Црвената моја е истовремено и секси, и женствено и класика е бре! Секоја жена треба да поседува нешто црвено во плакарот. Јас ја обожавам црвената боја, премногу ми е дамска, секси... И секогаш си ја носам за неа нема мода "немода".
Jaс модава ја фурам веќе долго време со црвениот ми кармин Хе, шала на страна оваа боја ми е омилена, премногу секси, премногу убава женствена, и преубаво стои, секако не на секој
Девојки, има посебна тема за црвената боја во мода и стил, а оваа тема е ставена во слики, само за прикачување на слики. Значи, таму коментирајте за бојата, а тука прикачувајте само слики.
Ако зборуваме за омилена боја на себе, дефинитивно црвената е една од нив! Носам додатоци во таа боја, имам црвени чизми, јакна, капчиња, шешири, шалови, токму во нијанси на црвено. И немам мислење дека бојата е ваква или онаква, едноставно се чувствувам удобно кога носам црвени парчиња облека. Моите фаворити:
Пристоен за секојдневно несекојдневна употреба... Штосен... Затворен, а секси...фустан Провокативенп црвено... Чипкано... Конзервативно... Или провокативно... Сеедно...црвено...универзално...
За преку зима... http://cdn.buzznet.com/media/jj1/2008/05/hathaway-red/anne-hathaway-red-01.jpg Или за преку лето.... Црвено како моден додаток... Или како накит..
Ја обожавам, за секоја прилика знае да е добра. Женствена е, секси. Знае да даде живот на секаква комбинација. Плус, јас не би била јас без моите црвени старки.