Пред мојата операција направив многу прегледи и сите ми рекоа треба операција. Сега после 4 години се каам што ги послушав. Зошто тогаш не се обидував да останам бремена туку само имав високи тумур маркери немав болки. Сега имам пак цисти и најдов доктор кој ме советуваше да почекам со операцијата. Ех си викам да ме прегледаше тој доктор пред 4 години.
Zdravo feminki Se nadevam deka moeto iskustvo so endometrioma na desen jajnik ke mu pomogne nekomu. Znaci se spremavme za invitro I doktorkata mi naoga skoro 6cm "cokoladna cista na desen jajnik". Pocna panika da me faka( inaku ziveam vo stranstvo) I se rascepkav po forumite da najdam nesto na priroden nacin da se namali. Inaku vo sprotivno ke trebase hirurski da se otstrani... Znaci vo rok od 2-3 nedeli do sledniot pregled jas stavav prilicno topla voda vo sise na stomakot. Koga dobiv ciklus mene mi ispuka cistata( toa e mnogu retko za vakov vid na cisti) I normalno od bolka zavrsiv na itna...Iako neubavo iskustvo sepak bev srekna deka ne treba hirurski da se otstrani. Se izvinuvam na dolgiot post, ali se nadevam deka nekomu ke mi pomogni.
Се согласувам со тебе. Моја братучетка на 20год и тоа во Швајцарија правеше операција за вадење на циста на јајник и тогаш тоа беше препорачено од тамошен доктор после две години пак се појави циста на истиот јајник, а јајникот оштетен. Исти проблем имам и јас две цисти на јајник но мојот доктор ме советуваше дека не е добро да се прават операции и дека после некое време пак се појавуваат а со операциите се оштетува јајникот. Во случај ако брзо растат тогаш треба веќе операција. Ми даде совет да останам бремена дека тоа ќе помогме но сум млада сеуште не сум спремна за таков чекор
Пред 3недели после мензис бев на гинеколог и ми најдоа циста на левиот јајник, претходно не сум имала симптоми освен болки пред добивање и подуеност..После некое време од прегледот ми дојде повторно мензисот ама 10дена порано бев повторно на преглед па ми рекоа дека цистата пукнала,прашањето ми беше дали може да предизвика порано да дојде добиеното или само од цистата било крварењето(да напоменам крварењето ми траеше 5дена исто како менструација да имам)
Ако може некоја да ми објасни што значи овална хипо и хиперехогена формација. Минатиот месец немав ништо, а сега ми се формирала циста. Се обидувам да се присетам, ама мислам никогаш не сум имала циста. Треба ли да ме загрижува? Голема е? Ме загрижи ова, во обиди за бебе сме. Ќе смета во процесот? Спојлер: Наод
Тоа хипер и хипоегогено се однесува на тоа дали ткивото може повеќе или помалку да рефлектира ултразвучен бран. Не е многу голема цистата, но ако не пукне може да порасне. Јас имав со пречник околу 5цм и имав енормни болки. Најчесто пукаат сами при циклус, без да направат проблеми. Ќе ја следиш состојбата со гинекологот. За бебе не би знаела, тоа најдобро со доктор да се консултираш.
Тоа ги објаснува болките шо ги осеќав пред 3 недели отприлика. Чувство како за во ВЦ, притисок, напнатост долу ниско. Ден после тоа ми дојде и препишав на тоа иако беше многу различно од болка пред пробивање. Плус и сега одвреме навреме осеќам тапа болка и накај ногата се шири. Докторот ми рече за три месеци контрола, некако многу ми се чини. Не ми спомена причина од што се појавила. Ќе следам ситуација секако, фала ти многу!
Да тоа е од цистата, јас исто осеќав болка во ногата и половината, ама добро е ако се издржливи болките. Можеби би било убаво после следниот циклус да видиш дали ќе се повлече и да не чекаш 3 месеци, чисто за да си мирна. Јас имав уште една помала циста после таа од 5 цм која веднаш исчезна откако добив циклус, се надевам и кај тебе ќе е тоа случај Кај мене причината беше полицистични јајници, доста честа појава кај жените. А со хормоните ми беше сè во ред тој период.
Ах ах. Ја уствари отидов да ми потврди дијагноза пцос и да виде дали сум имала овулација. Ама нит тоа нит тоа ми потврди, ми рече на ехо немаш пцос, освен цистата, а за хормоните што алудираат на полицистични ме препрати на едокринолог. Fair enough, човекот не сакаше да се меша надвор од гинеколошкиот дел. Баш ќе следам што ќе се случи после мензис, здравје.
Vo drzavna imam loso iskustvo me ostavija so mokra pidzama da sedam posle poroduvanje....a vo sistina sum bila kaj mihajlo popovic i mnogu sum zadovolna so nego iako i lazarov e mnogu dobar lekar taka da moja preporaka e sistina skapo e malku povekje ama sepak zdravjeto e vo prasanje
Здраво ве молам за одговор вчера ми открија циста на јајникот 4см и Др ми рече дека е со густа течност...денес направив тумур маркери чекам резултати...ве молам ако некој има искуство да ми каже што следува.Поздрав
Здраво феминки, вчера на гинеколог ми кажаа дека имам излив најверојатно циста што не сум знаела дека ја имам. Оперирана сум на едниот јајник од циста, сега излив. Дали има некоја феминка со излив да ми објасни што како прошла, дали се повлекол или треба хируршки нешто. Фала ви
Здраво девојки, што може да биде доколку неможе да ви видат десниот јајник на ехо, го имам овај проблем моментално. Не еден туку двајца гинеколози и еден интернист кажуваа дека десниот јајник неможе да ми го видат убаво.
Jas imav "cokoladna" cista na desniot jajnik I koga dobiv menzis cistata puknala. Mnogu retko za ovoj vid na cisti. Na eho vidoa deka ima izliv I nekade okolu 2-3 nedeli trebashe za da se povlece,, t.e absorbira vo teloto. Inaku malku cuden mi bese toj menzis, imav mnogu kafeav iscedok.
Дали е возможно да се дијагностицираат полицистични јајници само со ехо? Докторот не ми даде да направам никаква лабораториска анализа на крвта, ни да испитам хормони сите симптоми на тоа укажуваат а тој ме убедува дека немам.
Може, се гледа на еден јајник или на 2та на ехо ако има повеќе цисти тогаш станува збор за полицистични јајници ама ако сакаш оди на 2ро мислење.
Јас еве прв ден имам менструација и некако не е црвена боја него како врз крвта да има сипано вода, како да е прозирна, дали е тоа од пукната циста? Јако ме болат јајниците.
Мене кога ми пукна ми течеше кафеава крв дури накај црна, ако ти била со некоја течност цистата најчесто сама се ресорбира не тече така,ваљда ти е слуз помешана со крв од самата матка.
Требаше да добијам вчера, ама од четвртокот десниот јајник ме искина од болење, и ногата неколку пати како да ме трга и ме боли, ама буквално ме искина, се напив Аналгин се смирва некое време па пак продолжва, ми течи темно жолта течност скоро кон кафеава. Циста имав порано водена, ми пукна дури ме прегледваше и добив одма, болките што ги имав тогаш беа слични со овие, башка надуеност да не зборам поарно ужас. Ставив шише со топла вода ми се смирва ама не за долго Можно е пак да имам циста? Многу се плашам...