Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цисти на јајниците

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Suzeto, 26 декември 2009.

  1. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Јас лично сум многу против контрацептивните таблети. Тие делуваат на механизам спречување на овулација и со тоа исфрлање на јајце клетка. Односно менструацијата на жената станува не редовна или пак си доаѓа редовно но тие циклуси се ановулаторни, т.е нема создавање на јајце клетка. Долгото користење на контрацептивните таблети, како и честото користење на апчињата за ден потоа, може да доведе до навикнување на организмот и постојани ановулаторни циклуси и стерилитет. Исто така тие се и причина за атрофија на ендометриум, цисти, тумори итн. Овие таблети своето дејство го манифестираат врз основа на хормоните, односно намалување на гонадотропната функција, а апчињата кои ти ги дале за да ти дојде исто така имаат дејство врз хормоните, т.е ја зголемуваат гонадотропната функција и стимулираат создавање на овулација, така да во овој период посебно треба да се чуваш од несакана бременост.
    Што се однесува за цистата, важно е за каков вид на циста станува збор и нејзината големина. Можно е да пукне кога ке ти дојде мензисот, но сепак важно е после извесен период повторно да посетиш гинеколог за да види дали сеуште ја има и ако да, дали има промени во големина итн.
    Имам чуено за лек со ленено семе дека помага, односно една лажичка ленено семе, една мед и чаша вода, но чашата да е пластична се прави и се остава, па по наредниот ден се пие (на пример: го правиш во понеделник, во среда го пиеш).
     
  2. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Јас Јасминот ги пиев две години чисто заради контрацепција. И пред да почнам да ги пијам секако бев на гинеколг и ми направија ПАП и ехо и се беше во ред, па после ми ги препишаа. Во двете години дури ги пиев бев на гинеколг 3 пати- и се беше во ред. Последниот пат имав само мало воспаление од преладеност ми рекоја најверојатно.
    Ги прекинав Јасминот заради проблеми со желудникот, а и доста ми беше. Од ко ги прекинав ми дојде еднаш редовно како што требаше, и после то два месеци не ми иди. Имам и уринарна инфекција, и кандида истовремено. Ми рече гинекологот намален имунитет и пренастинатост на цел долен дел. Од сите страни ме боли стомакот и едниот бубрег. Ќе одам и за тоа на ехо.
    Според гинекологот, цистата не е голема и со апчињата кои ми ги препиша (10 дена по 2 на ден) требало да пукни и да ми дојди. Според ова претпоставувам дека цистата е од тие најчестите.
    Ќе се распрашам за лененото семе. Јас знам дека тоа е за констипација ама можеби и за ова е.
    Фала ти.

    Дали е точно дека ако еднаш се појави циста постојано ќе имаш од време на време?
    Дали е поврзано со имунитет? Дали можат да настанат проблеми со плодност во иднина?
     
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    135.822
    Пол:
    Женски
    пробај со мед и лис од чувар куќа... у сооднос 1:1 измешај ги,во тегло, остај ги да стојат 5-6 дена у фриждер замотано во алиминумска фолија, и после пиј наутро на гладно по 1 лажица, ама да е пластична или дрвена, не метална
    провери ли хормони?
     
  4. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Според мене подобро контрацептивно средство од кондомот нема. Инаку контрацептивните таблети се контраиндицирани кај жени со заболувања на црн дроб, бубрези, тромбоемболии и кај жени кои се склони кон дебелеење, а и кај жени пушачи. Се е тоа хемија која прави хормонски дисбаланс. Беспотребно. Инаку не е точно дека ако еднаш ти се појави, нон стоп ќе ти се појавува, се е индивидуално и повеќе фактори играат улога овде. А за лененото семе ти пишав бидејќи тетка ми пиеше и се пофали дека од 7см циста ја намалила на 4см, пробав и јас да пијам, но што знам некако грозно ми беше па баталив.
    П.С цистата нема врска со имунитет, но кандидата да. А што се однесува за плодноста, не игра улога додека е мала. Нема што да се грижиш јас мислам дека ќе пукне кога ќе ти дојде :)
     
  5. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    21.438
    Пол:
    Женски
    За последното, не, не е морално дека ако веќе еднаш си добила циста ќе имаш постојано од време на време(секако ако е од оние водените, безопасните цисти).
    Јас добив пред три години, имав 14 години тогаш.Преголеми болки, повраќање, на ехо се покажа мала водена циста на едниот јајник.Ми кажаа дека со доаѓањето на менструацијата ќе ми пукни и така и беше.
    Фала богу сеа да не се урочам не сум добила воопшто, сум била два пати на проверка и чиста сум.:)
     
  6. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    @Sesil кај можам да најдам лист од куќа чувар? Иначе не, немам проверено хормони. Никој не ми рекол дека треба. Мислиш дека треба да проверам?
    @viki-dete Пред две години ко се решив да користам орална контрацепција, ми се правеше ужасна иритација од кондомите. Со големо печење и болки. И заради тоа решив да пијам орална контрацепција бидејќи не сакав на среќа да имам односи кога не сум спремна да бидам родител. А од како ги прекинав, немам проблем со кондоми засега и тоа и користиме. Ќе прашам за лененото семе обавезно.
    @christinnn Негде тука низ странициве прочитав такво нешто и одма да се испаничи:lol:. Добро е ако не е така баш ми е полесно. А се гледа на ехо каков вид на циста е или...? Оти овај не ми кажа конкретно каква циста е. Прашав дали е сериозно ми рече не е сериозно скоро сите имаат циста порано или подоцна и ми даде апчиња за да ми пукни и да ми дојди менструација.
     
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    135.822
    Пол:
    Женски
    чувар куќа речиси сите имаат по дворовите
    [​IMG] ова е тоа
    треба и хормони... ако не пукни со апчињата ке ти дадат упат и тебе да провериш, ако не ти дади предложи и
     
    Последна измена: 23 септември 2016
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    21.438
    Пол:
    Женски
    Се гледа, зависи должината.Мојата мислам 2цм беше, па ми рекоа безопасна е пукала одма.
    Овие поопасните, чоколадни мислам беа, се по 5/6цм па нагоре колку шо знам.И јас тогаш се скапав проверување, коа ми кажаа циста на 14 години свеста ми се зеде, ама помина и то. :)
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Здраво, во врска со цистите инаку јас цел живот ги имам...може тоа е индивидуално и ти нема да имаш повторно но јас цел живот се борам со каснење на циклус...и со цисти...

    Искрено сум приметила дека ми се појавуваат кога сум под некој притисок или стрес од работа...исто и кога ќе накачам на килажа..
    Не знам дали имаш вишок на килограми или не но кај мене редовниот циклус некогаш се поврзува со килограмите..

    Јас исто имав цисѕа претходниот месец...сега пукнала но ја сеуште немам добиено..утре ќе одам да проверувам хормони не е лошо да си провериш и ти ништо страшно не е..само може да помогне
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    135.822
    Пол:
    Женски
    водените и чоколадните се разликуваат по составот не по големината, и чоколадна може да биде 2цм па да праи проблем
    кои хормони ке ги проверуваш на уште не добиено? дел од хормоните поврзани со оваа проблематика се ,,женските,, хормони и се проверуваат само на 3ти ден од циклус и на 13ти. Ако проверуваш тсх, т4 и т3 тогаш може било кој ден
     
  11. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Ќе правам целосен хормонален статус вклучувајќи ги и тие што ги наведе.. утре ќе правам еден и до сабота ако не добијам ми даде примолут нор па откако ќе добијам ќе правиме уште едно испитување..
    Инаку имав у август циста 3.4 и чекавме да добијам требаше на 5ти сеп но сеуште нема ништо..цистата е намалена на 1.7 см имам фоликули на двата јајници и ми кажа дека чудно му било тоа што ендометриумот бил тенок како по добивање.. не го разбрав само што е поврзаноста со ендометриумот... мислење?
     
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    135.822
    Пол:
    Женски
    во различни фази од циклусот различна е дебелината на ендометриумот, по завршување на периодот е најтенок.
     
  13. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Епа мене ми бил тенок како да сум имала добиено а немав...
     
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Како може да се осети водена циста на јајник без да одам на лекар?
    Еве еднаш имав , со редовен циклус ама на ехо после тоа Др. ми кажа дека сум имла...
     
  15. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    @Lavica2016 Со килажа имам проблем- многу сум слаба! 45 кила имам. Иначе и мене истите тие апчиња ми ги дадоја. Ќе ги испијам па после ќе видам шо е како е, и ќе си направам проверка на хормони.

    А можно е да е поврзано со тироидна? Од одамна сакам да си ја проверам тироидната имам сомнежи дека не ми функционира нормално поради многу други симптоми.
     
  16. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам дали е поврзано со тироидната..до сега јас кога сум правела хормонални испитувања секогаш сум проверувала и тироидна но никогаш немало ништо.. така да можно е валда.

    Ти си слаба ја обично се поправам... испиј ги апчињата и направи си испитувања.. гуд лак
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    135.822
    Пол:
    Женски
    можно е,
     
  18. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Да, логично... Читав сега најголем процент од цистите се појавуваат како резултат на хипотироидизам, а јас на тоа се сомневам времиња.

    Фала ви на сите женски за одговорите и добра ноќ :hug:
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    135.822
    Пол:
    Женски
    малата килажа е симптом на хипертериоза не на хипо, али провери за секој случај
     
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Другите симптоми освен килажата сите ги имам. Подолго време и тоа. Ваљда е можен исклучок за килажата со оглед на тоа дека сум ваква цел живот и генетски ми е. Не сум ослабела пример туку таква сум. Да не си годам од памет, ќе проверам. Фала ти.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.