Мила, за 3см циста не вреди да идеш под нож. Обично чекаат над 6см ако достигне па праќаат на операција. Операцијата ако е лапароскопска е на принцип горење на ткиво, па така освен цистата настрадува и здраво ткиво од јајникот. Бидејќи велиш дека е дијагностичка лапароскопија, да утврдат дали е водена или ендометриозна циста, јас би причекала некое време, доколку немаш болки и слично. Ако е ендометриозна ќе продолжи да расте, ако е водена можеби ќе пукне некогаш. И цистите пак се враќаат, какви и да се. Јас сум оперирана од ендометриозни цисти, за неполна година пак ми се појавија и продолжија да растат, дури и поагресивна стана болеста после лапароскопијата. Претходно ништо немав симптоми, освен подуеност на циклус. Ако се водени цисти, баш за џабе ќе биде операцијата, тие се формираат и пукаат на неколку месеци. Хормонски проблем е. Но со лапароскопија се намалува здраво ткиво на јајници, се намалува резерва на јајце клетки, затоа велам причекај некое време. Идеално е ако планираш бременост во блиска иднина, да ја направиш операцијата пред да почнеш со обидување за да имаш подобри шанси за бременост. А во однос на тоа дали е подобро клиника или приватна болница, мислам дека нема многу разлика, доколку докторот е посветен. Докторите рутински ја прават операцијата, но за жал тие болести се хормонски па тоа е краткорочно решение.
Здраво девојки. Пред 1 месец на преглед докторот ми рече "не ми се допаѓа како изгледа левиот јајник". Ми даде да направам тумор маркери, 5 од нив беа добри, HE4 повишен. Повторно после менструација отидов на преглед и ми рече ова ќе мора што поскоро да се вади затоашто брзо се зголемува. Кога го прашав дали се знае што е, ми рече не би можел да кажам што точно е. Сега чекам да ми закаже за операција. Ваше мислење, да одам на второ мислење пред да закажам или не?
Дали некој има искуство со пукање на циста? Многу ми беше болно и после докторот виде излив и циста како истушена.
Ми најдоа циста на левиот јајник, и бев на две мислења и кажаа дека мора да ја отстранам со операција. Е сега сакам да видам мислење уште кај др. Димитров зошто сите кажуваат дека е добар. Но јас сум многу млада и ме фаќа страв за понатака за бременост. Таа што ми беше гинеколог ми вика, ке ја остраниш, па ќе те ставиме на контрацепција 6 месеци и после тоа одма планирај бременост. А јас немам ни со кој да останам трудна Дали имала некоја вака што отстранила и после тоа забременила, или ќе треба со инвитро понатака? Ме уплаши многу докторката, а да ја чувам во себе е голема и ќе си направам проблем. И уште едно прашање, ако некој правел во плодност, колку е цената? Лапараскопски?
Јас сум два пати правена лапараскопски,еднаш државна и еднаш во Плодност.Има многу фактори за бременост.Не мора да значи дека ќе влијае тоа.Бев малолетна кога ми беше направена првата операција и бев преплашена секако.Слободно пишими во приватен за што и да било,во кое и да било време.
И мене ми открија циста на лев јајник пред 12 год и Моника отстранија заедно со јајникот. После тоа со еден јајник имам две ќерки и тоа ги родив на 37 и 39 год. Не се секирај, ако е другиот функционален мислам дека нема да имаш проблем.
Da li ti pomogna primolut i jas imam cista 9 cm i mene mi predlozia laparaskopija ama se mislam bas zaradi toa sto se povtoruva