Од мобилен сум, штом седнам на лаптопот веднаш ќе побарам. А ти исто најди ми линк со информацијата за делото, не се потпирај на Комити многу, ако се случило мора да има записник и информации изнесени во јавноста.
Луѓенца како што пишав вчера,правено е муабет со човек од ДБК,кој ми потврди дека немаат никој притворено и дека никој не е фатен за делово.Записник ни тој видел,ниту па некаде на интернет има такво нешто,искочено е на тв да се каже,за да се смират страстите и омразата,а дека некој стварно лежи таму со такви иницијали,шанси нема,дечкиве си се заштитени државно и ова јако ке се заташка и никому ништо.Јас не сум навивач на Комити,ниту се потпирам на нивните изјави.
Убаво реков дека ќе се заташка случајов. Како што ќе одговараат обвинетите за Смилковско езеро, така и овие ќе одговараат. Дно дна.
Што не се заташкало кај нас,а не па ова,со измешани партиски криминалци,убијци,дилери,терористи.Секогаш сме биле дно дна и ке бидеме уште повеќе.
На крајот ќе испадне дека детево само се претепало. Овие од МВР мислат дека народот е луд и ненормален, па ќе поверува на такви небулози . На едно место го прочитав следното: Паднал на земја по што си ја удрил главата во тротоарот, веднаш паднал во кома по што бил превзен во Ургентниот центар.Никола Саздовски-Саздо не починал од смртоносни удари кои му ги нанесоа тројцата напаѓачи, туку дека се удрил од “ивичњакот“ на тротоарот што предизвикало крварење на мозокот што бил фаталниот момент за младиот навивач. Првин дури и да падне и да ја удри главата не може од таков удар да падне во кома. Освен ако не бил турнат или некој да му ја удирал глава од “ивичњакот“. Се знаеше дека никој нема да одговара за убиството бидејќи детето не е син на некој локален градски шериф туку е син на обичен човек кој сигурно е разочаран и нема сили да се бори за правдата бидејќи знае дека во оваа држава нема правда. Овде кадија те тужи и кадија те суди.
@RAF Camora Брат на другарка на мајка ми се степал со некого. Притоа супарников паднал на ивицата од тротоарот и починал. Братов на другарката отишол во затвор и ја излежал затворската казна. Ама не важат законите за сите исто, изгледа...
Родители, пријатели, младино.... Ајде вечер сите мирно и достоинствено да му одадеме почит на настраданиот млад човек. Парламентот е најубавата локација да го посочиме прстот. Тие во нивните коалиции немаат расправии и кавги. Се смеат, сликаат и делат провизии додека ни продаваат лажен патриотизам. Нивните деца не страдаат. Страдаат нашите! R.I.P Никола
Дека нема притворено никој, нема записник , се е лажирано е тоа богами тешко многу. До толку не е забегана државата, да не шириме дезинформации и невистини. Како што кажав имаше прес на МВР вчера околу 12 часот по повод настанот. Дека се сомневаме, сите океј е, но ваков тип информации се нереални.
Го блокираа Дебар Маало со денови и протестираа за убиство на кучето Идриз. Бараа оставки, одговорност и максимални затворски казни. За куче! Денес, почина ДЕТЕ кое до смрт беше претепано и кое со денови беше во кома! ДЕТЕ! ЧОВЕК!!! НИКОЛА САЗДОВСКИ-САЗДО. Ова е името и презимето на ДЕТЕТО кое беше ЛИКВИДИРАНО. Ги нема сега никаде, ги нема со паролите Нема правда, нема мир! За куче се организираа за еден час со цел собирање на политички поени. Сега се владини претставници и немаат интерес за протест. Срам да ви е на сите до еден!!! Ве колне народ денес! Ве презира, го достигнавте ДНОТО!!! Вие не сте мои сожители, вие не сте мои браќа и сестри... Вие сте едни обични безкичмењаци, изроди, наполнети кондоми со боја за една употреба! Гнаси... Секој живот е важен, но како е можно кучето да ви е поважно од еден згаснат човечки живот? FUCK OFF БРЕ!!! Преземено од фејсбук
Поразително е нивото на говор на омраза, и она што е навистина бедно е користењето нечија смрт за дополнително долевање масло на огнот. Јас само ќе ве потсетам на член 12 од правилата на форумот: "Забранети се мислења кои содржат: пцовки, вулгарни или навредливи зборови; елементи на агресивен национализам, ксенофобија и антисемитизам; религиозна, идеолошка, политичка пропаганда; расна, културна, социјална, религиозна, етничка и секаков друг вид дискриминација; омраза и нетолерантност." Да не плачете после дека модераторот ве мрази и затоа ве банирал или избришал мислење.
Дај престанете со омраза, повикана на национална основа. Изгубен е млад човечки живот. Не е важно дали е Македонец, Албанец, Турчин... Потполно се согласувам со повиците за смирување нетрпеливост. Спротивното, може да доведе до други вакви дела. И да, сите знаеме како функционираат работите во државава. Но и покрај тоа, не верувам дека некој од нас тука, не би се согласил со максимална казна за сторителите. И не верувам дека на некој би му било сеедно ако случајот се води несоодветно. Иначе, делото треба да се води како убиство, не како насилство. Се уште имаат шанса да го преквалифицираат делото, бидејќи, во меѓу време настанува нова ситуација. Законот истото го дозволува. Падот на тротоар е последица од ударите. Истиот не би се случил, да не било тепањето. Причината за смртта е нападот. Кристално јасно и многу лесно за докажување. Да сум јас, ќе го водам случајот како свирепо убиство и ќе дадам се од себе да глават доживотно во затвор крвниците!!! Иначе, записник луѓе, мора да има. Во спротивно, нема основа да се делува понатаму. Навистина се надевам дека случајов со младиот Никола ќе биде соодветно третиран и дека ќе се извлече максимална казна за сторителите.
Џабе си ја трошите енергијата и зборовите и се расправате меѓу себе. Детето не почина поради мене, тебе или некој друг од обичниот народ. Почина поради негрижата на институциите и поради тоа што толку голем број полицајци примија , а јас не видов да има барем зачестена улична патрола која според мене треба да ја има. Не полициска патрола за да пишува казни за сообраќајни прекршоци, туку патрола која ќе се грижи за редот и за мирот и граѓаните да бидат безбедни и да не треба да стравуваат. Онаму обезбедуваат натпревари кои според нив се од висок ризик со илјадници полицајци. Додека низ градот шетаат деца на локални градски шерифи наоружани до заби. И после системот не бил виновен туку народот што ги бирал политичарите. Ама народот не го направи и не го постави системот да биде таков каков што е. Како и да е Бог нека ни е на помош на тие кои сакаме да живееме чесно и праведно во оваа земја.
A демек ова само во Македонија е, во светот не се убиваат вжештени фанови? Кај нас мора се да се сврти на национална основа. Пресот кажа дека има двајца во притвор за насилство, оставете ОЈО сега да си преквалификува како треба, полека малце, вчера почина детето. А овој фб статусов погоре демек не е собирање политички поени, не? Се гледа политичката обоеност на истиот од километар. Кој за што сака за тоа ќе протестира, дали за куче, дали за стечајци, дали за промена на име, дали за детево, И така и така секој ден кај нас се протестира за нешто, циркус држава сме секако.
@violetblue не да сме циркус држава,туку немаме ни права еднакви. За нивно дете да беше до сега хаос ќе се направеше,додека за Саздо дознаваме по веб порталиве.Каде се они да дадат некоја изјава,каде се медиумиве да спомнат,да не известат за ситуацијава? Ништо нема,штама е. Тоа е за срамота.
Како тоа немаме еднакви прави ? Во што? Па ова е држава која функционира преку врски, човек преку човек. Наши малце ли ги има што се вадат од триста срања и ситуации, или пак добиваат нешто преку врска? Скоро секој втор. Исто и тие.
Немојте да ми кажете дека го убија поради навивачката група на која припаѓа, зашто не е така .Зошто бе не убија некој нивен од друга навивачка група? Ама они се држат заедно, не се како нас полни со љубов и мир за сите. Министерот да си поднесе оставка одма!! Фудбалер убија, кај се убијците? Бебе од 14 месеци претепано, кај е напаѓачот? И овој случај нерешен ќе биде како и другите. За Села напаѓачите се најдоа и обвинија, а нашиве ќе страдаат пошо многу им го лижеме задникот на шиптарите
Записникот може како им одговара да си го напишат зависи кој го пишува. Дека Албанците се држат меѓу себе сите знаат. Маж ми пред скоро година направи сообраќајка со Албанец. Тој беше крив му влегол во лента и обичен човек кој не се разбира ќе види. Ама инспекторот Албанец па си го извртел записникот во корист на другиот. Ама малце се заебал и маж ми и пола фамилија се во мвр и другиве служби. Адвокатот пријател еден од подобрите плус врските, испратија пак вештак на местото и излезе дека овој сосем друга улица напишал дека е еднонасочна, а не е поврзува неколку општини и други неправилности, само да биде во корист на Албанецот. Кога се расчисти случајот Инспекторот не веќе инспектор,а другиов си плати за тоа што го направил. Ама работава е да не имавме врски и да не работеше маж ми кај што работи ни крив ни должен ќе си платеше може и ќе лежеше затвор.
Епа баш вака ако немаме врски..Вака немаме еднакви права.Они се штитат ко бели мечки.Не е битно како е и која е вистината они испревртеле за како им одговара.
Дека државава ни е отидена у аут тоа сите сме свесни, кој повеќе кој помалку, деновиве секакви коментари прочитав на социјалните мрежи и од сите ми се гади. Вработени во МВР си даваат за право да кажат дека оправдано е тоа што му се случило на Никола пошто и тој напаѓал, не го познавам лично и не знам дали е вистина тоа или не, доколку е секако не го оправдувам тоа ама никој не заслужува да му биде животот одземен поради тоа. Доколку се чувствувале загрозено тие истите "албанци" можеле да пријават во полиција, а не да глумат Господ и да преземаат такви мерки. Факт е дека има омраза помеѓу етничките групи, не е нешто ново тоа го има со години, ама факт е и дека "албанциве" се секогаш први за провокација, па кога ќе им се врати глумат жртви. Бесир Бела, Гафур Чеку и Скендер Демири се 3цата имбецили кои го убија Никола, еве вака со име и презиме објавувајте ги сите да ги знаат. Дефинитивно случајот треба да се третира како убиство со умисла, сигурна сум дека никој туку така не би носел шипки во кола.. Што се однесува до сите вие што најдовте тема за трачарење и се правите паметни одпосле, касно е не можете да смените ништо сега, поготово не од дома. До душа случката се десила сред бел ден, на автобуска станица каде што имало и други луѓе кои немале доволно муда да помогнат додека траел настанот, дури одпосле му пришле да му помогнат, откако веќе си отишле убијциве. Ниту прв ниту последен пат не е ова што никој не реагира при насилство, во јсп е секојдневие ова, јасно е дека сите сте кукавици и гледате вие да се извлечете полесно а за другиот не е битно, а заборавате дека и вие имате деца, и на нив може да им се случи истото, сигурно нема да ви е сеедно ако никој не му помогне на вашето дете. Од вакви кукавици е доста, ве замолувам сите што сте биле сведоци на некој ваков настан и сте одлучиле да не реагирате во истиот момент, да си го задржите сега мислењето и да не попувате по социјалниве мрежи. Искрено сочувство до семејството на Никола, почивај во мир.