ne nisto ama mojot ginekolog ne bese voopsto zainteresiran me pregleduvase i mi vikase da si cekam uste nekoe vreme, pa ke mi dal drugi apcinja sreka pa mi dojde posle edna nedela
Оди пак на гинеколог, обавезно. Веројатно ќе ти даде да испиташ хормони. Јас пак со Примолут Нор. Пак истиот проблем. Таблеткиве ме прават напната упм, ама ќе истрпам десет дена, па на контрола кога ќе добијам.
И јас тие ги пиев... Десет дена по две. И трет или четврт ден е денес имам болки силни ама не иди и не иди! Ќе почекам уште два дена па ќе одам.... Аман веќе Мене ме тераја на јадење. Таман сум многу слаба 1кило кладов. Барем то арно...
Епа можеби ти доаѓа, а може и од притисокот на цистата да те боли. Ајде, држам среќа да биде се’ во ред.
Пак јас хаха. Ми дојде денес. Боли корни! Прашањето ми е, дали идењето по дифолт значи дека пукнала цистата или не мора да значи?
Баш сакав да ти пишам вчера и заборавив, треба да очекуваш болна и обилна менструација, и повеќе денови може да биде болно до онесвестување, па земај си таблети навреме без да чекаш да почне да те боли. Повеќе течности и лежи, да не те плашам ама може премногу да крвариш. Не сум сигурна зашто не сум имала проблем со доцнење. Кај мене менструацијата не значеше пукната циста, навреме ми доаѓаше а цистата си стоела. После еден месец беше пукната, потоа нова циста. Во секој случај, ќе треба да одиш на преглед за да види. Не ти кажа кога да одиш?
Не знам шо да пијам.. Стално имав лесни циклуси. Се напив аналгин сега. Ми рече кога ќе ми заврши по два дена да одам на проверка и на ПАП тест оти сум немала од минатата година направено. Гинекологот ми рече демек дека кога ќе ми дојди ќе пукни, ама ете гледаш... Не мора да значи. Ќе треба значи сепак да си испитам хормони... Ти си имаш испитано?
Земи спазмекс. Одма ќе те преболи. Јас имам болна менструација, плачам од болки секој месец и ми дадоа спазмекс. Одма ми поминуваат.
Немам, ми рече ако не се среди овој пат ќе одиме со хормонски испитувања, но претпоставува дека ќе биде во ред. Штом ти кажал така значи очекува да пукне, од случај до случај и од циста до циста е различно.
Имам цисти чоколадни, и минимално покачени тумур маркери, Гинекологот ми даде јаз, и ме советува за операција. Јас се плашам еве пијам чај од невен кантарион и ајдуска трева, со надеж дека ке можам да ја избегнам.Некој со истата мака, за совет?
ај да не те плашам, ама година и пол се маткав по доктори, и пробав секакви терапии, и не поминаа... така да сега ке правам лапароскопија... пробај некој период (3 месеци) ако баш нема никакво подобрување направи.
Сандра како е? Беше на преглед? Се повлече цистата? Те пратија да испиташ хормони? Ко да прочитав нешто такво од тебе пред некој ден, ама не сум сигурна... Колку прашања ти поставив. Јас утре, втор ден од менс, треба да одам на преглед. Денес прв ден, со повраќање и грчеви цел ден. Само да е повлечена, веќе ми се смачи.
Хелоу. Да бев на преглед два дена по завршувањето на циклусот и цистата пукна ама сега наводно едниот јајник ми е полицистичен. Бев на испитување на хормоните и испадна дека имам еден од хормоните повисок од што треба па утре ќе одам пак на гинеколог со резултатите, да видам дали треба да одам на ендокринолог или нешто. Иначе знам дека е преболно. Јас плачев од болка и апчиња не ми помогнаа.... Ако те боли ваљда значи пукнала. Ексик Ајде со помин па ќе кажеш што ти рекоја...
И јас го имав истиот проблем, но кај мене немаше покачени тумор маркери, исто правев како тебе и јас зедов чај од невен, ајдучка трева и (коприва а не кантарион), земав капки фемисан А, ставав облоги со рицинусово масло, но од сето тоа ништо на крај средив се со лапароскопија и сега си сум како нова . И јас бев прееееееплашена и по обичај си сум плачка па до операцијата си плачев, ама да знаеш дека ништо не е страшно подобро е што побрзо да го решиш тој проблем бидејќи можат да ти настанат компликации Поздрав4е ..... stay calm
I jas imav cisti na dvata jajnika i mi preporaca da pijam jasmin ama eden ginekolog mi rece da ne pijam nisto i na forumov procitav za caj od ajducka treva i piev 2nedeli sekoj den i sega koga pojdov nemase nisto dali od cajot neznam poso nisto drugo ne pie
и јас си плачам секој ден зошто на мене ова ми се случува, инаку од операции имам ужасен страв,каде ја направи ти? кај кој доктор? и колку време одкако ти ги открија?