Здраво, дали имате информации како се движат цените за лапароскопско отстранување на циста на јајник по приватниве болници и каква е процедурата по државниве болници, колку време се чека и слично?
Здраво форум, значи девојками, ми кажа скоро дека има циста на десен јајник. Нешто што го има веќе неколку години, и ми кажа исто така дека може да се деси во иднина да неможе да има деца (бар не по природен пат). Инаку, веќе еве 3 недели со ред има константно крварење, моментално 22 дена. Гинекологот и има дадено некои таблети, незнам точно кои, али еве два три дена како ги зема, ситуацијата не се менува. Кога и да имаме однос, и чаршав и све е бербат под нас. Малку ми изгледа и бледа, па после малку гуглање, читам дека ваљда редовното губење на крв си го прај своето. Прашањето е, како нејзин партнер, што треба јас да знаам, правам, мислам баш ме загрижува цела ситуација, сакам да кажам, во претходна врска не сум имал ништо слично, така да само сакам да се адаптирам на ова, заради тоа што изгледа дека вака ке биде редовно, а не да ја сакам, ја обожавам буквално
Јас се распрашував пред две години, во приватните се движеше од 80 000 - до 110 000. Веројатно се работи за чоколадна циста нели (ендометрична).
Да оди да ја види добар гинеколог, јас имам ендометриоза ( чоколадна циста) ама не сум имала вакви симптоми. Може треба да пие некои хормонски апчиња за да се стабилизираат јајниците. И мене ми рекоа дете само со ин витро, а природно забременив. Нема правила, секој организам е различен. А и да треба ин витро ништо страшно.
Цисти може да бидат од ПЦОС (полицистични јајници), водени цисти (големи) или ендометриозни. За сите три има различни пристапи за менаџирање на состојбата. Ти како партнер можеш само да ја поддржуваш емотивно, ништо физички не можеш да помогнеш. Јас имам ПЦОС и често имам цисти. Како помлада исто имав долги крварења и добивав хормонски апчиња. Дете имам со ИВФ ама затоа што и партнерот имаше некои проблемчиња. Цистите сами по себе ништо не значат за плодноста. Може и покрај нив да се постигне бременост природно или со мала помош.
Здраво девојки, би ве замолила да ми препорачате добар гинеколог преку фондот и што се разбира од цисти. Моментално знам дека имам чоколадна циста, што е во големина околу 4 cm, но пред брзо време имав напади во долниот дел на абдоменот и мислам дека тоа има големо влијание. Гинекологот што моментално го имам не сум ич задоволна, бидејќи не ми обрнува воопшто внимание. Фала ви многу )
Здраво девојки да ви дадам малку мотивација. Во Јануари ми открија циста на лев јајник со големина од 4 цм. На докторот не му изгледаше добро и одма ми даде упат за тумор маркери ( кои фала богу беа во ред) и хормоните беа супер. Се договоривме 3 месеци да почекаме дали ќе пукне сама без терапија бидејќи му изгледаше бистра содржината. Во Април бев на контрола и цистата не само што не пукнала пораснала на 5 цм и тоа е веќе индикација за операција.. Светот ми се сруши, многу се исплашив и ме праша дали одма да закажеме или да размислам уште малку. Не ми даде никаква терапија. Решив да почекам да помине летото па ако уште стои да закажам операција. За тоа време решив се што има на природна база да пробам. Земав мед со чувар куќа тегличка ипол по два пати на ден месец ипол, земав 10 влошки од трианде, земав 3 кутиии фолиномел пиев по една навечер, земав ајдучка трева чај и мацина трева од битпазар ама пиев само неколку дена по една чаша значи вкупно се на се 1 недела. Крај на Септември закажав контрола и се помирив со фактот дека ќе се оперирам. Одам на преглед и докторот ми вика левиот јајник ти е супер немаш ништо и јас вк шок?? му велам докторе ај видете убаво таму беше цистата... Ви вели немаш ништо нема што да гледам еве види и ти.. и десниот исто беше супер.. На мојата среќа и немаше крај не ми се веруваше дека толкава циста може да пукне.. Сега точно што ми помогна незнам. Со партнерот кога зборевме ми кажа дека при односи еднаш забележал жолтеникава леплива течност на крај а јас не осетив никаква болка тие 4 месеци. Затоа мој совет е ако имате само водена циста пробајте прво на природна база се што можете па потоа закажувајте операција.. Инаку секаде кај што читав до сега сите кажаа дека нема шанси прородно да пукне толкава циста ама ете можее ❤️❤️❤️
Некој со циста во бременост? 3 cm... Од нигде никаде не знам од каде без никакви симпотми... Искуства?
Во 2020 се оперирав во Систина, беше 2000 евра. Сега не знам какви се цените, можеш да се јавиш во контакт центар и да прашаш за цена, кажуваат. Во систина третманот е господски, хигиена на ниво. Сестри влегуваат и те проверуваат на секои половина час. Пред 2 години по втор пат од истото се оперирав во државна, не чинеше многу. Остануваш една ноќ во болница, лапараскопска е операцијата, немаш многу болки после тоа, со целосна анестезија си. Другиот ден те пуштаат, максимално можат да те задржат два дена. Зависно како ќе станеш на нозе, а релативно брзо се станува после операцијата. Двата пати после пробудување после неколку часа сама одев во тоалет. Ако те интересира уште нешто слободно прашај.
Д-р Тофоски ме оперираше, презадоволна сум од него. Ми го препора гинеколог што работи во Систина. Цистата кај мене беше поголема од 4цм ми се чини. Нема да згрешиш со овој доктор.
Zdravo,stoa piete od terapija za cisti na jajnici, jas imam edna, a pred dve i pol god sum i operirana od cista. Isto taka posakauvam i bremenost dali e vozmozno so cista i kolku e preporaclivo sto vi kazale vastite matichni me interesiraat mislenja.