Здраво, дали некоја од форумот имала дермоидна циста, а истовремено да била и трудна. Да сподели искуство ако може. Фала.
Здраво дали некој знае според слика од ултразвук да ми каже што е тоа? Утре имам термин но не можам да дочекам…
Zdravo sakam da prasam od 02 01 pocnuva kako kafeavo eve denes e 15 koga ke se izbrisam ima crveno .Ima denovi koga nema nisto I denevi koga ima crveno imam 48 god da mi kazete opasno li emnogu se plasam
Здраво, треба да правам лапараскопска операција на државна клиника. Пред околу 2 недели ги направив сите потребни анализи и ми кажаа ќе ми се јават за операцијата. Дали некоја имала искуство за колку време ќе ми се јават и колку се чека, по сите направени анализи? Фала.
Дали при чоколадна циста (6цм ако значи нешто) , во период на овулација некоја имала ненормални болки? Веќе 3 саати ме грчи, апла болно. По календар треба во овулација да сум. На преглед сум тек во петок... А да, и некој да ми ја каже процедурата чекор по чекор како оди за вадење на цистава? И спомнете некое прашање ако треба да го поставам на гинекологот во врска со целиот процес. Фала
Здраво, коментарот е од 2023, ама ако прочиташ би сакала да ми кажеш дали доктор те прати да правиш магнет на абдомен, и дали со магнетот се гледаат целосно репродуктивните органи?
Здраво, да правев магнет на абдомен и таму се гледа се освен цревата. Но, потоа снимката ја носев на повеќе доктори за мислење и секој ми кажа дека не требало да правам и дека е само за пари. Бидејќи само еден покачен тумор маркер не укажувал на ништо.
Feminiki se spremam za invitro kaj Gruzanova bev da me vidi bidejki site mi vikaat imas cista ona mi gleda Deka sum imala ovulacija I folikuli golemi, a mene mi kasni 11dena testovi negativni I nikako da dobijam dali nekoja imala vakov slucaj da spodeli iskustvo
Здраво,нова сум на форумов се надевам дека ја погодив категоријата за прашањето што го имам Ми најдоа мала творба на лев јајник која одговара на фибром како бенигно туморче. Ова беше декември 2023 и беше 12 милиметри Сега имав некои болки и отидов на контрола и е малку зголемено Гинекологот ми рече нема простор за паника само треба да испитам пак тумор маркери за кои не напишав погоре дека беа во ред првиот пат кога ги испитував Мене прашањето ми е дали има некој природен начин да се смали ова или изчезне и општо дали некоја имала искуства со ова како и со планирање бременост и имање фибром Секој одговор ми значи Фала ви однапред
Немам искуство ама додека следиш ставај облоги од рицинус. Секоја вечер на тетра пелена ставај и нека стои цела ноќ. Така редовно барем 3 месеци па отиди на контрола да видиш дали има резултат. Секако слушај си и доктор, ова како препорака, рицинус многу помага.
Ако се работи за циста на јајник, таму каде што е цистата на тој предел ќе ја ставаш облогата. За цисти кај многу има помогнато ама од одма нема, тек после 3 месеци почне да се намалува. Ставај упорно.
Hii Имам правено лапароскопија од чоколадна циста на левиот јајник пред 5 години. По операцијата не ми дадоа контрацептиви и во декември 2024 при редовен преглед ми кажа гинекологот дека имам чоколадна циста на десниот јајник од 3 цм. Бидејќи имам континуирани болки последниве 4 месеци отидов пак на контрола во март и ми направија пак преглед и првичната циста од 3 цм се зголемила на 4.5 цм и во периодот од 3 месеци се создала нова со големина од 2.8 цм. Матичната ми даде упат за преглед кај операторот што ми ја правеше лапароскопијата пред 5 години, бидејќи ми кажа дека многу брзо пораснала и се создала нова, вообичаено растеле за 1 цм во период од 1 година. Имам и тапи и остри болки и за време на циклус, и по циклус и на рандом денови, некогаш неиздржливи, до степен да не можам да се исправам и имам завршено на клиника. Дури и морам внимателно да седнувам и станувам зашто при нагли движења ме заболува, а често пати при одење во тоалет, а да не збориме за односи..Матичната ми кажа да пијам бруфен од 400 мг ден пред циклус и за време на циклус за да не ми бидат толку мачни болките, тоа барем нешто од нешто помага, но не знам колку е добро постојано да ги пијам. Не знам дали повторна лапароскопија може да ми го оштети јајникот, сѐ уште немам раѓано, а сакам. Следната недела сум кај операторот на ГАК па ќе видам што ќе ми каже. Дали некоја од вас има користено тианде влошки за ендометриоза и чоколадни цисти? Видов дека имаат програма но не можев да најдам тука некои искуства со овој проблем.