Цисти на јајниците

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Suzeto, 26 декември 2009.

  1. Saf

    Saf Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    0
    Здраво имам 19 години, бев на гинеколог и ми кажа дека цели јајници ми се со мали цисти и десниот и левиот, никогаш сум немала проблем со нередовни или болни циклуси, секогаш ми доаѓало на време. Немам ни симптоми кои укажуваат на полицистични јајници. Бев на гинекологија да испитам хормони и сеуште чекам резултати. Моето прашање е од што друго би можело да се појават цистите освен од хормонални пореметувања?
     
  2. ЕлизаР

    ЕлизаР Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Zdravo. Posle operacijata I ostranuvanje na endometriozata, bev na pregled. Dr. Mi kaza deka Sega e OK no mi dade Klaira kontraceptiv da pijam 3 meseci. Navistina se dvoumam I ne Sakam da gi pijam. Dali ima nekoj iskustvo so ovie hormonalni lekovi, ili sepak da se obidam po priroden pat so caevi I bilki.blagodaram.pozz
     
  3. Stressed Out

    Stressed Out Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    2.401
    Пол:
    Женски
    Да си ги пиеш апчињата,превентивно за враќање на ендометриозата,сум ги пиела, немаш никаква штета.
     
  4. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    3.408
    Дали може да има поврзаност проблеми со тироидата и цисти на јајниците? Денес на гинеколог докторката ми кажа дека имам полицистични јајници и дека морам да испитам тироида.
     
    На Alita му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Leroy

    Leroy Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Kaj mene LH i FSH se vo obraten soodnos i doktorkata rece toa e znak deka se policisticni jajnicite . Megutoa kako resenie ne kaza nisto ,osven kontracepcija . Na nekoja od vas nesto drugo prepisale ?
     
  6. jasnaiglasna

    jasnaiglasna Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво :) Да ми препорачате добар доктор за лапараскопска операција на клиника?Ми дадоја упат за кај Калчовски, мислење од некој за него?
     
  7. SunDance

    SunDance Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Девојки, мината среда бев на гинеколог и кога ме гледаше на ехо ми рече имаш задоцнета овулација уште не е помината еве на десниот јајник гледам повеќе фоликули кај и да е ќе прсне. Е сега, тоа ми беше некаде 21 ден од циклус а јас бев прилично уверена дека на 14 ден веќе ми помина овулацијата дури имав и мало крварење и тоа и го кажав на докторката ама ми рече не не е помината а крварењето не е страшно може нешто хормонско. Јас од кога бев на преглед до денес не приметив дека имам овулација а како што реков она ми кажа има фоликули кај и да е ќе биде. Прашањето ми е можно ли р ТОЛКУ да утнала и тоа да ми биле цисти? Може е глупо прашањево ама веќе се ми поминува низ глава
     
  8. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Најубаво е да ги пиеш. Јас пиев Јасмин , скоро цела година, потоа отидов кај докторката и реков дека веќе не сакам да ги пијам. Докторкава ме советуваше да продолжам уште да ги пијам за поголема превенција, ама јас не ја послушав. Еве после 6 години повторно ми се појави, далеку поагресивна.

    Ова е најдобронамерен совет.
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stressed Out

    Stressed Out Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    2.401
    Пол:
    Женски
    Како поагресивна,какви симптоми имаш?
     
  10. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Ми се појави една голема циста и уште неколку помали покрај неа. Болките се постојани од утро до вечер. И со најмало движење брзо се заморувам, постојано имам нагони на повраќање од самите болки.

    Да не настане забуна. Овие симптоми се кај мене. Може некој друг не ја преживува вака. Секое тело е различно.
     
  11. Stressed Out

    Stressed Out Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    2.401
    Пол:
    Женски
    Имам и јас затоа те прашувам,овие симптоми се во тек на цел циклус така,не само за време на менструација?
     
  12. Sofice

    Sofice Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам истите симптоми.На последниот преглед имав една голема циста и сега ке пијам хормонска терапија.Ама последнава овулација многу болна, ме кутна в кревет... А заборавив да спомнам и чај еден требаше да купам и да го пијам,но уште не сум стигнала до тоа..
     
    На Alita му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Мене периодов болките ми од утро до вечер. Значи постојано! А последната менструација кога ја имав завршив во болница со инекции и инфузии. :(
     
  14. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Каков чај?
     
  15. Stressed Out

    Stressed Out Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    2.401
    Пол:
    Женски
    Страшно тоа,јас се оперирав во септември,имав една циста си ја носев 10 години варираше во големина од 2,5 цм до 4,ме тераа да раѓам за да ја снемало,не ми беше тогаш време за раѓање,сега ми е ама некако не иде :) крајно затоа ја извадив да видиме да не било од неа,ама пак ништо,мислам дека ендометриозата и ми ги запушува каналите постојано. Те читав по други теми,ако ти е за утеха имам 34 години и пред 2 год АМХ ми беше 4.4,супер солидно,ама пред обиди за бебе бев на контрацепција со Јаз 2 години,можеби тогаш сум си заштедила резерви. Ендометриозата е инфламаторна паод тука сите проблеми,инаку за болките,инекциите,инфузиите се ми е добро познато,сега веќе помали се болките ама пијам аспирин од 100 преку еден ден и сигурна сум дека од тоа ми е подобрувањето,подобра е циркулацијата во матката и олеснување е.
     
    На Alita му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofice

    Sofice Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Докторката ми го препорача како алтернатива и доста помагал за намалување и прскање на цисти. Чај од листови од малина во комбинација со листови од капина.Треба да се пие по 1 литар во ден во период од 6 месеци.
     
  17. Stressed Out

    Stressed Out Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    2.401
    Пол:
    Женски
    Какви ти се цистите,ендометриозни?
     
  18. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Јас имам ендометриоза. Колку што знам од искуство ендометриозата не може да пукне.
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sofice

    Sofice Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Kaj мене се водени цисти.Често се појавуваа и сами пукаа.Сега оваа што ја имам расти и не пука-8см достигна на последен преглед.Три месеци ке пијам терапија Примолут Нор па ке ја следиме...
     
  20. flower_88

    flower_88 Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Zdr pred nekoj den izvadov endometriozna cista okolu 6 sm cekav da pukni ne pukase sama pred toa bev na eden kup drugi pregledi.. Posledno bev kaj Tase plodnost rece pod hitno da se izvadi oti nema da pukni i e cokoladna nemav izbor mi ja izvadia laparaskopski sega me nabolva mestoto vnatre na deseniot jajnik ama i treba da dobijam dali e vo red da nabolva i muabetot mi e po kolku vreme probvate za bebe po vakva operacija oti sekade citam deka se vrakala vo haos sum pozz