@Bella_Stella имав и јас слично ваков проблем само ќе ти кажам мила биди упорна и трпелива на секој проблем има решение и секогаш со позитивна мисла, што и да е ќе се среди, ќе ти биде подобро (од искуство пишувам) Многу среќа и очекувам позитивни резултати наскоро. Сити офтопик
Знам дека најважно е да си психички јак, за било што во животот, па така и за ова, но ете мислите не секогаш можеме да ги контролираме. :/ Сеуште не пробуваме за бебе, ама страв ми е дека ќе имам проблем заради нередовниот циклус. Докторката ми вика да се опуштам и да не се преоптеретувам, ама некако не можам.. Каков беше твојот проблем, исто со полицистични јајници? Благодарам на поддршката! ❤
Јас имав цисти на јајник но со хормонски таблети се среди.Сами испукаа.Уште пијам таблети за да не се создаде нова цисти и кога ќе дојде момент за бебе ќе ги прекинам ,се надевам нема да имам проблем. Се надевам исто и кај тебе се ќе помине во ред
Лоши искуства со пиење контрацепција? И онака кревкото ментално здравје ми е отидено кај што не се оди, ПРЕМНОГУ ме мава на психа и ова. Се дебелеам без причина (јадам минимално и почнав и да тренирам), нервозна сум стотка, депресивна и анксиозна и секакви мисли ми се вртат. Се осеќам подобро здравствено ама сепак ќе треба лапароскопија. И од тоа ми е тапа. Дали е ова нормално? Хормонално сум лом.
Прво, пробај да се средиш психички. Секој проблем може дополнително да се искомплицира ако дозволиме до тој степен психата да влијае. Не знам каков конкретно проблем имаш, но сигурна сум дека има решение. Јас не сум баш компетентна да ти дадам совет, пошто и мене знае да ме мачи психа. Знам да се нервирам и да правам од мравка слон... Хормоните мораш да ги средиш чим веќе знаеш дека не се како што треба.... И најважно од се да најдеш издувен вентил, ете спортот е добар почеток...
Јас пак обратно сум, со таблетите се чуствувам многу подобро мислам разположена, смирена(не сум нервозна многу) Претходниот месец кога правев пауза бев како зомби нерасположена ништо не ме интересираше,за малку се изнервирав и секунда, де топло ми е па ладно и се околу мене немаше смисла. Овој месец кога правев пауза подобро поминав. До кога вака незнам ама се надевам на позитивен резултат.
http://bit.ly/2E4CwWv Само што пишав и во "мојата "тема вештачко оплодување.Наидов на книга од нутриционистка што и самата страдала од пцос и се излечила целосно па после си родила и деца.Цела програма има за решавање на женски проблеми,цисти,ендометриози,менопауза и подобрување на плодноста.Гарантира успех.Ако не си задоволен за три месеци ,тиги врака парите.
Дали пиеш Јасмин? Мене ми делуваат слично како што опишуваш. но не знам дали е можно да се препише некоја замена со подобри последици.
Здраво девојки. Денес бев на преглед во Скопје државна и на извештајот ми пише дијагноза Д27 дали знае некој подобро да ми објасни што точно значи и искуство со најдобар доктор?
D27 е бенигнен тумор на јајник, кои му се димензиите? Ти го препорачувам Др Јорданчо Иванов - Систина.
Сепак се работи за мали димензии, не се грижи. Јас го поминав тој пат, па ако ти треба нешто слободно можеш да ми пишеш
Piev 1 godina Jazz hormoni Se popraviv 14 kila a prethodno bev sitna i preslaba Nisto ne jadev kaloricno i bev fizicki aktivna Mnogu losho iskustvo so hormoni koi trebaa da mi pomognat za cistite Iako ginekologot me ubeduvase deka nema ni kilo da se popravam ne slusajte se sto ke vi se kaze
Мој совет ти е да си ја испиташ тироидната жлезда и хормоните на истата. Со терапија за истата цистите ми исчезнаа. Сето ова ми беше по препорака на гинеколог кажано.
Ispitana mi e tiroidata se mi e vo red . I pred hormoni i posle hormoni ja ispitav. Ali deka me naduvaa hormonive i deka se osekam kako podvizna topka- toa definitivno si stoi
Ти благодарам многу. Тебе хируршки зафат ти правеа? Сакам да избегнам операција па ако знаете некои природни лекови за ова? Поздравче
Да, но кај мене беше многу голем и мораше цел јајник да ми извадат. Но со оглед што кај тебе е мал и со лапараскопска операција можеш да поминеш и не би те советувала да си играш со природни лекови, бидејќи кога веќе е установено дека се работи за тумор, а не циста, природни лекови не помагаат.
И јас го имав истиот проблем. Пробав со влошки и чаеви на природна база од Тианде, после вториот месец се ми се среди и цисти и ми се регулираше циклусот. Имаат различни третмани ама стварно сум среќна што ми се среди.