Na GAK I toa pred nekoj den. Uste ne mi se izvadeni ni koncite. Kaj Milka Trajanova. Zadovolna sum. I od doktorkata I od bolnicata. Cisto e, redovno vleguvaat sestri I bolnicari. Ne e strasno, da te ohrabram. Utredenta posle operacija si odis. Ne e klasicna operacija. 3 mail dupcinja se. Da me vidis nema da veruvas deka sum imala nekakov zafat. Za tvoe dobro ne raskazuvaj mnogu po lugje, ne radi sueverie nego radi tvoj mir. Nema koj da ti trubi kako pominal nekogas za nesto, nema posle poseti, nema prasanja kako bilo, so bilo. Raat si, ne ti e opteretena psihata. Ako imas nekoe prasanje pisi, ke odgvoram.
Здраво Пред некој ден ми открија циста на лев јајник и веднаш ме советуваа да правам лапаро-хистеро, дали некоја од вас има слично искуство и што се треба да се испита пред операција? Иначе се спремавме за ивф ама искочи цистава....
Tumor markerite ne mi bea pokaceni. Pap ne postar od 6 meseci trebase. Mikrobioloski brisevi I uverenie za krvna grupa.
mari4e.19oo Јас ја открив кај Др. Таше, но и јас како тебе бев прееееплашена, па решив да ја следам неколку месеци (3 мес.) и да пробам со алтернативна медицина (како, ајдучка трева со една лажица јаболкова киселина 2 недели, потоа ајдучка трева со комбинација со невен и коприва, па капки фемисан А, па облоги со рицинусово масло) и ништо од сето тоа не ми помогна само по 1 цм си се намалуваше и си се зголемуваше, па на крај слушнав многу позитивни искуства за др. Трајанова и кај незе закажав по 1 месец, а кога ме виде по една недела ми ја закажа операцијата
Некој да ми каже искуство со чоколадна циста ? Една ја имам околу 10мм е докторот ми рече да одам после менструација да види дали е пукната ако не е тогаш че ми рекол што понатаму. Внука сум му можеби не сака да ме плаши а мене ми е страв. Некој да ми каже што може да биде ?
Dokolu navistina e cokoladna nema da pukne pri ciklus i mislam deka se resava ili so hormonski apcinja ili so operacija. Bidejki tvojata e mn.mala pretpostavuvavm deka doktorot saka da ja sledi nekoe vreme za da vidi tocno kakva.
Здраво Имам проблем со нередовна менструација, бев кај двајца гинеколози за да направам ехо и двајцата ми рекоа дека се е во ред со јајниците, нема цисти. Испитував хормони и на тие резултати покажува синдром на полицистични јајници. Односот на хормоните LH и FSH е поголем од 3. Дали некоја од вас го имала овој или сличен проблем?
Јас имам едно прашање, може ќе звучи глупаво но дали на крвна слика се препознава некој проблем со јајниците или директно на гинеколог?
На гинеколог. Општа крвна слика ништо не покажува. За хормони, пак треба некој да ти даде упат за испитување, а тој некој е гинекологот. Сакаш нејќеш, мораш да одиш.
Здраво девојки , Бев неодамна на гинеколог и ми открија 3 чоколадни цисти и ми препорачаа да пијам хормони YAZZ за истите да не ми растат поголеми. Дали некој/а од вас има искуство со хормони и дали може да ми ги кажете негативните страни/нус појави и цената која им е од прилика?
Нус појавите зависи од твојот организам како реагира, не можеш пред време да знаеш. Над 500ден им е цената по пакување.
Гинекологот веројатно не ти препорачал, туку ти препишал хормони, а тука има разлика. Ако се двоумиш побарај второ мислење. Само да знаеш дека за чоколадни цисти веројатно и другиот ќе ти препише хормонска терапија. Со овие конкретните хормони немам искуство, се надевам ќе се најде друг да каже. Ама кој и да каже, треба на гинекологот да му веруваш.
Мене ми открија чоколадна циста во август 2016, но не ми препорачаа хормони туку директно вадење. Ја следеа месец, два и во октомври ја извадив со лапароскопија. Најдобро побарај и второ мислење кај некој подобар гинеколог. Колку што знам јас, може со таблетите ќе се спречи понатамошно растење, ама нема да исчезнат и во крајна линија ќе мора да се извадат со операција.
Земи ги Јаз, ако се поскапи. Не се на позитивна листа, затоа. Немој Диане, за Јасмин не знам ама... многу лошо искуство со Диане. А долги години ги пиев.
Здраво бев и на второ мислење, ми рекоа дека и лапароскопијата не гарантира дека нема одново да се појават цистите.Затоа одлучив да почнам со хормониве, па ако не бидува со нив ќе направам оперативен зафат. Само се интересирав дали болките при менструација навистина ќе ми се намалат, дали нема да ми биде толку болен сексуалниот живот и дали ( знам дека е банално прашањево ) има можност од зголемена тежина поради внес на хормоните ?
Јас ги немам пиено и незнам. Дури и после операцијата не ми дадоа бидејќи сум заинтересирана за бременост. Јас имав болки постојано и апстинирав буквално од се, дури и на работа не функционирав, не можев да седам свиткана.Затоа и ја извадив одма. Точно дека нема гаранција дека повторно нема да се појави, ендометриозата може да се врати. Е сега тоа зависи од организмот,како и дали убаво е исчистено.Може да пробаш прво со апчиња, па после да видиш за операција.