@Sesil Oвие анти беби пилули https://www.google.de/search?q=aris..._AUIBygC&biw=360&bih=559#imgrc=e9hSEU0Bt4jSQM:
Зошто да немаш циклус со контрацепција? Ќе си имаш дури и ќе ти се изрегулира. Пиј ги по шемата во упатството.
@Sesil последен пат кога добив траеше само 2 дена и бев на контрола ми кажа сум добила оти ја завршиш терапијата(6 недели) и почнале јајниците да работат а ако продолжам со таблетите ке бидат јајниците во мирување или како што кажа замрзнати.Така нема да може да дојде до нова циста. Да одам да барам второ мислење??? Незнам веќе што е најдобро
Ќе немаш овулација, а менструација ќе имаш тоа сигурно.Без разлика дали 2 дена ќе ти трае. Обично додека се прима контрацепција циклусите се пократки и по слаби. По која шема се пијат таблетиве? Се прави пауза измеѓу доза? Пример мигрогинон се пијат 21 ден 7 дена пауза без разлика кога ќе добиеш по истекот на тие 7 дена пак почнуваш нова доза. Има таблети кај кои не се прави пауза туку се зема ист вид со малце изменет состав.
@Sesil Извини касно што вракам прочитав на упатството пишува 3 недели се пијат па 7дена пауза. Јас ги пиев 6 недели и направив 1 недела пауза и добив само 2 дена.пак ги прекинав и пак добив но сеа нормално.Планирам да ми заврши циклусот и ке ги почнам пак 3 недели пак 1 недела пауза.
Пиј ги според упатството, не си требала 2 дози едно по друго без пауза. Значи од коа ќе ги прекинеш наредните денови треба да добиеш. Без разлика кога ќе добиеш после 7 ден почнуваш нова доза. Треба 3 циклуса минимум, последователно да истераш со таблетите. Најчесто ги препорачуваат по 6 да се пијат. Види и на упатството кога ти пишува да ги почнеш. Некои се почнуваат на 5тиод ден од циклусот без разлика дали ти е завршен или не.
@Sesil геникологот ми кажа затоа пиев 2 дози без пауза, по правило се започнува да се пијат првиот ден од циклусот или од 2до 5 ден но во точно време секој ден целаа недела. Еве денес 3ден ке почнам да ги пијам 7дена и ќе правам пак пауза 7дена.И за после незнам Фала мила што ме охрабри и ми помогна,стварно незнаев дали да почнам пак или не.
А зошто 7 со 7? Ако ги пиеш 7 после во текот на паузата од 7 веројатно пак ќе прекрвариш. Една од функциите на контрацептивите е регулација на циклусот. Затоа и се пијат по строга шема, определен број денови во точно определено време. Вака мислам уште поголем шок дека си правиш...
Ми дијагностицираа чоколадни цисти и најверојатно лапароскопија. Колку е опасно ова? Ве молам совети Исто така , денес бев на гинеколог кај докторката Катерина Манџунова, дали со неа ќе правам операција, ве молам упатете ме малку. Фала ви
Девојки, женски, ајде уште едно прашање да поставам. Знае ли некоја каде е најефтино во приватниве за лапароскопија или евентуално кажете ми цени сега од понов период? Се мислам за Систина... Искуство со Маџункова за лапароскопија?
За да се провери не дај Боже да не има нешто зошто на ехо се гледа дека е циста но не и каков состав ома во неа.
Multiloculated - на англиски, не знам како е стручно на македонски кога цистата не е една туку како неколку прикачени една на друга (како гроздаче форма да речеме). Како се викаат тие цисти ?
За ендометриоза најдобро решение е лапароскопија. Најдобар за цисти и лапароскопија е Др Панчевски Систина.
Здраво девојки, проблемот е следен. Според мојот гинеколог имам полицистични јајници, но состојбата сега за сега не била за терапија. Прв пат се случува толку време да ми касни циклус, последно добив средина на ноември. Бремена не сум, правев и домашен тест и преку крв. Малку почнува да ме фаќа паника и да ме мава на психа тоа што не добивам. Хормони немам испитано, закажав, ама молам Бога да не треба хормонска терапија. Пробувам нешто на природна база со чаеви, ама ефект до сеганикаков. Знам дека може да имам проблем со забременување и без да сакам тоа ми се врти стално во потсвеста Искуства со ваков или сличен случај?