Здраво женски Од кога го добив првиот циклус (2012) па се до септември 2020 добивав на 27/28 дена. Во септември имав циста на јајникот и притоа ми доцнеше 20+ дена. После тоа, скроз ми се поремети. Сега добивам на 34-38 дена. Сакам да ве прашам дали е нормално? Дали ќе се врати на нормала?
Дали беше на гинеколог да видиш за каква циста станува збор, која големина и дали сеуште ја имаш? Ако сеуште ја имаш може да предизвика пореметен циклус, болки во јајниците и да не ти е редовна, но сепак нормален циклус варира од 28-35 дена. Може да биде и поради хормонски причини поврзани со јајниците , стрес но и со другите жлезди во организмот. Најдобро е да одиш на преглед на гинеколог.
Дали знаете од што би можело да биде веќе 3 пат ми се случува после 10 дена од менструацијата да имам малку розева крв и мала болка како да добивам, тоа трае 2 -3 саати и после веќе нема. Од јануари па навака ми се случува после секоја менструација, дали е некое чистење од циклусот?
Здраво девојки. Последниве денови имам како тапа болка во пределот на матката и некогаш и кај јајниците. Но не онака убава болка туку сосем млака и кратко трајна. Менструацијата ми доцни еве веќе 8 дена. Да сум бремена не ми се верува бидејќи имав однос не заштитен но не дојде до свршување. Што можи да биде? Исто така и при допир во долниот дел на стомакот ме боли.
При рутински гинеколошки преглед, гинекологот ми најде две чоколадни цисти на левиот јајник, со големина од 15мм и 17мм. Сепак не добив никакво објаснување или препорака за понатаму. Односно одговорот беше дека ќе треба да се следат еднаш годишно. Дали имате препорака за гинеколог кој е стручен во оваа област?
За гинеколог неможам да те советувам, но за контроли би те советувала и на 6 месеци да правиш ехо. Бидејќи не се знае со каков интензитет ќе растат.
Да и тоа ме интересира, искуства кај девојките за чоколадните цисти, за колкав период можат да се зголемат до фаза за нивно отстранување. Исто така не можев да најдам информација дали можат да останат иста големина со години. Сеуште сум млада 26 години и ме плаши помислата од операции на оваа возраст
Мислам дека до кај 4-5см се сме за нормално, после тоа се прават испитувања и терапии се одредува. Моментално и јас ја имам една на десниот јајник. Кога ми ја открија беше 12мм, после една година порасна на 24мм. Контролите ги правам на 6 месеци. Сепак тоа колку ќе порасне е индивидуално и се зависи од организмот. Имај во предвид дека може ќе имаш болни циклуси и болки во јајниците меѓу два циклуса( се е индивидуално тоа може и ќе немаш болки). Како терапија се препорачуваат контрацептивни таблети или бременост.
Devojki, ve molam za pomos. Bev na ginekolog, dobivav na 30 dena menstruacija sekogas, a sega na 40 veke. Mi dijagnosticira policisticni jajnici. Ginekologot me prakja da ispituvam hormoni, vo Skopje na klinika so upat, bidejki mi spomna deka privatno mnogu ke platam, zaradi sto mnogu hormoni sum imala za proverka. So ogled na situacijava so kovidov, (a ne sum od Skopje), dali sega periodov se cheka red na klinika, i dali ke bidam megu drugi potencijalni pacienti koi se ispituvaat za kovid? Mozebi e smesno prasanjevo, ali nitu sum bila na klinika nekogas, nitu znam dali se toa posebni oddeli i kako e sega organizirano. VE MOLAM nekoja da me informira za ova, vo ocajna sostojba sum zaradi problemov koj go imam. Fala odnapred!
Твоето испитување нема врска со Ковид пациентите. Тебе би те пратил на ГАк или клиничка биохемија. Таму не се испитуваат ковид пациенти. Инаку зошто во Ск? Хормони може во секој град каде што има лабораторија, распитај се само дали има реагенси, било во твојот град или околни градови што ти се поблиску.
Земи упат за биохемија на клиника во државна се завршува многу брзо работа кога ќе отидеш на биохемија си вадиш бројче има автомат колку и да чекаат брзо оди редот работат два шалтера а три оддели за боцкање има на упатот ќе си го пишеш мејлот ако сакаш преку мејл да ги добиеш резултатите ..ги праќаат истиот ден отприлика од 350 до 500 денари за сите хормони платив партиципација
Ti blagodaram za pojasnuvanjeto, ne bev vo tek, nikogas ne sum ispituvala. Inaku mi rekoa upat za na klinika vo Sk, bidejki ne se znae dali ke ima reagensi, a veruvajte vo pomalive gradovi so kovid situacijava e haoticno (prednost i vnimanie im se dava na kovid pozitivni pacienti, ova moevo e "nebitno", ne te ni soslushuvaat). Do nekade gi razbiram, ama samo do nekade. Megu drugoto, eve kako primer, maticnata ne mi ni dade upat za da ispitam skrien seker, da sum odela vo privatna labaratorija, a od privatnata velat: "nema zakazuvanje, cekate so site drugi pacienti na red" (koj za krvna slika/crp, koj za ddimeri, koj za antitela, polovinata od niv pozitivni strashno).. Fala uste ednas!
Zdravo edna drugarka ima cista na lev jajnik vodena 3.5cm doktorkata ne i prepisala nikakva terapija i rekla da sledi ako i dojde menstruacija da odi na kontrola ako ne i dojde po 3 meseci da odi na kontrola, malce e uplasena ako stignela do 5cm trebalo hiruski da se otstrani. Dosega nemala odnosi, prasanjeto ni e kako se izvrsuva operacijata, dali so operacijata ke ja izgubi i nevinosta?? I dali e strasno??
За водени цисти само чаеви од брусница да пие. Водените цисти не се страшни, најчесто пукаат со доаѓање на менструацијата. Треба само редовни контроли на гинеколог за да се следи состојбата. Лапароскопија се изведува кога има ендометријални "чоколадни цисти" кои се полни со крв и не пукаат со менструација што не е во нејзиниот случај така да не се плаши, без грижи и стрес.
Zdravo devojki. Sakam da spodelam so vas mi treba vase mislenje,sovet. Pred okolu 2 nedeli imav dobieno ama samo prviot den mi bese super onaka kako treba a posle ostanatite 2 dena poslabo (megjuvreme drzev mn stroga dieta)....sega pred 2 dena vidov krv na gakjite ne mi tece kako regularno da imam dobieno nego onaka kako iscedok. Inace imam policisticni jajnici....sto mislite spored vas sto bi mozelo da e?