Да и јас размислувам за влошките од Тианде и рецептот со ленено семе и чаеви, ама ајде утре ќе видам што ќе ми каже и доктор Иванов. Ми е страв оперативно зашто уште не сум раѓала а и со дечко ми посакуваме дечиња наскоро, па да не ми направи проблем ова со плодноста. Сепак ви благодарам ќе ви пишам ако имам уште прашања утре очекувајте ме inlove:
Верувај знам како ти е, и за мене беше шок на 26год да ти откријат тумор на јајник и да останеш без него, но еве со еден јајник сега сум во 7 миот месец од бременоста, по природен пат и уште од првиот пат само позитивни мисли и слушај го докторот
2 lazici leneno seme,2 lazici med i 200 ml voda.daotstojat 36 sati vo palsticna casa,se cedi i se pie na sabalje na gladno.7 dena se pravi so po 2 lazici,a 7 dena so po edna lazica leneno seme i med.Isklucivo se zema so palsticna lazica i se cuva vo palsticna casa! Се извинувам на латиницата копирано ми е. А на форумот прочитав нешто за мешавина на чаеви не знам точно како беше ако знае некој нека го поше пак. И да напоменам немам искуство со овој лек, само читав за него
Јас после скоро 3 години немам никаква циста на јајниците, нит водена нит крвна, никаква. Од претпоследната контрола па до последната ова примав -микрогинон 3 месеци -чај од ајдучка трева, со мед и лимон -Витекс агнес кактус таблети 3 дози Чајот и витексот на своја рака ги земав. Исто избегнував нервирање, ако почнам да размислувам за нешто што ме нервира одма си барав занимација, или дружба со некој. Витексот е корисен воопшто за целиот женски репродуктивен систем. Што и да земате не очекувајте резултати по првиот месец, туку 3-6 месеци најмалце.
Витексот од аптека. 60 таблети се во пакување можеш по 1 или 2 дневно да ги пиеш. Јас по 1 земав. Значи едно пакување 2 месеци го користев. Чајот од ајдучка трева фактички не е типичен чај, што се вари, туку едно гранче се остава во пола тегло вода, заедно со еден лимон пресечен на пола да отстојат по 24 саата, потоа се прецадува водата, се исцедува и лимонот во неа и се додава лажичка мед. Јас навечер си го правев, утредента коа ќе го испијам си ставав нов за утредента. Ајдучка трева од пазар купував, од луѓе што продаваат билки, чаеви.
Агнес сe препорачува на жени за олеснување на состојбите поврзани со предменструалните синдром ( ПМС) и кај некои нарушувања на менструалниот циклус . Агнес не содржи хормони , туку стандардизиран екстракт од билката Витекс ( Vitex Agnus castus ) . Придобивките од екстрактот произлегуваат од неговото влијание врз хипофизата кај производството на лутеинизирачкиот хормон . Ова влијае врз производството на прогестерон и нормализирањето на менструалниот циклус .
Здраво девојки сакам да ве прашам имам водена циста и треба да почнам со терапија примолут нор мислам беше, ама не се сеќавам точно кога требаше, на 15ти ден од доаѓање на менс така или грешка сум??
И јас треба да ги пијам Прималут Нор, ради регулирање на нередовен циклус како резултат на полицистични јајници, препишани од гинеколог и се тоа.. Прашањето ми е, дали се можни сериозни нус појави од нив, и какви се вашите искуства? Страв ми е од влакна, здебелување и слично.. Ги земав, ама ете ги така си седат, не можам да се решам да ги почнам. :/
Јас сум при крај со терапијата и освен што сум поправена ама буквално подуена стомакот ми е како на бремена жена и имав 2-3 дена психичка криза со многу бес и плачење (како пред менс) други промени не забележав. Ништо страшно подобро издржи период да си го средиш проблемот после диети теретана и ќе си се вратиш по старо