Со вагинално ехо, а потоа треба да испиташ и тумор маркери па едната ми е 4цм а другата околу 2. Тумор маркерите се над нормала. И сега треба пак да одам на преглед 5 ден откако ќе добијам. Докторот не предлага хирушки зафат бидејќи после некое време пак излегувале на исто место и така се оштетувал јајникот и помали шанси за бременост
Здраво девојки Дали некоја од вас имала "чоколадна циста" (ендометриома) и како се справивте со тоа? Јас и момчето се обидуваме да зачнеме веќе 5 месеци и неуспешно... Вчера бев на гин и ми рече дека само бременост ми е лек.
Колку е големината на цистата? Докторот вели дека многу е важно да не рссте, а доколку расте треба да се извади исто така битни се и тумор маркерите. Мене скоро ми открија и сега ќе треба пак да направам преглед 5 ден откако ќе добијам со цел да видиме дали ќе може со терапија да се прекине растењето. Исто така ми рече дека ќе прави проблеми доколку сакам да останам бремена
Цистата ми е 2 цм. Не можеше докторката повеќе да ми каже зашто сум пред мензис и ендометриумот ми е задебелен.
Ист е случајот и кај мене. И јас исто така сум пред добивање. Мојата е 4цм и затоа ќе одам 5 ден откако ќе добијам за да провери дали ќе се зголеми или ќе се намали после менструација
Мене ми кажа после циклус, за да ми направи тумор маркери. Искрено сум избезумена. У меѓувреме ми даде да пијам s-femme, ќесички со прашок, нешто како бустер за плодност.
Хелооу, јас сум нова на форумот . Имам цистични јајници и сум во фаза на забременување, хормоните ми се добри, Гинекологот се сомнева дека немам редовни овулации, па ми ги препиша овие таблети Chirofol 500, ама јас сум малку скептична. Дали некоја од вас ги има пиено?
Колку е опасна за операција циста на белите дробови? Дали некој го доживеал тоа? Операцијата ќе се прави во Германија*
Jas bev na godisen pregled kaj ginikolog i mi vide vista na leviot jajnik nemam ragano planirame dete odma operacija mi kaza pa posle bebe a jas imam redoven menstrualen ciklus nemam nikakvi bolki vo stomahot ni pa bolki pri mokrenje ili seksualen odnos ni pa nekoj cudni sekreti se e ok ne sum doktor ama po site vasi iskuctva sto gi procitav mislam deka treba da se napravat i dr ispituvanja kako krv mokraca da se prati cistata ili tableto caevi a ne odma operacija mnogu sum isplasena pomagajte
Ти кажа ли докторот која е големината на цистата? Јас сепак сметам дека требало да те прати на испитувања прво. Јас би побарала второ мислење.
@Beba123 ај вака, полека само. Знам дека не ти е лесно во ситуацијава, си се исплашила а и плус планираш бебе. Тоа што ти го рекол зависи од многу нешта што си му ги кажала. Дали веќе некое време се обидувате да имате бебе? Ако да, најверојатно таа циста што ја имаш која не е баш мала пречи за да можеш да забремениш. На жените на кои им била отстранета ендометријална циста им се препорачува да почнат со обиди за бебе месец дена после операцијата и кај повеќето е успешно. Кај некои жени со ендометриоза даваат контрацепција за да пробаат да ја намалат количината на крварење па со тоа да се спречи формирањето на нови цисти или да се спречи растење на веќе постоечките. Освен ехо и хормони, друго не сум сигурна што би те пратиле да испиташ. Пред операција бараат пап и брисеви ама сега засега тоа да го тргнеме настрана. Не сум доктор, ама кај тебе контрацепција не е опција бидејќи планираш бебе затоа ти рекол да направите операција. Затоа можете да почнете со обиди за бебе, дајте си некое време. Ако бидне - ќе бидеш раат додека си бремена за формирање на нови цисти. Ако не бидне, тогаш отиди на операција. И јас имав редовен циклус, немав болки освен при овулација ама мило ми е што се решив за операција иако не ми се веруваше дека ќе треба да се оперирам тогаш кога ми кажаа. И уште едно нешто можам да ти кажам. Ако си несигурна во својот доктор, ќе ти биде многу тешко да отидеш и да легнеш на стол за операција кај него и да му дозволиш да те оперира. Размисли зошто е тоа така, дали треба да побараш второ мислење, дали си се вознемирила, дали се чувствуваш како да не ти посвети внимание, било што, направи нареден месец пак контрола и муабет со него. Мораш да имаш доверба во доктор за вакви големи работи, сепак ние сме личности на форум што не ја знаеме целата ситуација и целата медицинска страна и како тој размислува. Небитно дали ќе се одлучиш да тераш со овој доктор или со второ мислење, продолжи да одиш таму кај што имаш доверба.
Mi najdoa cisti na dvata jajnici, ne se golemi i bile kako kese polni so krv Mi rekoa ne e strasno sami ke puknele i mi dadoa apcinja 15 dena da pijam Opasni li se? Od sto se pojavuvaat tie? Prennogu sum isplasena