Чим планирате дете, препорачуваат после операција за 9месеци да се забремени, ако не инвитро тогаш. Во бременост мирува ендометриозата. Само позитивно, не мисли на тоа, опуштено, ќе дојди бебенцето само работете на случајот
Ти плагодарам многу, а за колку време се појавува, и дали може со инвитро има еден месец што сум оперирана. Ти благодарам многу, јас сакам инвитро да напрам ама има еден месец што сум оперирана дали ке може да напрам другиот месец.
@Tole пробај уште од нареден циклус да се обидуваш за бебе. А временски за колку може да се појави пак тоа никој не знае да ти каже. Но, штом е таква ситуацијата разговарај си со маж/дечко/вереник да пробате прво природно. Не губи надеж за природно. Дури го почнете процесот за инвитро пробај оти сега е најубавото време за тоа. Провери си АМХ да се види колку резерви на јајце клетки имаш, пробај во меѓувреме да јадеш поздраво, антиинфламаторна исхрана треба да имаш за ова. За инвитро се прави пункција на јајце клетки, сигурно јајникот уште ти е отечен ако оперирале и таму така да за пункција е рано, ама ако толку сакаш распрашај се или почекај уште месец - два. На моја блиска личност и го извадија едниот јајник, оперираа цисти на другиот јајник и лезии низ абдомен, и тоа ја советуваа - да проба природно сега додека не се појавила пак, а ако не иде природно со помош би останала трудна.
Ти благодарам многу, да ке пробам овој месец природно пошто денес добив, па ке пробаме на природен начин, или дор пробаме да прашам и за инвитро кај док танја ми рекоа да одам.
Абре какво ин витро еден месец после операција на ендометриоза? Па ин витро не е земање цервикален брис, па ми текна утре ќе правам. За да се стигне до ин витро треба повеќе испитувања да се направат за да се види каква е состојбата пред се со преостанатиот јајник, каков е хормоналниот статус, дали со лапароскопијата (или лапаротомија зависи што си правела) се проодни каналите и се отстраниле и други ендометриозни жаришта пошто ендометриоза е хронична болест на целиот пелвичен дел, не само на јајникот и не се лечи, се живее со неа. Друга важна работа е колку години имаш, каков спермограм има партнерот, какви се шансите за природно да останеш бремена, колку ти е АМХ сега после операцијата. И трето, после таква захтевна операција му треба на организмот да зацели, да се врати во нормала, никој при здрав разум не смее да ти каже ајде одма следниот месец ин витро. Информирај се малце околу ин витрото, телото се подложува на јаки хормонални стимулации, пункции, трансфер, тоа не е воопшто наивна постапка и треба да знаеш што те чека. И четврто, дури и да не одиш со ваучер од ФЗОМ и да правиш ин витро на приватно, мораш да имаш направено одредени претходни испитувања за кои е потребно време да се направат и да се собере документацијата. Најдобро консултирај се со специјалист.
Ти благодарам многу, оперирана сум царски па и со цревите тогаш да пробам на природен начин и да одам да прашам кај док танја ми рекоа.
Никој не може да каже дали ќе биде природно или поради едниот јајник ќе мора ин витро. Прво, направи пауза, си правела комплицирана операција, те сечеле, на организмот му треба време да се врати во нормала. Оди кај Тања на консултации, она ќе те упати што и како понатаму, ако има шанси за природна бременост, тие се и најголеми во период 6 месеци до година дена од операцијата, ако нема, тек тогаш ин витро. Кој те оперираше?
@Tole убаво ти рекол докторот. Најверојатно затоа и не ти препишале контрацепција која што обично ја даваат за ендометриоза. Во меѓувреме послушај ги советите од тука и информирај се повеќе, ако имаше болки да научиш подобро да функционираш со болеста и да се држи колку се може под контрола.
Тофоски на ГАК Прво ти посакувам брзо опоравување .Ендометриозата е мнг исцрпувачка болест со страшни болки ,тешко е да се тера квалитетен да не речам нормален живот.Јас се оперирав лапароскопски од ендометриоза и поради тоа што сакав бебе после операција немав никаква терапија дадено од доктор освен да работам на случајот природно да забременам бидејќи тоа е најдобрата опција за ендометриозата.Со неа шансите да се забремени се намалени ,но не се невозможни.Јас имав тешка ендометриоза од 4ти степен распространета речиси на целиот абдомен ,со операцијата не успеа се да се исчисти бидејќи се потрудија максимално да ми ги сочуваат јајниците зошто уште немав родено.По операцијата сеуште имав болки како и пред неа,поготово за време на овулација и за време на циклус-во месецот дали една недела бев без болки.Пиев мнг чаеви од ајдучка трева,невен,мацина трава,чај од куркума,серапептаза и што уште не.Поминаа девет месеци од операцијата во меѓувреме постојано одев на контрола и правев испитувања со кои се спремав за инвитро.Ние имавме одличен спермограм ,а и моите резултати беа добри но сепак две инсеминации беа безуспешни.Третата отидов да ја направам само за да ја имам како документ кој го бара фондот за ваучер бидејќи бев помирена со тоа дека природно не бива па ќе треба инвитро.Пред третата инсеминација како терапија од докторот имав дабеостон и аспирин што не беше случај со претходните инсеминации кои ги правев на ГАК.Дента одам за инсеминација ,а докторот на ехо се сомневаше дека сум веќе бремена,а тоа се потврди и со тест преку крв.Моментално си гушкам една принцеза скоро 4месеци веќеУживав во бременоста од аспект дека немав болки и јадев што сакав без да се мислам дали е или не е оваа храна инфламаторна и такви глупости Биди позитивна,опушти се и најди со добар доктор.Топла препорака од мене е доктор Тофоски но од што е мнг баран и зафатен иритира тоа што мнг време се губи во чекање,па го заменив со др.Владимир Трајковски од Њу Борн и воопшто не зажалив бидејќи докторот е толку стручен а при тоа прави да се чуствуваш опуштено и позитивно и ти влева верба со тоа. Поздрав и среќно,што побрзо да се оствариш како мајка
Ти благотаам многу тоаш и јас да се смирам и се надевам и јас може ќе забренмеам да имам едно бебе. Сигурно и мене ке ми направат инсиминација. Па можеби ќе биде❤
Неколку дена после завршувањето на менструалната крв продолжи да ми тече темно кафеав исцедок, ме фати паника и и се јавив на докторката, ми кажа дека се работи за циста која што најверојатно пукнала и ми закажа преглед за следна недела. Ми рече дека не е страшно и да не паничам. Сега кога бев во вц, на хартијата приметив кафеави грутки и ме фати уште поголема паника. Дали имал некој вакво искуство? Опасно е ова? Се избезумив...
@ana-sweet чекај малце. Дали од претходно се знаеше дека имаш цисти? Ако да, дали се знае каков тип на цисти се? Дали имаше болки деновиве кога го имаше тој исцедок? Пошто да пукне циста мислам дека баш ќе се осети, ќе те здоболи или ќе имаш неудобност во стомакот. Дали примети нешто од тоа? Инаку ми се случувало 3 дена да крварам и после до седмиот ден да имам малце кафеав исцедок како грутки малце, баш како кај тебе. Ако немаш цисти не знам како може на невидено да ти каже дека најверојатно ти пукнала циста...
Не се знаеше од претходно, пред 4 месеци правев ехо и се беше во ред, немав никаква циста. Е сега може се направила овие 4 месеци. Имам некои минимални болки како пред да добијам ама ништо страшно. Сепак ова е претпоставка на докторката затоа што веќе 2 недели ми трае менструацијава, или што и да е...пред да прокрварам имав 4 дена кафеав исцедок, крварењето ми траеше 5-6 дена и еве веќе 4 дена пак ми тече кафеаво ама онака баш обилно ми тече и плус со грутки. Никогаш не ми траело толку долго, 7-8 дена максимум ми трае менструацијата
@ana-sweet мислам дека стварно пред да те види на ехо нема потреба да те плаши вака. Од циклус до циклус може да има некои отстапувања понекогаш кај некои жени. Кафеавиот исцедок пред крварењето е од претходната менструација, и истекува тоа прво дури да се пробие менструалната крв. Кафеавиот исцедок после менструацијата е крв, но со потемна боја бидејќи и треба подолго време да излезе од тебе. Колку постара е крвта толку потемна е. Супер е што си закажала преглед, ама дотогаш немој да се грижиш. Едит: симни си ја Clue апликацијата, побарај ја, бесплатно ја има. Следи си циклус во тоа, многу полесно и попрегледно е за да си запишеш и други симптоми или болки. Посебно за се што ти е вака необично или отстапува ќе си имаш.
Здраво сакам да прашам дали знае некој лек за водена циста на јајник, природен или било каков што ви има помогнато поздрав
Caj od ajducka treva, neven i kopriva po 2laz od sekoj na 1.5l voda. mene mi ja snema za 2-3 ciklusi, dali e od cajot ili samata si prsnala neznam.
Леле луѓе јас пак добив...До вчера ми беше по некоја капка кафено, денес ми е доста обилно и е чиста крв, баш добиено и плус такви болки имам во стомакот.