значи мене ми се случи нешто што многу ме исплаши. кога мокрев осетив остра болка во пределот под стомакот, а кога станав видов и капка крв. во последно време ми се случува така по малку да ме заболува на десната страна под стомакот. еве закажав за гинеколог, ама сакам да слушнам ваше мислење. преплашена сум
ако си од кавадарци јасно ми е и јас имам таму гинеколог и ме нервира тоа што јас имам и на двата јајника по 3-4 цистички кои ми пукале кога ке добијам а јас потешко добивам циклусот ми трае 30-40 дена.исто им мене ми даде дијане 35 ги пиев 6 месеци и кога бев на контрола тие пак си стоеја,така да апчињата ми помогнаа само за лицето ми се исчисти,ама цистите си стојат и мене ми рекоа дека ми биле водени ама јас сакам да ги немам имам ненормално болна менструација тоа за мене е хорор без кетонал неможам да преживеам......
Сакам да прашам кој има искуство со циста ама не ми е на јајниците туку на матката, ми касни 6 дена и денес отидов на гинеколог по шо на ехото забележа мала циста ... знам дека ќе прсне и со менструацијата ќе се исчисти само ме интересира дали тоа има некакво влијание врз плодноста затоа што ако има, не знам што ќе правам, поради тоа што многу сакам деца па ако има некој искуство со ова ве молам кажете ми
Jas imam golemo iskustvo i jas imav cista ama na jajnikot .Bez razlika deka e cistite pravat golem problem ako e vodena ke pukne noa ako e drug vid nema teoretski sansi da pukne mora so laporaskopija.Jas imav cista na jajnikot i dolgo vreme ne mozev da ostanam bremena piev bromergon po pola sabajle i vecer,koga mi ja zgolemija dozata nasabajle edno celo i navecer edno celo i jas ostanav bremena no cistata mi go unisti plodot do 4 mesec i mo se rasipa i abortirav.Po sest meseci me parveja laporaskopija i mi ja izvadija cistata no eve veke edna godina kako0 mi e izvadena a pak ne mozam da ostanam bremena.Da ne te zaplasuvam vo sekoj slucaj ne e isto kaj sekoja zena no 100%sum sigurna deka nema sansi da se iznosi plodot do kraj ako ima cista.
jas imam eden problem imam mnogu bodezi vnatre vo matkata,koga gi dobijam ne mozam da se mrdna nitu levo nitu desno ni pak mozam da seda ili pak da lezam strasno jaki bodezi imam kako bolki za poragaj ve molam kazete mi nekoj sovet ako znaete ilui pak ako imate isti slucaj.
здраво девојки. јас имам едно прашање. имам 22 години и до сега немам отидено на гинеколог. тука на странава видов еден прилог за полицистични јајници и симптомите како што се нередовна менструација, акни во пределот на грбот и слично. сите симптоми што беа наброени јас ги забележав кај мене. планирам да одам на гинеколог и да се испитам, но не знам што да му речам каков преглед треба, само брис или... ако има некој искуство нека ми пише бидејќи многу ми е во мисла, прочитав дека ако не се третира со време, во крајни случаеви може да се остане и стерилен фала многу..
Секако оди на гинеколог, провери си, но не треба толку да се грижиш. Прегледот прво се состои од ехо. Значи докторот ќе ти ги види јајниците на екранот и ќе ги прегледа надворешно дали се гледаат цисти. А понатаму што како ќе те советува тој, дали треба понатамошни испитувања или не. А како ќе му кажеш, не се секирај, само кажи си дека сакаш да направиш рутинска контрола на јајниците зошто се сомневаш на цисти заради симптомите кои ги имаш. Твое право си е да го побараш тоа. Не мора да значи дека е така, дека имаш полицистични јајници, но сепак провери си не е воопшто страшен прегледот, барем да не ти е мисла.
ZDRAVO DEVOJKI IMAM EDNO PRASANJE DO VAS ZNACI VAKA PRED DVA DENA DODEKA SE TUSIRAV MI ISPADNA ZGRUTCENA KRV I IMAMBOLKI VO DOLNIOT DEL OD STOMAKOT SEGA I KOGA SEDNUVAM ME BOLI I KOGA SE DVIZAM DOSEGA MI SE NEMA VAKVO NESTO DESENO MNOGU SUM ISPLASENA NEZNAM STO MI SE DESAVA INAKU IMAM REDOVNA MENSTRUACIJA I NEMAM BOLI NO POSLEDNIOV MESEC IMAM STO MI SE SLUCUVA ???????????
Здраво девојки имам еден проблем на мои 13год. се правев лапараскопија во систина кај Др.Лазаревски и се помина во најдобар ред, но пред 2 месеци немав менструација отидов повторно кај него и ми рече дека имам водена циста ми даде да пијам апчиња примолут нор и за 7 дена добив. после завршетокот на мензисот отидов на контрола и се беше ок.Но еве сега повторно немам добиено незнам што да правам дали е можно пак да ми се појавила циста???Не ми кажа ни дали ќе треба повторно да ги пијам апчињата избезумена сум веќе незнам што да правам.А за докторите во Систина секоја чест мене ме правеа операција Панчевски, Лазаревски и Баџаков сите се одлични. Ве молам помогнете ми. Однапред Благодарна
имав некоја циста која што за малце ке ми пукнела и мозела да ми го оштети јајникот ама се помина како што треба и еве после 7 години ми се јавија проблеми а незнам од што и како е
mozno da e istiot problem..........ako si operirana od endometrioza taa se povtoruva........daj boze da ne e toa ...napravi povtorno ispituvajna
Па да ти кажам искрено незнам како се вика само знам дека беше вид на циста која не беше водена и беше опасна ако сама пукнела кога бев на контрола откако пред неколку месеци исто имав проблем со менструацијата ми најде водена циста и ми даде примолут нор да пијам ги пиев 5 дена 2пати по 2 апчиња на ден и за 7 дена добив но еве после тоа повторно немам добиено онака осеќам како некои грчеви како пред добивање ама никако да добијам како и да е ќе морам да идам да видам што е проблемот само како да и кажам на мајка ми минатиот пат испаничи дека сум бремена сега повторно ке изреагира така а неможам сама да идам затоа што преку врски ми закажуваат преглед плис хелп
Хмм... ај баш утре ќе проверам треба да ги пронајдам документите. А, дали е можно самиот организам повторно за краток период да ми створил пак водена циста и таа да е пречка да добијам или секој месец би требало да ги пијам апчињата ама докторот не ми кажа ништо такво???
toa ne znam ali ne bi trebalo sekoj mesec da pies apcina za da dobies treba da se resi problemot na drug nacin........kaj koj dr odis
Хехе најдобар е во секоја смисла само мора да идам детално да провери што ми се случува во мојов внатрешен свет мн.ме загрижува ова. А викаш има шанси да се повтори тоа што го имав?