Исто и мене, јас се жалам на болки не левиот јајник, они запнале слепо црево е..ти им викаш ме боли од лева страна они ти викаат од десна те боли... и плус кога ми го снимаа слепото црево се покажа на снимката дека не е тоа, дека е уредно ама "било малку воспалено" како да не!!! Не давај да те оперираат, пробај си со чајот, еве веќе поминаа 2 години од кога го пиев чајот и фала Богу не ми се појавија пак цисти... Да да боли и отпосле, зошто јас отидов на гинеколог откако го пиев чајот и таа се чудеше како може толкави цисти да исчезнат зосто мене после оперцијата пак ми се повторија, и кога мислев дека нема спас, дека морам пак на операција слушнав за чајот, отидов и го купив, и после тоа откако гинекологот ми кажа дека немам веќе цисти местото ме болеше уште некое време после тоа, можда 2-3 недели. Поздрав
Болката не е неиздржлива тапа болка е но константна. Наб моменти ме жегнува, ама мене ме фати страв слепо црево да не е. Баш недај Боже ако се повтори циста ќе го пробам чајчето Фала <3
Откако имам добиено менструација (од 4-то одделение) ме болат јајниците и започнувам полека да се плашам. Т.е. многу да се плашам... Ме боли првиот и четвртиот ден и потоа веќе немам...Но тоа се големи болки луѓе особено четвртиот ден! Кафетинот не е баш од голема помош. И зборувам на мајка ми но таа како да си спие на тоа уво дека и неа ја болело, и ништо не ми е Имам 16 години но дај кажете каде треба да закажам преглед и како, ако треба тоа сама ќе го сторам?!
Здраво девојки : ) Одамна го посетувам веб порталов но откако ги изначитав сите мислења во врска со темава решив да се регистрирам и да ве прашам неколку прашања. . . Прво се загрижив дека можеби и јас имам некакви цисти поради тоа што добивам менструација некогаш после 20 дена некогаш после 30 од претходната . . . и често при добивање имам болки во јајниците кои со кафетин менструал или кетонал поминуваат...а и кратко ми трае, само 3 дена и тоа малку само.. онака :С мислите ли дека можно е да имам нешто ? А сестра ми пак има прегоооолеми болки секое добивање, се витка и плаче и дури со таблетиве некогаш не и поминува... може ли да добијам ваше мислење? Благодарам
здраво девојки,имам циста џин-5 см на 4 см,ја добив пред 1.5 година после породувањето.пиев хормони за да ми пукне (примолут) но еве ја сеуште си стои.сега почна и да ме боли,тапа до засилена болка кога дигам нешто тешко (на пример синчето ))и поима немам што ќе се случува понатака со мене,најверојатно операција,ќе дознам на 3.08 .ме интересира колку трае закрепнувањето и операцијата,планирам да одам на одмор,кој има искуство нека пише? прочитав некаде во претходните страници за девојка што сака да забремени со субсептум-се е до главата-на мојот сопруг не беше во ред спермата па дадовме еден куп пари по лекарства па после мојот хормонален статус,па снимање на матката-мала,тесна матка со субсептум ,мерење на базална температура секој ден,итн.еден ден ми пукна филмот и парите што ни ги даваа нашите родители за лекарства почнавме да ги трошиме по шопинзи и гезмиња.останав бремена -нормална бременост и сега малото гремлинче трча по дома,напредно здраво право,ФАЛА МУ НА БОГА! поздрав до сите идни мамици ,секогаш кога ќе помислам низ што поминавме ми се насолзуваат очите,опуштете се и правите среќни бебиња!
Вака да ти кажам ич да не се плашиш од големината на цистата. И јас имав една таква огромна циста и тоа 3 години некаде ја имав (уште дете бев што би се рекло) и после тоа сама пукна, и тоа пукна откако ја закажав операцијата (3 дена пред операцијата ми пукна) и една недела некаде бев во болница. А операцијата мислам дека не е ништо страшно (познавам многу што правеле таква операција), но сепак зависи и тоа многу до организмот...Секоја операција си носи ризик, дали мал или голем сепак е ризик, но кога мора, мора.... Иначе ми е многу мило за твоето синче!
Девојки сакам да ве прашам кои се најчестите симптоми за цисти на јајниците? Има ли некои други симптоми освен болки?
dali nekoj znae za bartolieva zlezda od sto se pojavuva i kako mozi da se izleci??? mi se pojavuva mnogu cesto i e mnogu bolno.
ми треба совет ми доцни 12 дена направив 2 теста за бременост и двата беа негативни имам болки во долниот дел на стомакот исто како дека ке добијам дали мозеби станува збор за цисти инако имам бебе 8 месеци незнам сто да правам ми треба совет дали некој имал вакво искуство
Можно е да имаш циста, и мене тоа ми се случи, ми доцнеше повеќе од три недели. Гинекологот ми кажа дека имам циста и кога ќе пукне, ќе добијам. Така и бидна, ама мнооогу крварам (уште имам, добив пред два дена) - и тоа ми го кажа, поради дебелиот слој на ендометриумот. Најверојатно, тоа е поради се' уште нестабилизирниот циклус после породувањето.
Здраво, би сакала да Ве запрашамдали знаете за специјалист кој е прилично упатен во Ендометриозата како област? Пронајдена ми е циста на левиот јајник од типот на чоколадните цисти и препорака ми е дадена да пијам контрацептивни таблети. Би сакала да чујам и второ мислење од доктор.Препорака ве молам, независно дали е Државна Клиника, Ремедика, Систина или некоја друга, Благодарам, поздрав
site specijalisti se upateni no sekoj ke ti dade razlicno mislenje (kako mene)..........mozis da odis sistina,remedika plodnost....jas bev kaj tase i kaj lazarevski i dobiv razlicno mislenje eden da se operiram a drugi da ne se operiram i koj kraj da go fatam so dve razlicni mislenja
сакам да ве прашам казете ми итно на 1ви треба да ми дојде менструација, а мене јајниците ми се многу отецени немозам да ги допрам со прст од што болат, пред тоа имав инфекција али помина јајниците ми останаа така??? има ли некој што знае што ми се дешава??
Може да се појави од некаква инфекција, повреда, хронична упала... Обично се препишуваат антибиотици и кремови со кои се премачкува за да може да пукне и истече таа течност што се насобрала. Во краен случај се боцнува-засекува за да излезе таа течност. Ако се ептен често појавува може и да се извади таа жлезда ама тоа е ептен во краен случај (така имам прочитано). Сепак консултирај се со гинеколог за да ти препише некоја терапија. Брзо се лекува и за 2-3 дена изчезнува.