Цисти на јајниците

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Suzeto, 26 декември 2009.

  1. XTinaV

    XTinaV Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Мене докторката ме предупреди да внимавам со вежбањето, најверојатно зашто може цистата да се изврти и да предизвика уште поголема болка, па да мора да се интервенира. Како и да е, најмногу зависи какви вежби, аеробик, трчање би било океј, но јас бидејќи вежбам пилатес а најголем дел од вежбите се концентрирани на тој дел - карличен дел, стомачен... решив да прескокнам некој час :worried: Ич не ми е по кејф, само што си бев фатила ритам, ама ајде... better to be safe than sorry :worried:
     
  2. Mimi85

    Mimi85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Сузе мене ме оперираше Баџаков во Систина, не пијам после операцијата никаква терапија. 6 месеци после операција на последната контрола ми беше се во ред, е сега не знам време пак да одам не сум била 3-4 месеци..Некако не ми се оди, си викам да не одам се нешто ќе ми најдат :)
    Во врска со враќањето на парите од фондот за приватни клиники, шансите се премногу мали..Мене од 74 илјади фондот ми врати 20 илјади денари.. Но проблемот е во тоа што има закон за враќање на пари од лекување во приватни клиники, ама на матичните лекари им е забрането да даваат упати за во приватна клиника.А во документите за повраток на средства се бара упат од матичен за приватна клиника со печат, заверен во книга и датум. Кога се оперирав јас 10 дена пред тоа се воведе овој закон и така го земав упатот, иначе сега мислам дека никој матичен не смее да даде упат за приватна клиника забрането им е од фондот..( за да не враќаат пари уствари)..
    Така да, значи има закон ама само формално..
    Навистина е скапо ама се се наплаќа..Јас сум презадоволна од условите и од третирањето таму. Посветено ти е максимално внимание..
    Друго, за пукање на цистите, зависи колкава е цистата , колкав период ја имаш и од каков тип е. Значи ако цистата не пука подолго време сите пробуваат со терапија да се намали да се испразни, да ја снема.. Тие што се мали водени цисти до 2-3 цм пукаат и не е страшно, но ако е поголема или овие чоколадни ако пукне е покомплицирано од операција.. Голема болка , внатрешно крварење итн. Затоа гинеколозите знаат најдобро, со терапија да се намали цистата па покасно и да пукне да не е болно..Краен случај е хирушка интервенција...
     
  3. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    41.538
    Пол:
    Женски
    lele ama mi e tesko,uste samo eden den do laparaskopija leleeee,i ajs nemam decinja 4 godini se macime,pred 2 ipol god ostanav bremena imav spontan abortus,eve sega nemozam,vo ponedelnik odam na laparaskopija pa so ke bide neznam
     
  4. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    не се плаши мила,поминав и јас низ лапароскопија па еве ме жива,здрава,ке помине и тоа ке видиш,биди храбра и со лесно :*
     
  5. nelka

    nelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    И јас се оперирав пред еден месец во Ремедика од водена циста на левиот јајник.Мојата беше голема 9 цм и ми го извадија и јајникот.Еве сега веќе сум добра се опоравувам од операцијата,ама да ви кажам презадоволна сум од третманот и се друго во Ремедика и голема благодарност до сите вработени.Инаку бев на контрола пред една недела се е во ред и резултатите од биопсијата беа супер.
     
  6. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Имав циста на десниот јајник ми го извадија и јајникот после 6месеци од операција ми се појави циста и на левиот јајник октомври,ноември бев загрижена одев редовно на контроли во декември доктор сапунов предлагаше класична операција и левиот јајник да се вади не се одлучив и не се решив се занемарив уморна бев од одење по тие врати.Четири месеци ми беше добро редовна меструација редовен секс и се трудев што помалку да мислам на цистата.Пред четири,пет дена осетив тапа болка во левата страна при односи поточно пенетрирање имав силни болки левата страна ме кинеше еве и вчера ме болеше на сред секс прекинавме се исплашивме и двајцата ме боли при односи.Се прашувам да не е од цистата а за мензис ми е рано.Незнам што да правам.
     
  7. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    41.538
    Пол:
    Женски
    Kога бев сега у ск пред една недела ме правеа лапараскопија имасе многу зени и тоа млади кои имаат цисти на јајнив=ците и им биле отстранети еднас но сега повторно имаат,но зависи какви с евасите ги има разни со срека на сите поззз
     
    На *sisi* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    41.538
    Пол:
    Женски
    toa e zenski maki mene mi e preku glava da vi kazam veke od lekari i se tie gluposti razocarana sum skros nemam veke nikakva nadez
     
  9. jovanovasonja89

    jovanovasonja89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    луѓе помагајте ;( ;( ;(
    Постојано ми доцни месечниот циклус и редовно одев на прегледи, ми кажаа дека имам циста на левиот јајник (водена) и ќе си пукнела сама. И навистина си пукна сама. Денес повторно истиот проблем со доцнењето на месечниот циклус и некои тапи болки во долниот предел од стомакот/кај левиот јајник и отидов на гиниколог и ми кажаа дека имам полицистични јајници. ;( ;( ;(
    Имам само 21 година и немам раѓано. Сакам да имам бебушка, незнам дали ова некогаш ќе ми прави проблем кога ќе дојде редот за бебенце. Западнав на психички план ;( ;( ;( ;(
     
  10. XTinaV

    XTinaV Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Соња, немој да се секираш, и јас сум во потполно иста ситуација како тебе, како и многу други девојки на наша возраст па и помлади. Јас во животот не сум имала циклус пократок од 35 дена и дури после 2 години одење по гинеколози (не знам дали некој има сменето повеќе од мене) конечно ми дијагностицираа полицистични јајници. И јас имав водена циста на десниот јајник и ми пукна, и имам болки кај јајниците.
    Инаку тоа што јајниците ти се полицистични не значи дека нема да можеш да имаш деца, се зависи од тоа дали имаш овулација (околу 90 посто имаат) а и да немаш, има лекови со кои фоликулите созреваат и тоа по повеќе наеднаш (поголема шанса за близнаци).
    Мене докторот ми препорача терапија со анти бебе пилули Diane35, но прво треба да правам хормонски и крвни анализи, да проверам шеќер итн... Јас сум доста скептична во врска со хормонската терапија, таа само ги маскира симптомите но не го решава проблемот, а има и многу нуспојави... Доста жени имаат успех и со лекови и додатоци на природна база, па јас сакам да се информирам и прво да пробам на овој начин. Побарај на интернет за PCOS ќе најдеш доста корисни информации.
    Знам дека не е лесно, со дијагнозата само што започнува борбата, ама сега барем знам во што е проблемот (јас така си се тешам :) )
     
  11. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    И јас имав циста долга 4см на левиот јајник, но земав едни таблетки, што ми беа препишани, и цистата ја снема... а дали излегува повторно и од што, незнам :worried:
     
  12. ifce

    ifce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Девојки ;( И јас сум преплашена....прочитав за тоа какви се симптомите на појавена циста ( нередовен циклус..акни.. ) и јас ги немам тие симптоми..но посебно ги молам тие што имале искуство со водена циста и што им пукнала..од кај разбрале ..какви се последиците..имале ли некаков истечок ???
    На мене од како ми заврши циклусот веќе недела дена ми тече ( не точно крв ..но како кога треба да ти заврши... не е во големи количини но сепак не ни запира ) ...
    Дали тоа би значело дека можеби сум имала циста и ми пукнала ??? :tmi: Знам дека ќе треба да отидам на гинеколог ..но тоа ќе го направам кога ќе се вратам во Мк...
    Ги молам и тие што имале крвни ( чоколадни ) цисти да ми кажат дали имале таков изтечок???

    Сите мислења ми се добредојдени...и однапред ви благодарам !!!! :*
     
  13. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Ех девојки, девојки! Пред само една недела си бев, здрава, права, срекна... Шо ме натера, ќе правам прв преглед на гинеколог и кога ми најдоа "чоколадни цисти". Арно ама имево ич не е атрактивно, како што изгледа. Од тогаш сум во ШОК!
    Не можам да ајдам, да спијам, само читам на нет, се консултирам со доктори, едне велат вака, други така... Не знам кој пат да го фатам. По-уплашена не сум била никогаш!
     
  14. IvanaIvanchica

    IvanaIvanchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    82
    :) И јас ги имам истите. Не е ништо страшно, ако имаш добар гинеколог и ако одиш редовно на прегледи. Јас одам на секои 6 месеци и ми ги контролираат. Исто така пијам и контрацептивни таблетки поради тоа, па некогаш успеваат да ми се намалат. Во секој случај, најубаво ќе ти биде за се поврзано со цистите да се консултираш со гинеколог, да ти објасни се убаво и така нема да се плашиш. Знам како ти е, и јас исто сум се чувствувала, ама пак ако мислиш цело време на тоа, полошо ќе си направиш. Опушти се малку и радовно на прегледи!
    Позз :)
     
  15. tRiNkErBeLl

    tRiNkErBeLl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    еве еден совет од една другарка за цисти на јајниците, јадете ананас, не знам како точно делува ама наводно после една недела одма имало подобрување секој ден по малку ананас и цистите изчезнувале... се надевам дека ќе ви помогне поздрав
     
  16. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    18.521
    Пол:
    Женски
    Девојки јас за некоја недела треба да одам на гинеколог,ме упатија од кожно да се проверам дали имам цисти на јајниците,затоа што на грбот имам акни,па тоа може да е причината.Е сега сакам да прашам,дали во такви случаеви лекот е со хормонски апчиња само?Зошто ич не би сакала да ги пијам.Имам една другарка со полицистични јајници лицето и е лом,откога ги пие тие хормоснки апчиња и се исчисти,ама многу се здебели и многу влакна и се појавија по лицето
     
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Не мора да значи дека веднаш ке ти препишат хормонска терапија. Од друга страна пак, хормонските таблети не предизвикуваат кај секого исти реакции никогаш. Индивидуално е.
     
  18. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    18.521
    Пол:
    Женски
    Да знам дека не мора да значи,ама јас чисто онака си се распрашувам :) фала ти
     
  19. Irena-2

    Irena-2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Женски слушнав еден лек природен за полицистични јајници.
    1,5 литри вино и 400 гр. рендан рен се остава да стои 24 часа. Се процедува и се става во шише. Се пие секој ден по 200 милилитри по доричек на полн желудник.
    Јас исто имам проблеми со цисти, па планирам да го пробам да видам дали ке ми помогне. Инаку тие што го пробале многу се задоволни, викаат дека цистите одма им пукнале. Поздрав :D
     
  20. Suzeto

    Suzeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    19
    јас го имам пробано но кај мене немаше резултати,пробајте ништо не губите,но да знаете многу е луто за пиење