Се гледаат цисти, меѓутоа можеби не можела точно да определи каква циста е. Веројатно затоа ти бара да направиш магнетна, за поубаво да се види. И затоа е добро да одиш кај друг доктор, можеби ќе може да ти даде попрецизна проценка. И не грижи се за маркерот, најчесто е покачен од состојби што не се малигни.
Маја, јас сум повеќе пати оперирана од дермоидни цисти на двата јајници. Не ми биле тумор маркерите покачени, но ме праќале на магнетна резонанца бидејќи поточно се дијагностицира типот и положбата на цистите и се гледа дали има други промени во мала карлица (потечени лимфни жлезди и сл.) Направи ја магнетната резонанца, таа нема зрачење...но види се обавезно и со друг/и гинеколози.
Zdravo. Koga ti kazaja deka imash cisti takvii kakva ti bese dijagnozata te molam ako mozes da mi kazes ili vo poraka
Маја зошто не појдиш кај друг гинеколог ? И покачен Ca-125 не значи ништо лошо. А магнетна резонанца често ја прават и лица кои имаат ендометриоза. Појди кај друг гинеколог без да му кажиш ништо, да видиш шо ќе ти кажи, негово мислење и шо ќе ти објасни убаво, не вака да бидеш испаничена.
Маја, на форумот сме да си помогнеме една на друга да размениме искуства, но не сме гинеколози. Зошто си мачиш и не појдиш на гинеколог ? Имаше ти некакви симтпоми или на рутински преглед беше ?
Здраво,искуство со терапија од Примолут нор,?имав водена циста ми ги препиша гинекологот заедно со фемисан а,примолут денеска требаше да се напијам меѓутоа кога го прочитав упатсвото некако не се осмелив и не се напијам.позз
Ве молам за совет Лапароскопија каде е најубаво да се прави според ваши искуства на државна на ГАК или некоја приватна клиника? Благодарам
Jas pravev bt vo plodnost laparaskopski ako te interesira nesto prasaj okey pominav samo so pak treba da pravam kontroli oti mi bese endometriozna cista i treba sledenje pozz sekoe dobro
На приватно е многу скапо, дури мислам претерале со цена. А на ГАК имам читано дека доста се задоволни. Инаку јас со приватни болници имам негативно искуство, грешна дијагноза ми воспоставија и одма ме убедуваше докторката со лапароскопија, 100.000 ми рече ќе си платиш. Инаку немав ништо од тоа шо ми беше таму кажано.
Jas pravev na Gak kaj dr.Tofoski.Prezadovolna od se tamu.Posle toa za kontroli se ceka mnogu kaj nego ama vredi.Moj sovet da ne frlas pari na privatno bidejkji nema potreba!
A kaj Doktor Tase vo vrska za laparoskopija na jajnici dali ima nekoj iskustvo samo do imeto im e ili stvarno se dobri?
Јас имам искуство кај него. Добро поминав, воопшто немав никакви проблеми по операцијата и многу брзо се опоравив. Професионалност голема од целиот тим таму, презадоволна сум. Циста, но мала, ми се појави повторно по 6 месеци. Ама тоа зависи од случај до случај, а не од доктор. За да ти кажам дали се подобри од други, не можам зашто за среќа само тоа искуство го имав. Ти беше со високите маркери, така? Побара второ мислење? Што ти рекоа? Претпоставував дека не е опасна цистата, се надевам дека бев во право.
Mi kazaja deka imam dermoidna cista na desniot jajnik a na leviot cista so bistra sodrzina no mi kazaja deka ima sansi deka i jajnikot ke mi se vadiit a dermoidnata cista mi e 6 cm pa sakam da pobaram vtoro mislejne na doktor tase
Endometrioza imase sto ti se vrate pak i so bidna i jas ja izvadov tamu ama pak pram kontroli i provervam markeri vikaat se vrakaat po godina dve se plasam oti kaj mene vo naodot pisese atipicni kletki a sea proveriv markerite okey bea 2 meseci ima od operacijata
Цисти сум имала од секогаш, и обични и ендометриозни. Но ми се губат и ендометриозните кога се мали. Еден месец ја има, после два месеци на контрола не. Па ќе се појави на другиот јајник. Во текот на лапарото баш немав циста, и не ми чепна јајници. Ендоментризата беше проширена на абдоменален ѕид. Направија нешто, пишува во извештајот, за да ја третираат. Но не може многу да се направи кога е веќе проширена. По 6 месеци на ехо се виде мала циста. Нема што да се плашиш, тоа е тоа. Можеби нема да се врати. Само редовни контроли и средување на исхрана и стрес фактори, колку-толку. Друго не можеш да направиш.