Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цисти на јајниците

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Suzeto, 26 декември 2009.

  1. Kris-miss

    Kris-miss Нов член

    Се зачлени на:
    22 март 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сега ќе ти послужи моето искуство ама... :) Мене ми е отстранет едниот јајник. Операцијата ми ја правеше др. Таше во Плодност.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Прочитав доста ваши мислења околу цистите па сакам да прашам и јас нешто
    Ми доцнеше 9 дена и кога отидов на доктор ми најде циста на левиот јајник и затоа ми доцнело, ми даде апчиња што се пијат 10 дена и демек ќе пукнала, но еве сеуште ништо а остануваат уште неколку апчиња ми се јавија акни по телото, градите ми се поттечени цело време
    Пред 3 г исто така имав и пукна а на тој јајник и операција имам правено
    Се плашам да не биди исто
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Какви апчиња?
    Обично неколку ден после терапија доаѓа менструација, од повеќето хормонски. Прочитај во упатството. А за тоа дали е пукната, ќе види на контрола. Акни и отоци се честа појава од пореметени хормони, ќе се средат кога ќе се среди главниот проблем.
     
  4. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Примолут Нор се апчињата
    Денеска е 8 ден откако го пијам а сеуште не ми доаѓа. Спомена истотака и некоја инфекција, на контрола рече да отидам откако ќе дојде менструацијата и ќе помине.
     
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.990
    Допаѓања:
    135.263
    Пол:
    Женски
    Доаѓа од коа ќе ги прекинеш, во рок до 5 дена после прекин. Додека ги пиеш нема да добиеш. А пукаат за време на циклусот
     
  6. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој за тумор маркерите што се прават во државна, се зема крв од вена и колку се чека за резултатите?
     
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.990
    Допаѓања:
    135.263
    Пол:
    Женски
    да преку крв од вена, на ГАК иста ден, на клиничка биохемија утредента. Земи си упат за двете места, можно е да ги немаат сите реагенси на едното место

    еве кои ги НЕМА на клиничка
    Screenshot_3.png
     
  8. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Баш тие ги имам, ова за сега е?
     
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.990
    Допаѓања:
    135.263
    Пол:
    Женски
    да, следниот месец дури ќе набавеле
     
  10. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    На приватно да не знаете како се движат цените за три маркери за јајници?
     
  11. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    905
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.990
    Допаѓања:
    135.263
    Пол:
    Женски
    АКо ти е близу Неготино, оди таму ги имаат сите тумор маркери на државно.
     
    Последна измена: 30 мај 2017
  13. MARILENA

    MARILENA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2015
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Ca125 е покачен, др.се добри може да е од цистата или друго нешто. Ме фаќа страв за бебушот во 5нед.сум :(
     
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.990
    Допаѓања:
    135.263
    Пол:
    Женски
    Отиди си кај доктор да ти ги види резултатите, ние може само да нагодуваме
     
  15. elegant

    elegant Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    38
    Здраво
    Вака, пред три месеции гинекологот ми кажа дека имам циста на јајникот, праев тумор маркери, мирни беа. По менс. отидов да провериме дали прснала ама уште стоеше, потоа пиев некои апчиња и кога отидов пак сеуште стоеше. Матичниот ми даде упат во Скопје во државна болница и таму ми кажаа дека имам трокоморна циста на јајникот со големина од 10см. и дека мора да се одстрани. Многу ми е страв дали после тоа ќе можаж да останам бремена. претходно никогаш сум немала циста, овично секогаш прснувале. Инаку сим 1 год во брак и имам 22 год а сеуште немам деца.

    А ме интересира ако некој знае да ми каже дали заради големината на цистата операцијата може да биде лапароскопски или мора класична операција
     
    Последна измена од модератор: 5 јуни 2017
  16. Marinela90

    Marinela90 Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, неодамна правев операција на циста на јајник со лапароскопија. Се беше во ред, извадени ми беа три цисти од кои две помали и една поголема за која што докторот рече дека го намачила затоа што била стара со задебелени ѕидови и прикотвена за јајник па поради тоа ја исмукал нејзината течност,се што можел извадил, а остатокот го горел. После тоа ми препиша примолут нор да пијам 6 месеци по 10 дена утро-вечер. Меѓутоа после четвртиот месец не ми дојде менс. па се испостави дека сум бремена. Испитав преку крв па нештото се потврди но тумор маркерите CA 125 i CA 15-3 ми беа покачени. Ца125- 82 а Ца15-3 39. За два дена имам закажано на гинеколог и докторката на телефон ми рече да не се секирам дека во мојот случај тоа не е страшно. Тумор маркерите пред лапароскопијата ми беа уредни, исто така и цитопатолошкиот наод на примерок од течноста на цистата покажа дека се работи за ендометриоза. Ме интересира дали некоја имала сличен проблем? Дали е можно примолутот да штети на плодот и исто покачувањето на тумор маркерите?
     
  17. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Здраво, Розе од Ресен е истото што и Роза Канина (Наум Петковски)? Го имам истиот проблем, па да пробам и со чаевите. Ама не знам дали го контактирам правиот човек. Го има некој бројот од Розе?
     
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.990
    Допаѓања:
    135.263
    Пол:
    Женски
    тумор маркерите и од чиста мира можат да се покачат, провери на интернет ќе видиш, во светот веќе не се ни користат пошто често даваат лажна претстава за состојбата.

    Ај да не пишам нов пост. Има ли некој што пиел контрацептиви, конкретно микрогинон, за лекување на цисти и имало ли ефект?
     
  19. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Јас и ефект што траеше дури 2 месеци потоа пак по старо. Сега сум на Јасмин како терапија и искрено многу подобро се чувствувам немам нус појави за разлика од микрогинонот се нешто ми се случуваше додека ги пиев на крај и на психа ми удрија. Тие веќе не за мене
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kitty1992

    Kitty1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2015
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки.Би сакала доколку има некој искуство како моето да ми даде совет.Значи на 20.05 ми беше последната меструација и треба да добијам за некои 5 дена.Пред една недела ипол почнав да повраќам неколку пати и стомакот ме сечи долу наеднаш ќе се појави остра болка и ќе помини и имам болки во желудникот од што јадам како луда.Ама чуствувам притисок а немам никакви симп.на добивање.Освен што имам како менструални болки ама поблаги.Веќе две недели ги чувствувам.Е сега прашањето ми е дека не се пазиме со мм и вчера бев на гинеколог и ми виде лутеинска циста а за бременост не ми рече ништо.Што е конкретно таа циста? Извинете на долгиот пост.Ви благодарам