исто имам не ми се намалени деновите,јас дури и се чудам колку ми е и редовна и покрај цистиве,иначе јас сум оперирана во 2003год.а што знаци јас ги имам 7 год.со иста димензија како после операција и тоа малку ми е несватливо првиот пат забременав со истите цисти а сега не можам и др.Tаше ми рече повторна операција но јас не се согласувам бидеки пак ке се повторат,со повторната операција да ми се извади едниот јајник ,а др.лазаревски ми рече не треба да се вади а дека и засега не треба ни операција штом не растат цистите,и не знам кој крај да го фатам од двајца добри др.различен одговор добив,а сепак не се мали големи се на левиот се 3 со големина од скоро 5см заедно (на левиот се некако споени)а на десниот се 2 со по големина од по 2.5см
ги прочитав скоро сите мислења за цисти на форумов но не сретнав ништо за мембрански цисти пред 6 месеци ми најдоа циста на лев јајник со секој нов преглед се зголемува за операција не е ми вели докторката а не ми дава никаква терапија правев и тумур маркери нема ништо но веќе ме фаќа паника понекогаш болките се ужасни и неподосливи а јас веќе не знам што да правам ако има некој информација за мембрански цисти нека ми каже позз
Мајками има циста врска неам со е тоа но знам дека има преголеми болки и дека и е мног тешко...Го крие тоа од мене и избегнува да збори на таа тема се лечи ли тоа? Несакам да ја прашам дирекно но многу ми е страв..Ке и биде ли добро??? :'(
Зависи каква е цистата. И јас имам, веќе 6-7 години се борам со нив. Има болки, точно, ама со добар лекар и третман ќе биде ОК. Така да, нема потреба да се плашиш. Позз
i jaс се спасив од цистата луге и мене ми помина,не ми се верува сеуште.два месеци пиев апчиња оргаметрил,ама бев и кај жената во ресен Розе,за која пиша претходно батерфлај87.и сега цистата ја нема како со гума избришана да е.ни болки ни крварења имав.првиот пат кога имав циста отидов на операција,ама овој пат успеав да се спасам од нож.фала му на Бога.се надевам дека нема да се повтори пак,барем не во скоро време.пробувајте мили мои барајте си го чарето и немојте да мислите-а ова нема шанси да помогне,не верувам во она итн.незнаете кај може да ви се крие лекот.
Знам дека имаше многу прашања за симптомите..ама морам.. Прочитав нередовна менструација, акни на грб, ( што ги имам) но што друго? Дали се појавува болка во долниот дел? Мене ми се случува од време на време да ме заболи до тој степен да неможам да одам, ниту пак да стојам исправена..но тоа е само моментна болка обично од неколку секунди до минута- две, па не сум обрнала внимание до сега. Пред неколку години ми отече левиот долен дел од стомакот баш кај јајниците но по неколку месеци ми спласна, па и тоа помина така.. до сега не сум била на гинеколог па ве молам за мислење дали ви звучи нешто од ова познато? да ургирам или да не ја правам на голема работава.. Исто ме интересира дали појавата на цисти е наследна?
Јас пред некој ден отидов на преглед на ехо оти ми каснеше добри 45 дена и ми утврди докторот цисти и тоа 8 на едниот и 6 на другиот јаник ми даде оргаметрил да пијам 5 дена и полсе да престанам и по три дена ке ми дошло , а на тетиот ден од добиеното ми даде упат за лабораториа да ми сипитаат крв во врска со функцијата на хормоните , кога го прасав дали треба операција ми одговори не да не се грижам и дека отккао ке му ги однесам резултатите дека трерапијата ке ми биде од 8 до 12 месеци болки не осекам никави и ми реце дека со оглед дека ми излегуваат бубулици на лицети и грбот кој не се многу дека е несто со хормоните , ме интерсира како на вас ви одеа прегледите и дали прво ви даваа терапија па ве оперираа или одма ви казаа дека е за операција зошто као со напоменав ми рече дека не е за операција но не ми каза дали се водни или не поздрав
simicke,секогас прво терапија со апчиња се дава,колку што знам јас,зошто со гледањето само на вагинално ехо не може да знае докторот одма за какви цисти се работи,потребни се дополнителни испитувања,и треба да се види дали ке има реакција на апчињата или не.ако нема реакција никаква,дури тогаш се размислува за операција,така да сеуште за тебе е рано да се плашиш и размислуваш за операција.можеби се работи за водени цисти,кои не предизвикуваат големи проблеми,како што е случај со ендометријалните(крвавите)цисти.само ме зачуди,си пишала терапија 8 месеци?каква терапија,со апчиња ли?голем период е тоа мене два-три месеца ми беше терапијата и првиот и вториот пат.
А кои се симптоми на циста на јајникот? Во последно време еве веке 2-3 месеца ме боли одвреме на време десниот јајник. Не е јака болката ама е малку чудна. Сношти мислев дека ми дошло,имаше малку крв, ама гледам сабајлево ми прекинало а треба да ми дојде на 22-ри. Прв пат се уклучувам тука, се надевам дека ке ми помогне некој да ми објасни.
Здраво на сите . Јас сум нова на форумов и ми треба мислење од ваши искуства и сл На 14 .10 2010 потврдив на лекар дека сум бремена . Тогаш ми е откриена и циста на левиот јајник . во 10та недела од бременоста плодот изгуби срцева акција и бев на киретажа која ми ја праеше Д-р Димитров во Ре медика од што сум задоволна . за сето време додека бев трудна и после киретажата цистата ги менува димензиите прво 9 на 7 цм па 5,5 на 4,5 цм па 6 на 5 цм па последно 10 на 6 цм . Следниов месец - јануар треба да се оперирам исто кај димитров со тоа што на едните испитувања тумор маркерите ми беа повишени па сега треба да ги повторам . Тој ми рече дека не би било изводливо со лапароскопија туку треба класична операција . Сакав да вепрашам дали некој имал слични искуство и Сета оваа работа него му се гледаше како ендометриоза но не е сигурен дали е тоа тоа па сакав да ве прашам бидејќи прочитав некои мислења за ендометриозата дали дијагнозта „ендометриоза “ беше поставена пред или постоперативно ? Инаку од циста немави сеуште немам никакви симптоми . Никогаш не ми каснела менструација останав трудна од одма попрвиот обид никогаш сум немала ниту спонтани болки ниту при односи . Лани испитував и хормони и тие ми беа ок Фала однапред
Душо пред да одиш на операција пробај да отидеш кај една жена во Ресен Розе... во минатите постови мои го има бројот во моментов неможам да го најдам, ако не успееш пиши ми ЛП ке го побарами ке ти го пратам. Јас имав циста и веќе ја нема и уште на една девојка тања6 која е еднаш оперирана исто се претпоставува дека и помина..... Мене тоа класична операција ми личи на посложено и покомлицирано... види дали ќе можеш да се спасиш. ПОЗДРАВ
Butterfly 87 Го најдов бројот ќе се јавам и ќе и објаснам па ќе видам што ќе ми рече ако лечи само со чаеви се нафаќам на масажи глупости такви не зашто искрено не знам што има зад цистата бидејќи лекарите претпоставуваат ендометриоза ама после може да излезе други глупости . не сакам да сум негативна па некако си се држам здраво за готово за ендометриозата иако таа како дијагноза не е сигурна 100 % . Али секако ќе ја исконтактирам ПОздрав
pepus.....nemoj da brzas za operacija ako nemas nikakvi bolki i stom odma si ostanala bremena,zal mi e sto si go izgubila plodot,pojdi do kaj zenata sto ti pisa butterfly.........jas imam ednometrioza kaj mene se otkri na eho zosto klasicna operacija iako ne se znae tocno sto e,mozebi deka e golema no sepak nemoj da brzas.....i kaj mene tumur markerite bea visoki piev caj od mesavina ajducka treva neven i kopriva,i se namalija.......i mene dr.tase mi rece povtorna operacija klasicna no dr.lazarevski ne go delese istoto mislenje,rece nema potreba od operacija a najmalku klasicna i da se otstrani edniot jajnik...pozdrav i srekno
Пепуш, и јас имав циста, иако не ми влијаеше на бременоста. Кога се породив беше околу 5-6 цм, ако добро се сеќавам, но почна нагло да расте, ми се качија тумор маркерите, и мораше да ме оперираат. Одев на редовни прегледи во Систина, но бев и кај Д-р Димитров во Ре-медика бидејќи ми го препорачаа како еден од најстручните за ова. Тој ми препорача да се оперирам со класична операција, но пак се вратив во Систина - таму некако се чувствував повеќе како дома и ме средија со лапараскопија, иако се изнамачиле, затоа што цистата ми беше со големина на баскет. Инаку ми ја водеа како ендометриом цело време, за при операцијата да сфатат дека на е тоа. Ја пратија на испитување, и излезе дека нема ништо страшно. Кога разговарав со мојот лекар, ми препорача да одам кај еден од следниве тројца: Панчевски во Систина - тој и ме оперираше, и мислам дека е еден од најдобрите оператори кај нас, Тасе од Битола и Димитров во Ре-Медика.
И pepus подобро да ти е нешто друго понестрашно зашто еднометриозата е доста лоша болест која води до стерлност... Бидејќи си забременила без проблем од прв пат.... се надевам е нешто друго не страсно кое ќе помине лесно и брзо... Ви посакувам на сите добро здравје
Butterfly благодарам .Се надевам и јас да не е страшно меѓутоа една од опциите која може да биде што не сакам ни да ја спомнам е многу пострашна од ендометриоза . Поздрав и секое добро и фала многу на советите
Девојки јас сакам да прашам за апчињата деелиа или така нешто 35 ми ги дадоа за цисти , дали здебелуват??
Diane 35 јас додека ги пиев мози 2 кила се здебелив со оглед на тоа што тогаш имав 16 год и не се замарав мн со килажа (за разлика ид сега ), ама ако пазиш нема врска ....другарками исто така ги пиеше и воопшто немаше промена на килажата ама пазеше цело време....ако земеш да ги пиеш прочитај си го и упатството прилично е гоолемо
Незнам за другите контрацептивни апчиња ама девојки од Yaz ( Нова формула на Јасминот, сосема поинакви од сите други 24+4 ) ОСЛАБЕВ 2 кила за еден месец. Цел месец се осеќав подуена и страв ми беше да се качам на вага, ама пошто ги пијам за здравје не се замарав и не пазев на јадење... јадев најнормално и се мерев точно после 32 дена и оп нема 2 килца....