Исто полицистични јајници кај и да одам така ми велат нередовна менструација промени во телото промени во расположението нервозна итн..без прималут ништо чаре за ова незнам дали има и дали ќе има
да не се гасови? гасовите шетаат низ цело тело и тие даваат такво чувство. ако имаш проблеми со надуеност пиј еспумисан, на природна база се и помагаат полесно да ги вадиш гасовите,мене ми помагаат.
Imam cista na desniot jajnik ginekolog mi rece deka e vodena i rece ke pukne no nisto ne mi dade dijagnoza nekoi iskustvo so vodena cista okolu 1 cm mi rece
Ќе пукне со добивање на циклус, не е страшно. Но пак да се јавиш на гинеколог хормони да испиташ и евентуално да ти дадат терапија
И јас овде да си прашам за искуства .Отидов кај матичниот за да ми даде апчиња за одложување на менструација заради одмор( слободно распнете ме ) и ај штом сум таму да направиме една рутинска контрола на вагинално ехо и ми откри циста на десен јајник од 6 см од едната страна како сплескан.Рече можно е да била поголема.Направив пап тест ми даде упат за тумор маркери ,вредноста и беше околу 15.Рече нема место за паника и дека можно е со примолут нор да се среди и да чекам резултати од пап тестот.Не ми кажа за каква циста се работи.Некоја со слично искуство?
Дали знаете природен лек за обична циста на јајници? И колку се опасни? Кај мене е мала тек на почеток, 16мм ама баш се испаничив... а бидејќи немам родено страв ми е да ја пијам хормонската терапија...
Ништо страшно би пукнала при следен циклус. Природни лекови ќе сретнеш многу ама релано се е само плацебо ефект од нив.
2 месеца ја имам цистава а може и повеќе...значи морам терапијата да ја пијам за да пукне или и сама може ?
Минатата менструација ми траеше 8 дена, а регуларно ми трае околу 6 дена и имав пообилно крварење што ми стана чудно. Утре треба пак да добијам, а веќе една недела ме боли левиот јајник на допир, имам болни менструации, цревата ми кркорат како ненормални и вчера имав остра болка и подуеност во стомакот. Страв ми е бидејќи ова се симптоми на ендометриоза, а јас пред два месеци бев на гинеколог и ме прегледа рече дека е сѐ во најдобар ред(уште немав вакви симптоми) дали имам причина за загриженост?
Оди на гинеколог откако ќе ти заврши менструацијата. Цревата ти кркорат поради хормоните, кај некои пред секој циклус и за време на првите денови е така. Тоа не е ништо страшно. И острата болка веројатно е од цревата (гасови), и тоа не е страшно. Ако имаш циста, ќе се види на ехо. А вистинската состојба со ендометриоза не се гледа на ехо и затоа најчесто е недијагностицирана. Ама ако немаш цисти, не би требало да е сериозно. Оди на преглед, да ти помине загриженоста.
Женички Дали кога ќе пукне циста се крвари? Мене менстр. Ми заврши и после 11 дена пак ми дојде ама имаше едно големо парче крв како грутка нешто такво испадна и веднаш отидов кај гин. Ме прегледа и одоздоле и одозгора на ехо. Не виде ништо. Имаше само 1 циста. Ама ништо не кажа. Рече нека ја нека си стое сега за сега. И вечерта имав мн јаки болки во долниот дел на стомакот и јајниците особено левиот. И цели 3 дена мн крварев. Сега се намали крварењето. А болки имам понекогаш во денот. Пијам кетонал за болки. А во пон. Ќе одам пак да ме прегледа. Имате ли некој совет искуство нешто??
За цисти само билка ли зачин ли што е точно не знам како прав е де вика МАКА го пиев наутро со лимон и влошки од тианде со билки само тоа ми помогна ама пред да ми пукне цистата цела ноќ пукнав од болка а другиот ден многу крварев и како темна крв имав
Zavisi od cistata, za cokoladna cista samo operacija ili bremenost. Drugo nisto ne pomaga, se sto cuv, probav. A za vodena ili corpus luteum moze da se probaat caevi, gorcici, cuvar kukja itn.
некоја да ми каже пред недела време ми мојава циста пораснала 10цм ми дадоа лист и ме пратија на одделение таму сестрата ми отвори историја и ми рече сестра розе ке те побара и ке ти каже кога да дојдеш е сега колку време се чека тој повик инаку др.тантуровски треба да ме оперира
последен пат добив на 28ми август, уште немам добиено ми касни затоа отидов на гинеколог и ми рече дека имам цисти но не го разбрав баш. па сакав да ве прашам знаете ли дали овие цисти во сликата погоре претставуваат некој голем проблем за мене и односно што значат?