Малку е непристојно да стојат лични податоци….сокриј го барем тоа и можеш со неа да одиш кај гинекологот. Јас се усрамив од навредиве и сликање на целосен резулатат.
Незнам што е непријатно тука,јас барам помош и мислење,а вие како сте си го протолкувале тоа си е ваше.Ако ви е непријатно,што тогаш коментирате,ниту матичен број се гледа,ниту ништо.
Со објавување име и презиме на свекрва ти и при тоа ја нарекуваш припроста. Не можам да не искоментирам на вакво нешто,се претерува со се. Кој е припрост во случајов? Жалосно…
Божеее,баш заради тоа што е припроста и е од село,не разбира што и се случува.Ако незнаеш да помогнеш,не коментирај без потреба
Па помогни и ти, ако за тебе е припроста, биди ти попроширена и однеси ја на гинеколог да ви објасни, пошо очигледно е дека и ти не разбираш што пишува на наодот. Неможеш да се потпираш на мислење на лаици, јас би ти дала совет да ја однесеш на специјалист зошто жената има циста на ехото. Понатаму ќе ти образложи специјалистот што да направите. Секое добро.
Ти џабе си од град… како се изразуваш свака част,покрај тоа што сликаш ехо јајници со лични податоци и бараш тука мислење стручно. Добра ноќ
Здраво на сите! Дали некој може да ми го пише бројот од жената Розе од Сливница со чаевите, потребен ми е итно! Ви благодарам однапред!
Здраво девојки, денес ми открија дермоидна циста на десен јајник од 5 цм докторот ми кажа дека треба да се направи лапароскопија за да се отстрани дали некоја од вас се соочувала со исти проблем и кој доктор од државно го препорачувате за оваа процедура
Здраво девојки може некоја има ист или сличен проблем како мојов па ке сподели мислење Др. ми најде циста на јајник 6,5 цм водена циста и ми вика дека тешко би пукнала и дека е подобро да се вади хируршки или пак да се направи дренажа. Каков бил исходот кај вас и дали е тежок проблем оваа циста?