Zdravo pred 2 nedeli mi otkrija cista 3 ipol mi dade meliora vaginaleti mi rekoa po zavrsuvanje na menstruaren cikus da odam pak neznam dali puknala imase krv na hartijata od samite vaginaleti
Здраво сакам да прашам дали ако имаш месечен циклус може да ти прават лапараскопска операција за отстранување на циста на јајникот.Инаку веќе две недели чекам да ми се јават за операција од државна болница а во меѓувреме треба да добијам.Ви благодарам однапред.
Треба да правам лапараскопска операција за отстранување на циста на јајникот на државна клиника.Ги направив сите потребни анализи и ми кажаа ќе ми се јават за операцијата.За колку време ќе ми се јават и колку се чека, по сите направени анализи?Поминаа повеќе од дваесет дена.
Здраво, во декември лапароскопски ми беше отстранета водена циста на левиот јајник од околу 9цм. По помалку од 6 месеци, повторно ми се појави циста на истиот јајник, со големина околу 6цм. Докторот што ми ја вадеше претходната, рече дека и оваа е за вадење. Кога прашав дали може да се проба со терапија, ми препиша Примолут Нор и ми рече да дојдам на контрола по 4-6 месеци. Не сакам повторно хируршки да ја вадам па, дали некоја има слично искуство, толку брзо да се појави пак циста? И дали овие таблети би можеле да помогнат?
И јас сега во август треба да се оперирам исто лапароскопски, за циста од 8цм на лев јајник. Кажи ми како помина на операцијата, што да очекувам?
Самата операција помина добро. Во болница се лежи една ноќ откако ќе ти ја направат. Јас неколку дена после тоа имав болки во абдоменот и малку качував температура, ама ништо страшно. Мене најлоша ми беше болката кај рамењата, било нормална појава по лапароскопија.
Ми доцни 10 дена имам циста ми даде примолут нор да ги пијам 10 дена Нели имаше некое правило од кој ден по циклус се пијат ? Мојата матична е на одмор ,замената незнам колку ја бива
Нема за Примулутот, тоа правило е за контрацептивите. Ако не ги поднесуваш, ако повраќаш од нив, се прекинуваат.
И јас ги пиев примолутот за циста на јајникот од 16 ден на циклус ми рече докторкава ама не ми помогна ништо. Џабе се дуев и труев. Еве ме чека операција за кратко.