A so postojano ke bide taka? stres i anksiozna sum primam terapija hrana ne pazam bas tolku muabetot mi e dali na sekoe treba operacii sea treba da probam za bebe veke trebase ama nz so cekam uste so ke bide toa gospod da ni e napomos
Нема да биде постојано така. Си го решила проблемот, сега го немаш. Нема потреба да се грижиш. Да, има шанса пак да се направи циста, но сега си супер и тоа е важно. Ќе се следиш редовно, и да се направи ќе ја фатите додека е мала па може да ти даде хормонска терапија за да не се зголемува. Вежбај, медитирај, исхраната колку што е можно среди ја, тоа е. Се' што е до тебе потруди се да го направиш.
So jadis od hrana na so pazis i kako e mozno da ne si pod stres vo ova vreme nz i za bremenost demek ne se ostanvalo bremena jas nemam ni probano posto piam ad.. se e haos to e so e ke vidime kako ke bide pozz ubav den
Не јадам глутен зашто имам други проблеми, но читав дека и за ендото се препорачува да се исклучи. Можеш барем да намалиш на леб и се' што содржи брашно. Што е можно помалку. Шеќер и кофеин треба да се намали, по можност да се исклучи. Тука потфрлам, ама работам на тоа. Црвено месо по можност да се исклучи. Благо млеко да се исклучи, кисели млечни производи што помалку. Треба мнооогу овошје и зеленчук. Е сега негде викаат брокули не треба, негде ги препорачуваат, ама не влегувам до такви детали. Без многу комплицирање - јади се' што е здраво, па нездравото полека само ќе го истиснеш од исхрана. Глутен, шеќер, црвено месо, кофеин, и адитиви од конзервирана храна - тие предизвикуваат воспаленија во телото. Спојлер: Ова не За бременост не би требало да имаш проблем ако било само циста. Тоа е веќе друг муабет, и треба да пробаш за да знаеш. Прерано е сега да мислиш на тоа. Можеби би било добро да отвориме посебна тема за ендометриоза, па да зборуваме за исхрана и вежбање. И да си дадеме поддршка? Ќе споделуваме и видеа и диет планчиња. Ај!
Mozeme zosto da ne se nadevame deka ke bide se okey i poke pozitivni misli brokula jadam za crveno meso ne sekerot da go otkazam ke bidi super kafe i onaka nepiam ama sega praznici samo se jadi aj ke dojdat podobri vreminja si vikam
Здраво Дали некој знае што значи оваа, барав на интернет но ништо не најдов ке ве молам Конгломерат во едната инер папили
Маја ајде те молам закажи преглед кај некој посериозен доктор,би ти го препорачала Димитров од Ремедика,резултатите ти се високи ,зошто губиш време со гуглање за нешто што ништо не знаеш и искрено ни ние не би можеле многу да ти помогнеме освен со вака совет за доктор,можеби си пишала ама да те прашам колку години имаш? Знаат родителите за се ова? Едит,сега видов 24 години си имала,од март прашуваш за цистите,си била досега на друг доктор освен кај матичната?
Mislam deka se zakaza plodnost so lesno I sekoe dobro i poke pozitivna misla ke bidi se vo red odis kaj pravilen doktor
Navistina so napravi rece deka vo cetvrtokot ke se pravi laparaskopski vo plodnost so pomin i cekame da pisi
Zdravo na site clenki ja su nova na forumot i sakam da spodelam moe iskustvo so cisti na jajnici. Pred godina dena mi se pojavi prvata cista na desen jajnik i ne beshe vodena nego sostavena od tkiva taka rece doktorot ,imav mnogu bolki ne mi dadoa nishto sama od sebe se povleche ,posle 6 meseci na ist jajnik 2 cisti i toa ednata 3cm drugata 1,5cm doktor mi dade apchinja za vospalenie i primalut nor da pijam 7 dena ,3 pati ista terapija mi ja davashe gi snema i pak posle mesec dena gi ima . Po pienje na primalut nor predlog na mojot maticen beshe da pijam apchinja za kontracepcija jas gi odbiv i mu rekov ako nema drugo resenie togas ke gi pijam,so malku chitanje i konsultacija najdov koi chaevi se za "zenski problemi " i kapki femisan A shto gi vidov na reklama reshiv deka ke probam prvo so toa i sama na sebe sum si napravila dobro na naredna kontrola nemashe nishto.Koga otidov na kontrola mojot maticen bese zachuden so moi rezultati. Kade ne otidov pamet mi go izvadija,mnogu bile golemi deka treba operacija pa bidejkji jas imam dve operacii nemozelo laparaskopski, Znachi samo prirodni lekovi i chaevi i malku trpenie i se ke se sredi pozdrav do site i se izvinuvam za tolku dolg tekst. ♥️
Zdravo Napraviv laparoskopija dobro pominaa , no rezultatite ke pokazet Doktorot kaza deka iscistil se i deka vaka ke bidit ubo Fala vi na site sto pisavte
Девојки здраво, Имам упат за на клиничка биохемија се јавив да прашам за цена и ми кажаа висока цифра, иако нагласив дека сум осигурана т.е ќе оди се преку фондот Доколку некој може да ме упати попрецизно што бил скоро би му била многу благодарна Се работи за следново:
Колкава сума ти кажаа? Хормоните се по околу 50 денари. Тумор маркерите по макс 200 денари еден,од прилика мскс 700 800 ден би било сево ова.
Сигурно е грешка,мене ми се случило таму една на шалтер да ми каже дека испитуваат за кламидија преку крв за наредно кога појдов да ми кажат декс никогаш не ни испитувале. Ако си од Ск оди на лице место,ти гарантирам дека грешка е,600 ден хормон е на приватно.
Пред месец ипол бев на гинеколог ими рече дека имам течност во Даглас што значело инфекција.Ми даде Сумамед и Канестен и ми беше добро.Но сега еве 2 недели при станување ,седнување или напнување осеќам бодежи во долниот дел на стомакот што се рефлектираат до позади и ми прави нервоза.Имала ли некоја од вас ваков проблем?