. Ме интересира сегашноста во која сум јас. Се знам и јас што жениште сум, а дознаам нешто - мозоков механички ми проработува и почнува да комбинира, а тоа чуство баш и не го сакам. Затоа мое златно правило - не се распрашувај за работи, кои не сакаш самата за себеси да ги откриеш. Ова мама ме научи Епа драга Теодора, иако не разбрав точно што се случило кај тебе, ете ти го моето размислување на темава. Се надевам втор пат истата грешка како целосна искреност нема да ја направиш, проклета да е, многу работи знае да расипе верувај
Јас сум за искреност но не и да немаш ниедна тајна за себе јас знам за неговот минато и тој за мене но не баш се од точка до точка ... секој од нас си има мали тајни кој си ги чуваме само за себе...па и сето тоа било минато нема што да се навраќаме на минатото Значи сум за искренос но не она целосна искренос од точка до точка да не оставиш за себе ни една мала тајна
Девојки, бев на работа а паметот цело време ми беше на форумов. Големо THANKS на сите бевте искрени и советите се ок, на место ама претезно не се разбравме баш! Ама јас немам проблем со минатото ни мое ни негово како што повеќето мислите, јас не сум се изјаснала изгледа доволно јасно. Тоа со минатото го надминавме уште во првата год. имаше понекои турбуленции ама no big deal заврши и се прифати се и таму и остана - во минатото. Мене ме погоди нешто што се случи пред отприлика 2 недели значи скоро и не е поврзано со минати партнери ниту мои, ни негови. А мене ми е полесно што му открив се за себе за партнерите не се каам за тоа, никој утре не мозе да му казе нешто што веќе не знае и сам. А она што се случи беше како за нешто значајно ми зборувал цело време едно, а потоа скоро излезе дека друго имал на памет, значи ме лазел и свесно доведувал во заблуда и ми ја урна во една ноќ довербата градена со години. Нештото е преголемо за да се шутне во некој ќош да фаќа прашина, а под тепих ако го ставам ќе се сопнувам до крај на зивот. Сега ме убедува како да не сум разбрала правилно,како да имам јас амнезија за разговорот, затоа реков дека му треба трансплантација на мозок, без оштетувања во краткорочна меморија, ме нервира што се вади на финта дека не сум го разбрала убаво за нешто што нема двосмислено значење јасно беше ко ден, јас нема да мозам да заборавам се осеќам изиграно, изманипулирано и продолзува да лазе да се извлече од кашата, ама не ќе му заборавам никогаш колку ме повреди. Да, си ја научив лекцијата целосна искреност во иднина no way.
Извини ама мене си ми речиси целосно нејасна.. Нештото е нешто во форма на разговор или нешто што направил а ти рекол дека направил нешто друго? Или нештото е нешто што тебе ти пречи а он ти пикнал некад меќу редови апстрактно дека е небитно, или нештото е нешто што е општо неприфатливо, п а и за вас двајца, па он го направил нештото па не ти кажал или ти кажал ама ти нештото си го сфатила како нешто поинаку, па нештото не го собира под тепих и слично? Пукаме во облаци. На неконкретно прашање-проблем, добиваш алтернативни субјектвни одговор-решенија... Ти препорачувам да конкретизираш а ако неможеш...Пробај со морзеова или sign language пошто јас искрено немам концепт за твојов проблем во глава.
Theodora ако сакаш искрен совет и искрено мислење нема зошто да ни поставуваш логички задачки овде. Вака само збунка стана и сега поим немаме што сакаше да каже писателот .Барем јас..
Сосема е фер и помислив дека мозе да звучи нејасно,се извинувам на сите. Вака тој побара да направи нешто битно во иднина а проблемот е што со год. даваше сосем спротивно мислење и постапка за истото поточно се негативно и најцрно,сега излезе го сакал или посакал. И ме повреди прво, изгубена доверба во него како да му веруваш на некој кој те влечел во погрешен правец цело време, а ти слепо си му верувала и си била сосема искрена? Второ, ова е битно за цела наша понатамошна иднина, т.е. е една од оние ситуации кои ти ја упропастуваат иднината, а како сега да не знаел како ќе се одрази,никако-значи не е мозно да не знаел. Некој ќе помисли барал начин да ми раскине, не е тоа сака да продолзи со мене, јас не верувам дека мозам со него повеќе. Сега уште сака да ја поправи ситуацијата јас сум го разбрала погрешно тоа беше еднонасочна улица ситуација не мозев да одам во др. правец зошто нема др. од тоа гледам способен бил за лаги и манипуации на начин на кој не знаев досега значи го имал нештото во себе и успешно го криел со год. леле некој ќе мисли дека сум глупача како не го провалив порано ама излезе дека бил препреден до срз. Извинете што не напишав што се случи точно во целост уште ми е болно да го прерасказам некому целосно,а не сакам никој да мисли како сакам да го малтретирам со недоречености од некаков си мој каприц. Јас сакам да се тргнам од него,ама год. се во прашање едно, а и јас си набив годинчиња па не ми се запознава со други и се од почеток,да градам нова врска не ќе мозам којзнае колку време друго,трето-а посебно после ова искуство, кому ќе му верувам?!
Па, добро, можеби не е дека цело време те маткал, може едноставно му се сменило мислењето за нештото и во текот на размислувањето бидејќи не бил сигурен не сакал да ти каже.Нормално е да нема исти мислења за иста работа сега и за 10 години.И тебе истото може да ти се случи, па зарем тогаш тој треба да се разочара од тебе? Сепак, можеби не сум во право, бидејќи не знам за што се работи.
Фемина, супер би било да има промени во мислење за нешто и не толку значајно и води кон личен развој на некој од двајцата или е за заеднички успех, не сум јас толку крута да не сакам нешто вакво, ама да промениш мислење за нешто што ти ја загрозува иднината со личноста со која си па после не, не мислев така, ту-ту не вази, погрешно ме разбра?! Уште не сум спремна да казам што точно се случи отворена рана, крвари ли крвари, ај ќе гледам да соберам храброст да појаснам наскоро.
Комплетна искреност нема потреба. Тој е сродната ваша половина, не е ваш дупликат па се да знае. Ако со некој се има сериозна врска јас сум за да се каже минатото, ама не детално . Основата нека ја знае ако го интересира, да не испадне после лажеш ова она, нека знае што треба да знае. Притоа не мора на секој нов дечко да му кажуваш рецитал за љубовното минато, кажав тоа е за посериозни врски. А и во текот на врската се што се случува немора да се кажува. Немора седите со другарки и си кажувате проблеми и оди дома се раскажи на дечкото. Или дома со родителите имате некој проблем и немора дечкото да го знае СЕКОЈ семеен проблем. Не велам да лаже или крие битни тајни од љубовната врска ваша кои вас ве засегаат, туку не треба да се кажува се што притоа не го засега партнерот. Јас сум против комплетна искреност. Некои работи се сепак само за нас. Е сега не знам за во брак, за тоа не коментирам, зашто не знам како би се однесувала и до кој степен би била мојата искреност. Ама пак не верувам дека ќе е 100%.
Има една поговорка -На мажот кажи му две, но скриј едно. Не залудно жениве ја кажале, па и се придружувале до неа со години. Со дечко ми сме искрени , претежно за нас. Но, се што ми се случило во минатото не мора да знае, го знае она што ми се случувало додека сум била со него и тоа зошто сум сакала, исто и тој. Иам периоди кога сме целосно искрени, но тие знаат да болат, па почнуваме да ги избегнуваме. А и која корист од тоа да знае се, освен некогаш во иднина да ни го плесне. Theodora вие сте долг време во врска, па нормално е со тек на годините размислувањата да се менуваат. Дечко ми се смени за ден, еве прост пример сакаше на факултет да оди на историја, се запиша на економски, а претходно плукаше. Што треба сега јас да не му верувам? Но, ти не ни го кажуваш целосно проблемот и ние за тоа нешто можеме да погодуваме. Не можеме да знаеме колку е сериозна работата иако ти велиш така. Ако толку те погодила и не му веруваш, незнаеш дали можеш покрај него, па што бараш со него?