Искрено тоа и ми беше планот....да видам дали ќе успеам со апчињата....па ако пукнат така на тој начин , можам после и семејство да планирам...којзнае
Дали ќе може некоја да сподели искуство за тоа колку време се чека на ГАК за лапароскопија? Бев на преглед кај д-р Алулоски на 09 јануари, ми дадоа болнички упат за LPSC ме запиша сестрата во една тетратка и ми рече ќе ми се јавеле кога ќе дојдам на ред, ама никој не знае кога е тоа...Инаку имам водна циста со димензии 5,5x7,5 цм која постојано расте и со хормонска терапија не пука. Немам некои значителни болки ама ми е страв поради големината на цистава и незнам дали уште да чекам на ГАК или да одам на приватно...
Mene mi bese receno jas da se javam koa ke dobijam I da otidam od koa ke mi zavrsi. Mikroginon piev i edna nedela od koa mi zavrsi me napravija operacija. Se na se od pregled do operacija mesec I pol
А колку време ја имаш и дали сигурно е водена? Јас правев лапароскопија за чоколадна во Систина меѓутоа пред да ми се појави таа скоро цела година имав најпрвин водена, па корпус лутеум која исто така порасна 7 цм и ми правеше големи проблеми. Во Ремедика ми рекоа дека треба да се вади со операција (корпус лутеум), а во Систина дека тие два типа на цисти (водена и корпус лутеум) сами се ресорбираат. Кај мене корпус лутеум цистата се појави во април, а тек во јули ми ја снема, значи скоро 4 месеци ја имав. Препорака моја ти е да побараш и второ мислење.
Дечки, ај ве молам за совет.. Бев на преглед пред 1 недела, ми кажаа дека имам водена циста на десниот јајник. Никогаш претходно досега сум немала цисти, затоа и не сум баш упатена во ова. Докторката ми кажа дека ќе почекаме сама да пукне. Па ајде ќе видиме. Него, почнав од синоќа да ставам вагиналети, треба 3 дена по ред да ставам. Дали е нормално да се има неков секрет додека трае ова со ставањето вагиналети? И дали смее да се има односи во меѓувреме и ако не дали смее веднаш штом заврши таканаречената терапија?
Женски има ли некоја што и е отстранет едниот јајник ради многу цисти и каде е правена интервенцијата?
Па незнам точно колку време ја имам, ја откривме во септември, случајно, на ехо за желудник, бидејќи немав никакви болки, имав редовна менструација и се друго нормално. Матичниот гин ми рече дека е водена и ми даде терапија Примолут Нор за да пукне и капки Фемисан А, ама цистата не пукна туку само си растеше. Ми даде упат за на ГАК за лапароскопија бидејќи рече дека иако е водна (фоликуларна) сепак може да направи проблем. На ГАК само потврдија дека е фоликуларна (исполнета со бистра течност) и ми дадоа болнички упат за лапароскопија. Пред неколку дена се јавив, рече сестрата дека правеле една на две недели, затоа толку се чекало...и еве уште чекам, се надевам дека наредниот термин (8ми март) ќе ме повикаат.
здраво феминки.. јас имам проблем со полицистични јајници докторката сакаше да ми даде хормонални таблети но јас ја одбив и сакав нешто на природна база, ми го ги даде капсулите на растението мака.. ми рече да испијам една до две дози ако не ми помине пак да се јавам кај неа да направиме хормонален тест и според него да ми препише терапија... јас се плашам поради тоа што сите ми викаа дека од хормонални имало многу нус појави со поправање, поддуеност итн.. дали има некое друго решение да исчезнат цистите еднаш засекогаш или тие постојано ке растат и пукат... јајниците ме болат секој ден, понекогаш и ме печат како да штипат, ужасно е чуството...
воопшто не сакам да се опседнувам, но секој ден многу ме боли понекогаш пијам и кетонал од мн болки..
Која мака ја имам со ова цистиве. Пред една година добив страшни болки во јајниците, не можев да станам од кревет, пожолтев, ми се повраќаше. Мислам дека полошо се немав почувствувано и завршив на итно во гинекологија. Е тука веќе беше скечот. Чекав долг период за да влезам на преглед и кога влегов нормално ме праша дали сум имала односи, и јас му кажав најискрено не, ми вика сигурна си? Јас тука 100% сигурна сум, не ќе ве лажам во ваква состојба. И паметниот доктор ме прати да правам тест за бременост. Откако се увери дека не сум бремена, ме легна да ми прави ехо. Абе пола вработени таму не можеа да најдат што ми е, за на крај еден од постарите доктори да открие дека цистата ми е збутана позади јајникот., и беше прилично голема. Ми направија тумор тестови, испадна дека е водена и само ми дадоа апчиња за болка. После недела ипол болки, ми пукна цистата, баш на преглед приватно. Ама после неколку месеци пак ми се направи нова истата големина, и пак умирав од болки. И ми се дешава така на секои 2-3 месеци. Чаре има ли освен операција?
слушај ја тогаш докторката и не се секирај, нус појави и од кетонал може да имаш па ете пиеш... бар 3 месеци попиј хормонски па ќе видиш...btw хормонски лекови не мора да значи дека контрацептиви ќе ти даде... хормони имаш проверувано? јас и операција правев и пак ми се појавуваат
значи нема нема спас, се ке си идат и одат... секоја моја менструација е месечно пораѓање.. ако немам кетоналче до себе можам слободно да се онесвестам, ужасни болки.. ај што е така нека е ама и останатите денови значи никако мир да немам... сакам да одам кај органџиски во штип.. што мислите како е кај него??
@beauty.princess Полицистичните јајници се доживотна состојба, едноставно така е создаден организмот. Состојбата се средува додека се прима терапија, но по прекинот повторно се враќаат симптомите, и така се до менопауза. И мој совет ќе биде да не се замараш многу, што е, тоа е. Здравје кога ќе решиш да имаш деца, со гинекологот ќе ги средите хормоните и овулацијата преку терапии. Јас лично имам пиено и хормонална терапија, и природни лекарства, резултатот е ист, неколку месеци по терапија пак мора се одново. Затоа сега пак почнав со природни повторно, па кога ќе планирам бременост ако треба ќе пијам хормонална терапија (како последна опција).
Јас кај него не сум била, циклусите ми биле болни како што кажуваш ти, сега не толку. Ама јас друга болка немав. Нит јајник ме болело, ништо, имав два напади ко што опиша @sweet-cherry да не можам да се мрднам и да осеќам огромна тешкотија, ама докторите на слепо црево сумљаа и со кетонал инекција дома ме враќаа Поселто при едно долго доцнење на циклусот се открија, и тогаш почна шетњата по доктори. И кај повеќе докторив бев, и операција правев и пак се појавија. Инаку има разлика меѓу полицистични јајници и ПЦОС. Не е исто. При ПЦОС може и ни една циста да немаш, а да го имаш синдромот. Обично при ПЦОС и инсулинот е покачен.
Во право си. Мене jаjниците ми се скоро па нормални, само едниот благо полицистичен, ама затоа хормоните се лудило, секоj на своja страна тера Пред две години имав покачен инсулин ама со исхрана и метформин го средив.