Едно прашање за вас девојки ми каснеше циклусот 3 недели после 3 неделу добив и тој ден кога добив отидов на гинеколог и ме прегледаја ми кажа дека имам циста од десна страна во големина од 54X65 и ми дадоја упут За скопје и ми рече докторката дека обавезно мора да се прајт ласерска операција бидејќи наеднаш се појавила и многу брзо расте но кога бев Скопје сега пред 2 дена цистата пораснала 69X45mm и ми даде таблети да пијам За 15 дена и после 15 дена пак ќе добијам циклус и пак да одам Скопје меѓутоа тие таблети што ми ги даде се за нередовен циклус а мене само предходниот ми каснеше и ми вика од таблетите ќе ти се исуши ама јас не верувам мислите ли дека со толку голема циста ќе се исуши со таблети за нередовен циклус а јас се плашам бидејќи таа расте поголема и имам ужасни болки ве молам хелппп
На една моја пријателка скоро и најдоа циста на јајниците, 5,5 цм си го направи лекон со рен и бело вино, значи 400 гр корен од рен и 1,5 литро вино, го изренда, го остави да стои преку една ноќ и наредните 7 дена пиеше по 200мл од ова на ден, обично попладне после јадење.. Леков многу лути, особено во таа количина да се испие, ама имам чуено многу дека го пиеле и бил успешен, а беше успешно и кај пријателкава.. Инаку и нејзе и рекоа ако не пукне ке мора да се отстранува ама после следниот циклус отиде и цистата ја немаше.. Јас мислам вреди да се проба!
Здраво девојки, Нова сум на форумот и сакав да ве прашам за мислење. После нова година на нормален гинеколошки преглед докторката забележа чоколадна циста на јајник над 5цм која моментално ми е 70мм на 52мм. Пробав претходно два месеци терапија со апчиња, чаеви, алтернативна медицина и ништо не помага. Препорака од лекарката е операција нормално, побарав и второ мислење во Плодност истото ми го кажаја. Сакам да се правам лапароскопски операција и дали некоја од вас што има вакво искуство може да ми каже како беше после операцијата, дали имавте многу болки, колку време одмаравте и не одевте на работа. Фала однапред
Мојата брачеда имаше циста на јајниците со големина од 3 см па Др.Марија Христовска во Плодност и неа исто и ја увиде при нормален гинеколошки преглед кога беше да прави.....И даде терапија па со неа се намалува ама има огромни болки најверојатно кога пука цистата или не знам како.....
Види понапред од каде што го најде постот. Го имаше запишан бројот негде сигурна сум. Кога ке имам време ќе го побарам и ке ти го напишам повторно
Инаку заборавив да напоменам дека цистата на брачеда ми била водена, па заради тоа во Плодност Др.Марија и дала таблети и веќе вчера ми каша била на преглед и веќе цистата била пукната, значи сосем успешно...Ти посакувам многу среќа....
мене овој мојот матичен гиниколог само ми кажа дека имам циста и ништо повеке...Ни ми кажа дали сама ке се повлече или ке морам со некои лекови , ни дали е опасна ама баш ништо , а јас тогаш малку во шок од други здр. проблеми не го ни прашав...Па сите оние кои знаете нешто дали се опасни цистите ?
Има два вида на цисти и во зависност од големината различно се третираат. Можно е да не кренал гинекологот паника ако цистата е водена, и тие премногу често пукаат сами, можно е да осетиѓ може и не. Сепак збони уште еднаш со гинекологот. Се надевам се ке биде во ред немој да се секираш.
Јас пред 1 година се разбудив со ненормална болка во десниот јајник и мислев дека ми е слепото црево. Бев и по лекари и на крај испадна дека имам циста. Гинекологот ми кажа само дека е водена и дека ќе си пукне сама од себе во текот на менструацијата.. Од тогаш не ни отидов да проверам.. Како и да е мислам дека не се опасни и си пукаат сами со текот на времето
Пред неколку години моја пријателка беше на гнеколог и му кажа дека има полицистични јајници. Кога беше на гинеколог сега брзо тој повторно и напоменал дека има полицистични јајници и дека е можно да имам потешкотии да останам бремена Тогаш се заинтересира за проблемот го смени гинекологот отиде во Плодност и редовно беше под нивни надзор. Сега веќе си е мајка на едно малецо палаво детенце Не треба да се остава секогаш се само од себе да се реши според мене, сепак понекогаш треба да сме повнимателни и да побараме стручна помош
Ја барав оваа тема пред неколку недели и не ја најдов. Ама морам да пишам за да ви се најде во иднина. Јас имам проблем со појавување на цисти(водени) на едниот јајник не се мн големи до кај 3 цм максимум, ама ми влијае многу, и на тежина и на исхрана и на раположение и на успех и редовност на факс, на се. И ми пукаа со 3-4 дена пиење на Примолут Нор. Деновите откако ќе ја испиев потребната доза ми беа пекол, уште толку се подував, секаде одев со тренерки бидејќи ништо не ме собираше, а времето не беше соодветно за да носам суќња. За среќа најдов еден лек се прави од цвеќето чувар на куќата, мед и прополис. Пред 2 месеци имав циста, 2-3 месеци немав добиено и добив после пиење на Примолут нор, потоа пак не добив на време, ама кога поминаа скоро две недели од датумот кога трбаше да го добијам почнав да пијам по една кафена лажичка навечер и наутро од лекот и за една недела, со помалку болки отколку со Примолут нор добив. Еве редовно продолжив да пијам од него и се надевам дека овој месец на време ќе добијам, бидејќи леков не само што „ги чистев“ ги пукал цитите, туку го спречувал и нивното создавање и целосно „ги чистел“ бактериите и инфекциите во урината и уринарните канали.
ве молам,ако мозе некој да ми ги објасни кои се симптомите за заболуванје на јајници,еве извесно време како имам цудни болки ниско во стомакот,инаку отсекогас имам нередовна менструација,имам правено пап тест ги цекам резултатите,и ме фака паника,да не е несто мн сериозно..
Мислам да, моите беа водени, ама штом превенира нивно правње, сигурно е за сите видови. На крајот на краиштата е природен лек, се пие и онака за здравје.
Темава има 74 страни, ги прочитав мислам повеќе од 3 пати. Ми касни веќе 10 дена тоест ми е негде 40ти ден. Отидов на гинеколог мислејќи дека сум трудна отидов цела весела ми констатираше чоколадна циста. Незнам веќе што се не си помислив , од ракови од се и сешто. Ми рече да помине една недела да види случајно да не има бременост пошто вториот тест за бременост ми покажа бледа црта. Тумур маркери се тоа ми звучи страшно, операции. Срцево си го слушам како ми чука цела недела, сите ми зборуваат ја не ги ни следам исклучена сум. Читам дека чоколадните можат да бидат и канцерогени. Паника тешка. Цистат е релатино мала 2 цм. ама јас неможам да функционирам. Секоја чест на некој што ги читам тука за храброста тоест за смиреноста.
Jas sum bremena 11 nedela i imam vrodena cista...odnosno cista koja cel zivot sum ja imala nitu eden doktor ne mi ja videl ama koga ja smeniv maticnata razbrav i za cistata...e sega rabotata e vo toa sto jas vo meguvreme veke ostanav bremena. Mi rekoa da ne se panicam poveke da odmaram ne sum i prv ni posleden slucaj so cista na jajnikot no Dimitrov od Remedika i maticnata me sovetuvaa da se porodma so carski rez pri koj da bide izvadena i cistata vo isto vreme ...znaci dosta komplicirano. Se nadevam deka se ke bide vo red!!!
Вака .. имам циста на десниот јајник е околу 4 цм . Ми препорачаа лапроскопија. Меѓутоа страв од самата интервенција немам , тука дали со самата подготовка или пак самата интервенција можат да увидат дека не сум невина. На докторката и кажав дека сум невина бидејќи неможев тоа да го кажем пред мајка ми .Дали можам да си направам здравтвени проблеми од тоа што не им ја кажав вистината ? Дали може да се забележи ?