За жал еве ме пак во оваа тема. Додека пробуваме за бебе идпадна дека на левиот јајник имам циста со непозната содржина утре ќе правам тумур маркери па да вифиме дали ќе треба операција. Не е голема 2.3 дај боже да не е од страшните
Водените обично ми пукале при менструација, давале краткотрајна болка ко сечење со ножеви, најчесто и повраќање. Па потоа релативно издржливи болки и многу обилно крварење. Ама не мора да значи, ако е сред циклус може само ко сечење да осетиш и кафеав исцедок (а и не мора, некогаш и само болката е знак). Многу зависи од тоа колкава е цистата. Не се страшни водените, брзо минува болката. Mоже и воопшто да не осетиш симптоми.
Здраво! Имам две цисти од непукнати фоликули и затоа ми доцни менструацијата. Не знам што е тоа и се извинувам ако мојов проблем не е за оваа тема. Дали може некој да ми објасне подетално?
Треба да појдеш на гинеколог да се утврди за каква циста се работи, и доколку треба да пиеш лекарства да пукни.
Здраво девојки, дали сте го користеле прашокот Фолиномел, ме интересира дали помага кај полицистични јајници и изостанок на овулација, мене лично тоа ми го кажал гинеколог? Споделете искуства ако сте го користеле или знаете некој кој го користел
Mozno e da mi docni bidekji mi se otkrieni policisticni jajnici? Vo panika sum zosto sekogas mi idelo 3dena porano a sega vekje mi kasni i nemam predmenstualni bolki kako ko ke mi idese bolki vo stomak ,iscedok i sl samo imam bolka vo gradive. Very molam za odgovor mnogu sum ispanicena.
Здр имам циста на јајникот и треба да се правам операција дали знае некој кој ден од добиено се прави операција ? Фала многу
Здраво На последниот гинеколошки преглед ми беше најдена циста на десниот јајник и задебелување на грличот на матката..докторот ме прати на испитување на тумор маркери ,ми зема брис за ПАП тест комплетна крвна слика и хормони сите резултати беа супер ПАПОТ чист , тумор маркери нормални освен серумското железо кое беше многу ниско 2.9 другото е се во ред но јас не можам да добијам менстроација а ги имам сите сумптоми надуеност болка во карлица во нозе кичма..Докторот ми рече дека не е чудно што не добивам со волку ниска вредност на железо ми даде лекови за него па за една недела контрола..Некој со слично искуство..Фала Ви
Здраво, поради циста на лев јајник докторката ми препиша Микрогинон. Ги пиев 21 ден, се до вторникот. Докторката рече дека одма ќе добијам, но еве веќе 5 дена откако ги завршив таблетите уште немам добиено, некоја слично искуство со Микрогинон и дали е нормално? Фала ви
Би требало за 7 дена најкасно да добиеш 21 ден си ги пиела плус 7 точно на 28 дена како што по правило треба да добиеме ..ако не добиеш а сигурно ќе добиеш пак на лекар
Здраво девојки. Вака сега, при поголем дел кога имам менструација имам неподносливи болки уште од 16 години. Некогаш завршувам и до итна. Бев на гинеколог, ме погледна на ехо и ми рече дека се е во ред, немам цисти и слично и дека било нормално. Е, сега како може да испитам дали имам ендометриоза и дали е можно тоа иако на ехото покажа дека немам цисти?
zdravo! imam 51 godina i eve mesec dena nemam mestruacija, no cuvstvuvam bolka vo desniot jajnik. Dali e normalna bolkata pred menstruacija. i eventualno klimaks da pocnuva?
Најдобро 3-4 ден после циклус до недела, меѓутоа на клиника не обрнуваат многу внимание на тоа едниот доктор ми рече оперираме кога има термин. Инаку 5ти ден сум денес од операција на дермоидна циста и сосема случајно во тој период да ме оперираат. На клиника не те прашуваат кога имаш добиено кога те викаат.
Дали имаш карлична болка по завршување на менструација? На ехо за ендометриоза може да се открие ако се види какви цисти, ако има чоколадни цисти оние што не пукаа при менструација. Најефикасен начин за откривање на ендометриоза е со лапароскопија, но прво треба да се направи испитувања, какви симптоми имаш, болки при однос, патолошки тест, историјата на блиски од фамилијата и сл. Немора да значи дека имаш ендометриоза, има и други здравствени проблеми со симптоми слични на ендометриоза.
Фала ти прво за опширниот одговор. Знам дека има низа болести што ги зафаќаат репродуктивните органи. Немам карлична болка по завршувањето на менструацијата. Не колку што сум забележала. Секако ќе одам на гинеколог деновиве и ќе видам што тој ќе каже, пошто стварно често завршувам со големи, неиздржливи болки и не е во ред секој месец да ме боцкаат. И тоа само првиот ден, после се е океј. Имам и историјат и болки при односи, подуен стомак...
Дали кога немаш циклус имаш болки ? Треба се детално да се испита и со колпоскопија, ултразвучен преглед. Како шо ти пиша членката исто лапасоскопија. Се прави детални хормонски испитување и тумор маркери. Најчесто кај ендометриоза се покачени тумор маркерите, но има случаеви и кај шо се нормални.
Многу е чудно ова. Пред 2-3 месеци не, сега да, ама обично во овулација и се изджливи болки, не се многу страшни. Ќе прегледам девојки, млада сум, сепак и раат да сум и да знам што ми е. Ова е сега само погодување, се надевам не е страшно, ама поголем дел на симптомите натаму укажуваат.
Во овулација е нормално да имаш болки. Не е нормално да имаш болки после завршување на циклус. Не мора да значи дека е ендометриоза. Има многу девојки кои имаат големи болки при циклус, без да имаат некој проблем. За да бидиш мирна провери си и појди кај добар гинеколог.