Toa e curpus luteum мислам дека така ја викаат латински... Имав и таква (хаос сум со цистиве) Ма да ја имав јаки болки а крварење немав... Испитај хормони, види да не е до нив нешто. Сепак не сум доктор ама ја да сум би испитала хормони ако веќе крварам меѓу циклуси. И тоа на 3ти 7ми и 21ви ден од менструација ја секогаш така ги испитувам
Da, corpus luteum, seuste imam jaki bolki, sigurno e on nea. Dadena mi e terapija dabraston pa ke vidam nareden ciklus kako ke e
И кога ќе ти помине се избегнувај да креваш тешко и коа работиш нешто да правиш клекни стани. Ја коа се форсирам си имам после маки
Здраво и мене вчера ми видоа циста на едниот јајник 4см рече др дека е водена. Пред 7месеци немав ништо оваа ми е првпат редовен циклус имам. кога ли се направила дали е страшно што е 4см,дали ке пукне треба да чекам
Навремено откривање и третирање може да спречи поголеми проблеми. Сега, не сум стручна, само од што сум слушала матичниот што ми кажувал, тоа го знам. Лек за нив нема, ако е цистата до 4 цм се следи, се контролира, ако е поголема, се отстранува лапароскопски. Поради чоколадна или ендометриозна циста намалени се шансите за бременост ама зависи, некои жени забремениле, некои не, некогаш бременоста се смета како лек за ендометриозата, некогаш не се препорачува бременост ако има голема циста или повеќе цисти. Се' зависи од состојбата, сите сме различни и само на преглед можат да ни кажат што е најправилно.
Дијагностицирана ми е циста на лев овариум 8x8cm. Симптомите кои ги имам веќе две години ги препознав сега: - трнење на нозе после спиење - опаѓање на коса - слаби заби - флеки на лице Понидете ми решенија на природен пат во ЛП . Благодарам
Ako e folikularna bi trebalo sama da prsne za eden ili nekolku ciklusi. Ako ne prsne davaat obicno primulot nor. Taa cista ne e opasna. Eventualno cuvar kukja i med da probas
Да веќе ги пијам апчињата прв месец треба уште 2 и да одам на контрола. Се надевам дека нема да дојде до лапараскопија бидејќи докторот ми кажа дека јајникот ќе бил оштетен по операцијата и дека не постои гаранција дека повеќе нема да се појави
Devojki pred tri nedeli imav punkcija. Uredno si dobiv ciklus, hormoni super, no na eho se javi somnez za cokoladna cista (endometrioma dvokomorna), iskustva nekoj slucni? Prv pat vakvo nesto mi se javuva, sum nemala dosea.
Девојки, дијагнозата за ендометриоза се постапува нели 100% преку лапароскопија, но кај мене само ми ги исчистија атхезиите настанати од восплание (кламидија) и затворија јајоводите, не зедоа примерок да испратат на хистопатологија. Дали е можно да сум ја имала и да не виделе преку лапаро, со тоа што не испратиле примерок на хистопатологија? Бидејќи тоа е болест која не се јавува преку ноќ, лапаро ми беше пред две години, на 29 години, а сеа има сомнеж за постоење чоколадна циста на десен јајник, која се појави пред еден месец, ќе видиме дали следен циклус ќе ја има.
Денес ми е најплоден ден, дечко ми сврши во мене. Скоро три месеци пијам јаз таблети поради циста. Дали е можна бременост??
Здраво на сите, јас сум нова на форумот, се работи за жена 59 години денес при преглед на гинеколог е забележана циста на десниот јајник, и ми кажа дека може да се отстрани лапароскопски, но потоа ме испрати да направам тумур маркери и резултатите се CA 125 = 80 и ЦАМ 2.30, дали овие резултати секогаш укажуваат дека се работи за канцерогена циста?