@ana-sweet ајде полека само, немој да се стресираш. Ќе дознаеш дали има проблем и што е, ако има. Колку години си? Дали досега ти се случило вака?
Здраво девојки, би сакала да ве прашам дали со полицистични јајници ви се има случувано да крварите после однос?
Добра сум, фала ти за прашањето Сум имала циста која што пукнала и веќе се повлекува, ради тоа толку ми се одолговлечи целата ситуација со менструацијата, не треба да примам терапија, ќе си се среди само од себе
Здраво девојки, констатирани ми се полицистични јајници пред некој ден и искрено мн сум загрижена. Докторката рече бидејќи сум била млада дека ќе се сределе со терапии и нов начин на исхрана,па би сакала да ве прашам што смее а што не смее да се јаде,пие додека трае лекувањето?
Не се грижи, синдром на полицистични јајници има скоро секоја втора девојка, најверојатно поради модерниот начин на живот и исхрана. Ќе избегнуваш слатки, наместо тоа повеќе овошје, урми, суви сливи и сл. Ќе избегнуваш бело брашно, црвено месо, газирани сокови, грицки и сл.,а ќе внесуваш леб, тестенини итн од интергрално брашно, природно цедени сокови, смути, риба, ленено семе, домашно приготвена храна, зеленчук, салати...
Немој да се грижиш, ова е многу честа појава. Да не се повторувам, добро ти кажа членката погоре за намирници. Ти дадоа некаква терапија?
@ana-sweet баш ми е жал што испадна така, по се што ми кажувале докторите и што имам читано е дека има болки кога пука циста. Се надевам само дека овој проблем сега ќе биде и последен од ваков тип и нема да се повтори.
Девојки, во четвртокот бев на гинеколог, правев ехо и ми кажа дека на едниот јајник имам нешто, најверојатно циста и ми рече после циклусот да одам повторно да види. Вчера вечерта имав страшни болки во јајниците, никогаш ништо не ме болело вака мислев дека ќе умрам. Ми се укочија и нозете. Па ми треба совет дали е можно да е тоа, од цистата да ме боли така или можеби нешто друго е во прашање. Треба да добијам за неколку дена, но не беше менструална болка сигурно.
Dali vi se ima sluceno na nekoj obicno 12ti i 13ti den od ciklus da ima voden iscadok (poobilen) nautro samo? Dali e normalno?