Здраво женски..... Дали има некој искуство со користење на Tiande терапија за лечење на ендометријални цисти.... пробувам во моментов бидејќи не сакам повторно на операција да одам или кажете некоја друга алтернатива Поздрав и секое добро
Девојки, ве молам за совет. Неодамна правев операција од ендометриозна циста, а веќе на другиот јајник имам голема водена а околу неа има помали. Дали имал некој искуство дали влошките на Тианде би ми помогнале? Или некој друг совет... пијам и чај против чисти,алое вера,,, ама излеа ништо не помага.Ве молам за помош, исплашена сум. Фала
Како за регулирање? Еднаш треба да ги испиеш? Од лично искуство, само ќе ти помогнат да добиеш еднаш а нема да ти ја регулираат менструацијата. За таков проблем само терапија со контрацептиви. Јас имамв многу лошо искуство со нив, ми излегоа многу влакна и каде што немав а со здебелување и такви работи немав проблем. Сепак ти си знаеш што зошто и како ти ги препишале. Јас само споделив мое искуство.
Zdravo jas sum nova me interesira pravev tumurski markeri se mi e dobro osve ca-125 jajnicite....mi vika doktorkata nesto kako malku e pogolem edniot jajnik normala e 21a toj e 23 sakam da kazam pogolem od drugiot pa mi rece za sleden mesec pak da gi ispitam pa pak da vidime se isplasiv neznam sto e....prv pat pravev imam edno dete rod
Треба да ми испитаат хормони, а немам добиено веќе 4 месеци. Докторката ми ги препиша за да стимулира циклус, па да проверам хормонален статус и зависно од тоа да ми препише соодветна терапија. Јас еве трет ден до денес како ги испив и чекам да добијам. Ти за каков проблем ги користеше? Јас ги допив и немав некои посебни промени. Подуена сум и јас, ама тоа мислам дека ми е ради тоа што немам добиено цели 4 месеци. Ти како се чувствуваш сега?
@Bella_Stella Аха. Сега те разбрав каков бил проблемот. Јас исто ги пиев за да добијам менструација затоа што ми каснеше. Еднаш ги пиев и никогаш веќе Штом си ги испила за ден два би требало да добиеш. Да ти препорачам еден алтернативен лек, не е сигурно дека секому помага но мене некогаш ми помагаше за да добијам кога ми доцнеше. Чај од црвен кантарион по едно филџанче на ден. Една недела. Горчлив е многу да те предупредам.
Извинете, малку од поодамна е постов, но сакам да ве прашам зар излив не е пукање на циста? исто и јас имам проблеми со цисти и токму овој термин го употребија на еден мој преглед, ама го сфатив како пукнатина од циста.
Дали знаете доктор Манџукова кој ден е во амбуланта на Гинекологија? Или некој број каде да се јавам да прашам? Фала
Здраво. Ве молам кој имал искуство со лекот за цисти со рен и вино да ми каже дали треба да се прецеди после 24часа стоење на собна температура или треба ренот да си остане внатре па на пиење да се цеди? Однапред Благодарам
Денес при редовна контрола ми најдоа циста на левиот јајник, прилично голема и малку ме испаничи докторката. Пред ококку 6 месеци правев ехо и немаше ништо,а лекарката тврди дека ја имам подолго време бидејќи расне и е околу 4, полна со крв и не предвидува дека ќе пукне сама од себе. Немам болки освен кога имам добиено, тогаш болките се неподносливи и стигнував и до несвестици последниве месеци. Утре ќе правам и тумор маркери и ако се е ок, ќе треба да правам контрола на 4 месеци за да се проверува дали цистата расте. Навистина неочекувано ми беше, инаку имав и болки при односи ама бидејќи сум анксиозна препишував дека е до тоа. Дали некој имал слично искуство, секое мислење е добродојдено
Здраво. Минатиот месец ми доцнеше менструацијата околу 7-8 дена, овај месец веќе 4 ден ми доцни, овај месец имав само 2 пати заштитен однос. Претходно во јануари ми најдоја циста на левиот јајник, бев на контрола цистата беше пукната, меѓутоа иако имав циста дотогаш секој месец си имав редовно менструација еве ден,два порано или покасно. Дали е можно да е поврзано повторно со циста ? П.с немам никакви симптоми овај месец не мр болат градите воопшто, само половината ме боли и мн ретко мало пецкање во јајниците, минатиот месец имав симптоми поголеми болки во градите, големи болки во јајниците.
Мислам дека нема потреба за грижи. Гинекологот мене ми објасни дека најнормално е да добиеш на 28 дена, меѓутоа и да добиеш на 18 дена или 38 дена, значи +10/-10 е исто во границите на нормалата.
Сакам нешто да прашам, а прво да ја објаснам мојата ситуација. Немав добиено менструација 55 дена и лицето ми е ужасно, сето нафрлано со брунчиња и кога бев на гинеколог ми кажаа дека сум имала мали цисти на десниот јајник и дека тоа било како резултат на намален естроген најверојатно и ми рече да почекам да ми дојде и потоа да испитам хормони на 3тата и 13тата ден од кога ќе добијам. Во меѓувреме додека чекам користам Krauterhof крем со слуз од полжав, крем Здраве за лицето. Слушнав дека капсулите од мака доста помагале затоа што го регулирале хормонскиот баланс. Па моето прашање е: Дали некој од вас има користено капсули од мака и какво ви е искуството со нив, дали ви помогнале и дали сметате дека и мене ќе ми помогнат? Благодарам однапред .
Дечки дали е возможно чоколадната циста да пукне за време на овулација? Денес наеднаш ми истече чиста крв, а потоа се помалку заедно со течноста која си излегува за време на овулација. Докторката вика дека може да е обично крварење за време на овулација, меѓутоа не знам што да мислам..дали некој имал слично искуство?
Женски, пред било какви проверки да сте правеле, какви симптоми сте имале пред да ви откријаат цисти?
Dali nekoj moze da mi pomogne:imav cista na leviot jajnik ,so samoto dobivanje mi puknala ,e sea idam na ginekolog posle toa i vika imas na desniot jajnik prefrleno... Sea prasanjeto mi e taa so mi ja pokaza so ja imav bese ko krukce ali vnatrednosta bese prazna.. A ovaa so se gleda na desnata strana e ispuneta belo vnatre ,dali moze da mi objasni nekoj,kakva cista e toa ? Dali e neso po opasno ili ne ?
Здраво, јас имав пред некое време цисти на јајниците и го средив циклусот со хормонска терапија.Е сега пак ми се случи истото прокрварив за време на овулација две недели после циклус..имам пак цисти ама не смеам да земам хормони бидејки пијам хормони за тироидна жлезда.Дали некој имал слично искуство и дали има некое решение за регулирање на менструација освен хормонска терапија?