Нова сум на форумот, го читам подолго време, но сега се зачленив. Веќе цела година имам проблем со циста на јајник, првата беше фоликуларна и со примулот нор се ресорбираше. По два месеца повторно ми се појави но овој пат хеморагична корпус лутеум која достигна 6,6 цм (се чувствував како подуена и како пред добивање). По три циклуса и таа се ресорбираше сама од себе без никакви апчиња. Само еден месец бев раат и во август ми се појави нова за која не се сигурни каква е, единствено велат дека има подебели зидови. Сега ја следам за да се види дали треба вадење или не (најверојатно ќе треба да се вади).Цистата сега е 4 цм, но проблемот е што имам големи болки, ми дадоа антибиотик и аналгетици за болка. Дали имал некој сличен проблем? И уште едно прашање: кој лекар би ги го препорачале за лапароскопска операција во ремедика и систина (државна никако )
Здраво феминки ... Ве читкам подолго време но сега дојде време и јас да пишам.... имам проблем со т.н. чоколадна циста и прашањето ми е дали некој има искуство некакво со ДР. МИЛКА ТРАЈАНОВА, бидејќи од слушање како поминале другарки мои имаат убаво искуство.... ми треба за лапароскопија А МНОГУ МИ Е СТРАВ а досега со цисти сум немала проблем и се обидуваме за бебче веќе подолго време (4 год.) "За се има прв пат во животот" па кај мене еве со цистава
И јас одам кај Милка ради цисти, матичната ме уверуваше дека е добра, од 2та прегледи кај неа до сега, океј ми е жената, објаснува, прегледува доста време, не само да ѕирне колку да каже нешто, можиш да ја прашаш што сакаш ке ти објасни. Колку што читав по форуми има доста задоволни од неа, така да ваљда и кај неа ке ја правам лапароскопијата.
носи си со тебе се што имаш резултати ако имаш, од хормони, брисеви, тумур маркер за цистата ако имаш проверувано, пап за лапароскопија ке ти побара не постар од 6 месеци, него не мораш утре на преглед го носиш
имам само снимки и тум.маркери и некои работи што имам приватно правено, останатото ми е кај претходниот матичен гинеколог кој за жал не е веќе меѓу нас..... и сега ќе носам само тоа што го имам а и планирам се да направам таму бидејќи сум крајно разочарана и револтирана од нашиве лаборатории во Прилеп (ништо не можеш да направиш и да испиташ а и многу не верувам на резултатите).... покрај цистава ќе продолжам и со хромонски и останати испитувања
не мислам приватно јас за спермограм и во лаборатории што имам правено а останатото брисеви, пап тестови сите документи ми се кај претходниот матицен гинеколог и не можам да си ги земам
јас ќе го носам тоа што го имам и ќе и кажам што е и како е но сакам прво цистава да ја суредам ,бидејќи овие 4 месеци откако др. Таше ми ја откри СЛУЧАЈНО цистава мислам дека ми стана хорор животов, кај немам родено кај ми рече дека само 10% ми е здрав јајников и требало дел да се отстрани останатиот дел ..... само тоа е тоа не знам што повеќе да правам.... малку и револтирана сум зашто си тапкам во место со хормонски статус јас колку што имам читано треба да се испитаат 14 хормони но мојата матична ми даде само пролактин, естроген, за тироидната и ништо повеќе кои пак ги испитував секој месец по еден што мислам дека тие испитувања не се веродостојни затоа што некои хормони се испитуваат на 3 ден од менс. некои на 14 а некои на 21 и ништо од сето тоа бидејќи толку ни функционира кај нас во Прилеп здравствово, а сакав да испитам се наедно како што треба но кај нас ги нема реагенсите ... тоа е тоа затоа сега идам за СК и почнувам од почеток
Sesil да те прашам уште нешто... дали си била на преглед додека си имала менс... моментално немам ама ме интересира бидејќи Таше прегледувал и така,, а јас имав една случка таква пред извесно време и ме вратија
Јас ги испив овие апчињата за идење што ми ги дадоја. И ми рекоја по ден, два ќе ми дојди. Четири дена поминаа уште не ми иди. Скоро три месеци се направија. Што да правам, да чекам, да одам пак на гинеколог или...? Не требаше да пукне цистата од апчињата или грешка сум?
treba. I jas go imav istiot problem, od maj do juli mi nemase dojdeno istite apcinja mi gi dadoa za da pukne cistata i pak 5,6 dena ne mi doagase, puknav od odenje na ginekolog pojdi si pak, vidi so ke ti rece