Здраво на сите, Од искуство ви кажувам секогаш да отидете на второ мислење, пошто мене прошлите 3 месеци ми рекоа се и свашта. од редовен генеколошки преглед ми рекоа дека имам полоцистични јајници ( немам ниту еден знак за тоа, најредовна менструација, акни не, влакнетост не итн) притоа пошто ми бил левиот јајник отечен ми дадоа микрогинон кој ги пиев цел месец за да се одморил јајникот. после циклус отидов кај друг генеколог бидејки овој што ми ја даде дијагнозата беше на одмор, а ја сва у паника. Вториот гинеколог ми рече дека немам полоцистични јајници туку дека имам циста на лев јајник која не е страшна може да пукне. По само еден месец поради проблеми со бубрег бев на комјутерска томографија кај со ми беше снимен цел абдомен. докторот ме испаничи и ми рече дека матката и грлото на матката ми е преполн со миоми и ми наведе во извештајот да ми се одреди кој стејџинк ми се миомите. Повторно бев кај вториот генеколог кој ми правеше ПАП, калпоскопија, ехо и што ли не. Дојдовме до заклучок дека ниту имам миоми ниту имам полицистични јајници, туку само мала циста на лев јајник. Ве молам секогаш барајте второ мислење, пошто мене ме оставија без памет.
Zdravo zenski... treba da pravam laparoakopija na cista na jajnik vo drzavna. Imate nekoe iskustvo kako ste pominale? Dali moze da se desi nekoja komplikacija od takva operacija. Pozz ubav den
Јас и имам само пофални зборови. Компликации може и од вадење заб да настанат но веројатноста е многу мала, така да не грижи се, се ќе биде добро.
@Dzvezdicka1 јас правев двапати, имам само убави зборови за персоналот, од доктори до сестри што беа на дежурство. Со лесно, после тоа не се форсирај за да си заздрави се убаво.
Devojki, da ve prasam ste lekuvale li folikularna cista na jajnik so kontraceptivi, sto pievte i dali brzo se povlekuva
Ако сеуште не си закажала иди во чаир кај др. Илиевски. На гак пред две години правев лапаро ( мораше таму ) ми пукна цистата и мораше итно операција. Ме оперираше др. Јадранка и полошо искуство во живот не сум имала. Пред 7 месеци правев исто лапаро и хистеро во чаир и немам зборови за докторот. Се до детал ми објасни после операцијата доаѓаше по три пати дневно да не види да праша како сме што се. И после операцијата сеуште си одам на контроли кај него. А и сестрите на секој 30 мин влегуваат и те прашуваат дали ти треба нешто. А на гак со врски бев и пак ( извинете на речник) маме ми ебаа...
Мене таа дијагноза ми ја пишува на извештајот ама мене ми прсна и со јаки болки отидов во државна сакаа да ме задржат... решение за оваа циста има? Сум имала параовијална и ендометриозна оваа некако најстрашна ми беше
Moze i da prsne koga ke nastapi menstruacija, jas pijam kontraceptivi, toa e nacin da odmorat jajnicite i cistata da se povlece
@Ivana 8 може да го опишеш чувството за корпус лутеум циста? Дали имаше болки само во јајникот или и грбот?
Немав никакви болки претходно. Клекнав да земам нешто и неможев да се исправам.. јас трпам физичка болка многу, ама тоа не се издржуваше.. како некој со нож да те сече, неможев да се исправам, неможев ни да седнам, да легнам, почна телово да ми се тресе, да ми се повраќа и имав чувство како да ми се оди по голема нужда а уствари не ми се оди. Отидов во државна и ми рекоа дека имам излив... ама имаше повеќе крв од што треба да има. Тројца доктори ме гледаа ми рекоадека е функционална циста и дека ми прснала и мора да ме хоспитализираат, ама ја несакав и си дојдов дома. Пијам serrapeptaze и строго мирување. Претходно немав никакви "симптоми" ... сега искрено незнам што ќе праам бидејќи и за бебе се обидуваме и цистава и се...
@Ivana 8 колку време ти трае болката? Прашувам бидејќи мислам дека и јас имав ваква циста како последица на пункција. Се надевам дека се чувствуваш подобро и дека ќе помине за брзо. Ти пуштам среќа да биде во ред без хоспитализација. На мене ова ми се случи после пункција, во краток период правев долг протокол два пати.
Остра болка имав саат ипол ама со два кетонала ми помина малку... сеа ме боли само ако пешачам многу или ако правам нагли потези... јас незнам од што ми е... немам ништо примано за стимулација само пред три месеци пиев дабрастон ама мислам дека не е од тоа. Ти каква болка чувствуваш?
Здраво драги феминки Сакав да ве прашам мислење на следново: Имав печење на десната усна од вагината. Бев на гинеколог правев ПАП и ехо. Ехото беше добро на папот немаше бактеријс, инфекција или Др.Ми дадоа антибиотик доксициклин 10 дена и флажил вагинални таблети. Сега повторно ме пече десната усна од вагината од како ја завршв терапијата. Додека ја примав терапијата ми беше се во ред, но кога престанав повторно истото. Со оглед на тоа дека испитувањата не покажаа ништо што да направам? Дали е циста? Но кога бев на ехо немаше циста
@lepoticamagicna штом ПАП тестот е чист или е уринарна инфекција или си алергична на некој детергент што го користиш. Да не смени прашок за алишта или омекнувач? Од тоа ми се има случувано така чешање + црвенило. Побарај да ти направи уринокултура да видат да не имаш некоја уринарна бактерија. Може да си земеш некој понежен детергент, не користи омекнувач некое време, додај лажиче сода во пералната и пеглај ги некое време да видиш дали ќе се намали. И секако понежни материјали, избегнувај синтетика и танга гаќички на некое време. Штом и ехо и пап е чисто, ништо друго не ми иде на ум...
Ти благодарам. Направив урино култура но и тоа беше чисто. Ехото беше направено од гинеколог но на стомак. Ако имаше циста дали ке се видеше? Ти благодарам многу
@lepoticamagicna па мислам дека ќе се видеше ако имаш циста. Зошто не ти направиле вагинално ехо? Е сега надворешно печење од циста...најверојатно е некоја иритација. Можеш да избегнуваш и интимни гелови на некое време. Прави си промивка со чај од камилица да го смири чешањето. Во случај на инфекција гинекологот ми кажа дека може и промивки со сода бикарбона ама кај тебе па се е чисто...така да со камилица еднаш дневно обавезно. Многу чудно ова што ти било ок дури си примала антибиотик. Затоа мислев дека е некоја бактерија.
Ти благодарам драга. Јас многу сум загрижена седиште. Како болка е некоја од десната страна на вагината.повторно да те прашам не е циста? Не знам од што може да биде кога се беше чисто. Урино култура испитував и таму ништо не најдоа. Дали да земам вагиналми таблети? Без рецепта? Да ми препорачате