Чоколадна циста со чај, мелем и сл. не се лечи. Јас сум кумановка и навистина има една билкарка (Мица домаќица - вака се вика на прекар) што прави разни чаеви, мелеми, природни лекови и сл. но да не се лажеме дека овој вид на циста може да се излечи, туку само лекар може да помогне. Може да се стагнира нејзиното раснење со хормонски апчиња или бременост но се што е над 5 см се вади. Нема научни докази зошто се јавува туку едноставно склоност на организмот да ги создава односно ендометриумот се закачува како прирасток за јајник или некое др. место во карличниот дел од телото и со менст. циклус односно крв се полни прирастокот или пак непукнат фоликул се полни со ментруација. Нема лек за овој вид на цисти туку само нивно одстранување доколку раснат во телото. Има теории дека се наследни овој вид на цисти но јас мислам дека стресот во комбинација со паднат имунитет си го прави своето како и за која друга било болест. Исто така кажуваат дека чоколдната циста прави стерилитет кај жената но ни тоа не е правило. Обично со нивно одстранување многу жени после тоа остануваат бремени. Оваа циста се контролира каде и колку расне и штом дојде до критичната димензија мора да се извади од телото. На ултразвук според течноста што ја гледа лекарот (и обично искусните лекари не грешат) претпоставува дека е ендометриозна циста а во суштина после нејзиното вадење од телото се потврдува со испитување.
Здраво девојки бев на преглед(чисто контролен) на гинеколог и ми установи дека имам циста на левиот јајник, ми рече после наредна менструација да отидам на повторно ехо да види дали можеби е непукнат фоликул..Цело време мислам на тоа дали можам јас нешто да превземам или останува да си чекам?читав некои чаеви поволно влијаат Имам редовна менструација и не се соочувам со одредени болки..
Mozes da pies caevi, nema steta od niv ama iskreno ne pomagaat ( barem kaj mene ne). Inaku folikularnite cisti ne se strashni, najcesto za nekolku ciklusi gi snemuva samo od sebe. Ako eventualno ostanat moze da se pie nekoja hormonska terapija i da puknat na toj nacin
Мене гинкологот ми рече ден имам на десниот јајник скоро 2 мм. Сеуште не сум проверила дали е пукната, ама некако страв ме фаќа.
Ake vodena, folikularna ili corpus luteum ne e strashno. Ako e cokoladna togas treba da se sledi i da se izvadi ako porasne mnogu. Ne ti kaza kakva e?
Не, не ми кажа. Со план сум сега да отидам во Ремедика, морам матичен да сменам оваа ми беше блиску до градот каде живеев претходно.Сега морам нов доктор. Ќе видиме што ќе каже. Да не имаш некоја препорака за доктор?
Само што сакав да напишам дека одлучив кај него да одам. Добро искуство ли имаш? Мојата циста е мала, ама не знам од кој тип е. Мене и друго нешто ме интересира да прашам. Кога ќе пукне циста, има ли пообилно крварење, болки?
Јас пиев таков чај многу гаден вкус има. Го пиев баш долго време ама не ми помогна. Сепак ти пробај не значи дека ако на мене не ми помогнал нема ни на тебе.