Здраво девојки. Веќе некое време имам крварење помеѓу циклуси, значи непрекинато до следна менструација. Темно кафен исцедок, а кога ќе се избришам чиста крв. Имам полицистични јајници, можно е да е пукната циста?
И да и не.. не мора да значи. Мене циста од 5цм ми пукна при самиот циклус и се осети и се виде на ехо. Братучедка ми без пцос исто вака имаше кафен исцедок со денови, беше на гинеколог, се е океј на ехо и при преглед, и рекоа да испита хормони. И напоменаа дека можно е да е од стрес, промена на клима ( одмори ) итн..
Не смееш да се плашиш, мора да отидеш на преглед за твое добро. Досега, ниту еднаш не сум имала болен преглед. Што ти се случи? Што толку беше преболно?
@Maay мораш да провериш на гинеколог што е работата. Побарај друг доктор и знај дека ако ти е преболен прегледот со спекулум сосем нормално е да побараш да те прегледа со лубрикант т.е да стави лубрикант на спекулум. А ако ептен нема потреба од спекулум кажи дека не сакаш, да те прегледа прво со вагинална сонда, па потоа ако смета дека има потреба со спекулум. Имав слична случка кога прегледот ми беше многу болен и верувај дека те разбирам ама морав да продолжам да одам на прегледи, но кај друг доктор.
Не знам.. Прв преглед ми беше и напоменав дека ми е прв. Прво бев многу преплашена, се потев на столицата и буквално без лубрикант, без ништо ме прегледа и мислам дека ме прегледа со најголемиот или единствен спекулум што го имаше. А, и друга работа ми кажа дека имам симната '' срамна '' коска и дека можеби затоа имам болки...
Ако некој има предлог добар доктор Прилеп - Битола, па чак и Кичево нема ми предложи. Размислувам да закажам кај Александра Еклер од Прилеп ако немој има искуства мило ќе ми е да сподели..
Здраво,Еклер како доктор е одлична ама спремај си цел ден за чекајње.Ако ти закажи во 12ч напладне сметај вечерта кај 19ч ќе влезиш.Освен ако си приватно со плаќање тогаш можеби ќе влезш порано.
Mnogu se ceka, kako doktor e ok, ama cekanjeto po 5 dusi vo isto vreme zakazani, e toa strasno me nervirase, bukvalno so saati sum cekala na zakazano, pazi , i posle toa idi edna zena , i vika , aj neka vleze zenava za brzo e, a toa brzo pola saat vnatre muabet si pravea. E tuka mi pukna film haha pa se mislam kaj da odam sleden pat
Ама познато ми е се,таа и самата гужви си прај,си прави муабет на теми што мене како пациент не ме интересираат,Моника Грашеска била добра и немало чекање,јас за кај нејзе се мислам
Јас имав циста која ми пукна и тоа беа неиздржливи болки, јас се онесвестив од болка. Мене ми пукна кога ми дојде и обично тогаш пука и затоа не знам точно каква беше течноста. Е сеа не знам дали си осетила болка, ако имаш таква среќа да пукнала и да не си осетила. Инаку течноста можно е да ти од цистата.
Zdravo I dobar den na site. Ke ve molam edno prasanje Ako moze ,lek za mesnasti cisti na Jajnici nekoj da mi kaze . odnapred blagodaram
На колку години се оперираше и дали имаш деца? Исто и јас треба да се оперирам. Еден доктор ми препорчува, друг не и не знам што да правам
Јас лично не. За каква циста станува збор? Кај мене прво беше параовијална ( отстранета лапароскопски) , моментално имам ендометриозна.. нормален циклус.
Greska dijagnoza sum imala dadeno ova bilo zolto telo a ne cista I sum imala ovulacisko krvarenje, samo sto ovde vo mk nema dobar doktor za da ti ja dade tocnata dijagnoza. Sakase da me pravi kiretaza a ova bilo ovulacisko krvarenje zdravstvoto e katastrofa