1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цисти на јајниците

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Suzeto, 26 декември 2009.

  1. TheLovelyGirl

    TheLovelyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Пред некое време бев на гениколог и ми најдоа голема циста на јајникот 10мм ми рекоа дека е забрането операции и затоа ми препишаа Дабростон пиев 10дена поминаа 9дена откако престанав сеуште немам добиено има некој совет или слично искуство нормално ли е толку да ми доцни?
     
  2. Noraa99

    Noraa99 Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Pred nekolku godini imav vodeni cisti, toa me predizvikal opaganje na kosata i hormonalni akni, simptomi ovie sto seuste gi imam.
    NEKOJ DOBAR GINEKOLOG VO SKOPJE ZA VAKVA SITUACIJA?
     
  3. valerija22

    valerija22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    11
    Sto napravi so cistata me enteresira i jas imam 6mm treba da se operiram ama i mene mi rekoa deka e zabraneto
    Bev vo Remedika mi rekoa laparaskopija 75.000,00 denari
    se mislam da odam vo Remedika na GAK nemaat aber za operacii
     
  4. TheLovelyGirl

    TheLovelyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Примам терапија Дабростон откако ке завршам ќе одам на гениколог да проверам а за на приватно ми рекоа да не одам бидејќи многу пари бараат а не е многу итно и да пробам со апчиња.
     
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Денес отидов на контрола за јајниците, нели пишував претходно оти ми дадоа дијагноза цисти, денес пак на кратко ехо рече дека има ситни цистички, најверојатно е пцос и по втор пат кога прашав за нивната големина и лекување, добив одговор дека засега ако не ми прави ова големи проблеми или ако не планирам бременост да оставиме вака.

    Искрено, сомнително ми е и страшно да го оставам ова туку така бидејќи не е нормална, здрава состојба на јајниците, а можеби и само паничам без причина, навистина сум збунета.

    Дали да барам второ мислење(ако да, предлог за преглед на приватно кај лекари од кои сте задоволни), што можам сама да преземам за да ја држам состојбата под контрола?
     
  6. Anastasia9228

    Anastasia9228 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Од каде си?
     
  7. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.309
    Пол:
    Женски
    Дијагноза за пцос не се поставува само од ехо треба да се направат повеќе испитувања, и треба да имаш барем 2 од следниве симптоми: 1.покачени машки хормони лабораториски и може или не мора зголемена влакнетост, 2.повеќе од 10 цисти на јајниците 3.нередовни менструални циклуси
     
  8. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    На првото ехо кога виде цисти, ме праша за циклусите, ме праша дали чувствувам болки, дали има проблеми со влакнетост и рече дека најверојатно е тоа. Ми рече да не почнуваме со терапија веднаш, не ми ни спомна за проверка на хормони, а на следното ехо што буквално траеше нецела минута го рече истото. Ако не сум планирала бременост и не правело проблеми засега, да не чепкаме ништо. Како може и смее така?
     
  9. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.309
    Пол:
    Женски
    А имаш и други симптоми освен цистите ? Од ова шо ти го набројав? Ако имаш би требало лабораторија да направиш исто испитуваат и инсулинска резистенција за оваа состојба
     
  10. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Ни за хормони ни за резистенција не ми кажа да проверам, апсолутно ништо, ич. Да не сме чепкале.
    Колку цисти биле не знам, знам рече повеќе ситни цисти видела.
    Циклусот знае да варира, те порано те покасно.

    Сакав едноставно сама да отидам да проверам и да најдам некој доктор макар и на приватно за второ мислење бидејќи не е едноставна дијагноза, не можам да оставам туку-така. Ако има некој предлог доктор, пишете, ве молам.
     
  11. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.309
    Пол:
    Женски
    На приватно многу се скапи хормоните да ги проверуваш, може со упат да отидеш мене ми даде гинекологот и мора да испиташ за да знаеш на што си. Може ли сама да му побараш кога не му текнува него
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Афродита Стомнаровска Јовановски од Ремедика ти ја препорачувам за второ мислење носи и се што си испитала,за докторката немам зборови
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    29.306
    Пол:
    Женски
    Имам дијагноза PCOS од лани септември. Имам хиперинсулинемија, резистенција на инсулин и покачен тестостерон. Од матичниот гинеколог не добив никаква терапија, а од ендокринологот ми е препишан глукофаж. Освен што екстремно се поправив, имам нередовни и многу болни циклуси, ми се појави и влакнестост на лицето, пределот кај брадата. Стварно ко млада девојка ми е проблем ова, дали вие пиете некаква терапија за пореметените хормони? Дали да одам на друг гинеколог пак на преглед?
     
  14. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Женски
    Не ти треба гинеколог, туку ти треба ендокринолог.
    За хормони се оди на ендокринолог, ќе си закажеш термин на ендокринологија ќе си ја кажеш маката што ја имаш ќе испиташ хормони ќе наведе кои, и врз основа на резултатите ќе ти даде соодветна терапија.
    Штом ти се појавила влакнетост ( како на мене) тестостеронот сигурно ти е покачен. Им соодветна терапија, најбитно е што побрзо и порано да си почнеш со третман.
    Барај ендокринолог не гинеколог.
     
    На Lavender4 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cute bunny

    Cute bunny Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    28
    Докторот телефонски се сомнева на пукната циста. Имам болки во јајниците,долниот дел на стомакот,крварење еден месец и тврда столица(не ја земав терапиката за полицистични јајници од пред7месеци). Што значи ако пукне циста???
     
  16. Maki5123

    Maki5123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Денес бев на преглед прв пат па од паника не прашав тоа што ме интересираше (facepalm) Требаше да добијам на 26.05 но 14 дена ми доцни 9 дена само кафеаво и тоа минимално, имав односи на 15.05 и 29.05 со заштита па од страв се решив да одам на преглед, најпрвин ме праша дали сум сексуално активна и јас и одговорив дека од скоро не и кажав точно од паника и при прегледот ми најде водена циста 22х20 мм и ми препиша оргаметрил 5 дена по 2 апчиња и ми рече дека 7 до 11 дена ќе треба да добијам и дека тоа е причина за болките во долниот дел од стомакот и тоа што ми доцни. Некој да сподели искуство со апчињата бидејќи биле хормонски па ми е страв да ги земам.
    Исто ме интересира при преглед колку недели треба да има бременост за да може да се види?
     
  17. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Женски
    Повеќе пати испитував хормони и се оди во прилог на пцос, но ми рекоа дека не е веднаш потребна терапија.. од сите симптоми имам само акни на лицето, циклус редовен секогаш.
    Сега имам циста на десниот јајник од 4цм и најверојатно ќе ми биде препишана терапија утре треба на лекар да одам.. Искуства со одредени терапии во однос на подобрување на состојбата на лицето и можноста за забременување?
    Секое искуство кое ќе го споделите ќе ми биде ептен од помош, бидејќи веќе сум најанксиозна и најдепресивна што можам да бидам...
     
  18. Baby-Blue

    Baby-Blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    155
    Можеби прашањево не е за овде ама ако може некоја да ми одговори зашто се исплашив да не станува збор за циста. Секогаш имам редовна менструација на 26 дена, а во периодот на овулација ретко осеќам болка во јајниците но трае 2 3 дена. Е овој пат болката почна некаде кон 15-от ден од менструацијата и се уште ми трае, значи некои 5 6 дена. Чувствувам болка во левата страна кај јајникот на моменти, најмногу навечер. Секако ќе одам на гинеколог но откако ќе добијам, се плашам да не е циста или нешто лошо.
     
  19. Butterfly522

    Butterfly522 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Последниот пат кога бев на гинеколог докторката ми кажа дека имам водена циста од тие што пукаат пред циклус, дека не е ништо страшно. Но дали е возможно ваквиот тип на циста да ми предизвикува акни, дали е потребен некој третман докторката ништо не ми препиша а еве јас мака мачам со лицето а од секогаш ми било чисто
     
  20. Cute bunny

    Cute bunny Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    28
    Девојки здраво. Дали имате користено таблети Мака и колку ви помогнале? ( Мене ми ги препишаа за полицистични јајници)