Па не знам кој е несериозен. Ти со: Правна држава, ама да фатам јас врски. Или јас со: Правна држава, никој да не фаќа врски.
за во оваа држава правдата да ја истераш требаат врски ама нема кој да сфати... 4 џандари ми чуваа еден обичен записник од сообраќајка за да не им текне на некои фаци да го сменат. не да ми изменат мене нешто не да ми преправат -туку да го чуваат за друг да не ги преправи па да биде ја сама сум се удрила .
Не ми е јасно. Зошто се бара правда кога сторителите се притворени? Сите знаеме дека Шверцери се огранок на ДУИ, но не верувам дека некој има храброст да заташка таков случај.
Тетка ми има сообраќајка, вратот и е фиксиран од претходна операција, кретенот што е виновен за сообраќајката оди да фаќа врски да не ја прегледуваат.
Еден не исчука пијан, со 140 и пред судењето, ни праќаше муабети: Џабе се мачите, фатив врски кај судијата. На судењето и јас сведочев, како сувозач на оштетените и овој муабет на суд го изнесов. Кога праша судијката: Дали имаш нешто да додадеш, им реков: Сакам да додадам дека обвинетиот ни праќаше муабети преку луѓе, дека фатил врски во суд и ќе го добиел случајот. На сите им паднаа вилиците до колена ко го кажав тоа. Судијката почна да црвенее и зеленее... Го осудија магарето.
Иначе, најдов и ова... он-топик. Вести по медиуми за нападот врз Николче, објавени на 30.06.2018 https://time.mk/c/89058aa9e8/srede-bel-den-trojca-nasilnici-pretepale-momce.html
Алооо ванѓо!!! Им даде идеја и сеа стварно вака викаат! Монструм го заташкаа. 5 деца мртви а никој у затвор оти се шиптари
Дневен билтен на сајтот на МВР 30.06.2018 http://www.mvr.gov.mk/dneven-bilten/1172 На 29.06.2018 година во времето од 17,30 до 17,40 часот во Скопје на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“, од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје. По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза". По преземени мерки, две лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело. Се работи на целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. Дневен билтен на сајтот на МВР 02.07.2018 http://www.mvr.gov.mk/dneven-bilten/1174 Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „Насилство“. На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода. Погребан Никола Саздовски, повици за целосно расчистување на трагедијата 10.07.2018 Од Основното јавно обвинителство работат на обезбедување на клучните докази кои треба да покажат каква правна квалификација ќе добие случајот во кој беше усмртен Никола Саздовски. Извештајот од обдукцијата покажува дека момчето починало од повреди на мозокот, но како настанале повредите треба да покаже вештачењето во рамки на истрагата на ЈО, велат од Судска медицина. Од обвинителството пак велат дека почнува распитот на повеќе сведоци по што ќе се знае квалификацијата. „Денеска се врши распит на повеќе сведоци, но не можеме да кажеме дека денеска се распрашува клучниот сведок за настанот. Во меѓувреме се обезбедуваат сите клучни докази, и обдукциониот протокол. Кога ќе се обезбедат сите докази јавниот обвинител ќе донесе јавно обвинителска одлука дали ќе остане на ова или ќе оди со нова правна квалификација.“ - велат од ОЈО. Никола бил крвнички претепан од три лица на автобуска постојка во Автокоманда. Паднал во кома и итно бил пренесен на Ургентен. Бил примен со слаб пулс, тешки повреди на мозокот и немерлив притисок. Неколку пати лекарите пробувале да го реанимираат, но за жал без успех. Во меѓувреме расте напнатоста на социјалните мрежи и меѓу Комитите, навивачка група на која припаѓаше Саздовски. Кога се објавија првичните информации за претепаниот? Каде е третиот напаѓач на момчето? Зошто делото е именувано како насилство? Од МВР тврдат дека јавноста била известена за крвавиот настан. Доставија хронологија за настаните од дневните билтени на министерството. • Настанот се случил на 29.06.2018 година (петок) во 17,30 часот • Две од лицата сторители се лишени од слобода на 30.06 (сабота). • На сајтот на МВР во делот за дневни билтени, кој се доставува и на меил адресите на медиумите, настанот е објавен на 30.06 (сабота) каде е потенцирано дека две лица, можни сторители се приведени во полициска станица. • На 30.06. (сабота) СВР Скопје поднесе кривична пријава против 3 лица • На сајтот на МВР во делот за дневни билтени објавена е информација за поднесена кривична пријава против 3 лица на 02.07 (понеделник) На тројцата напаѓачи им е одреден притвор од 30 дена, иако по третото лице се уште се трага. Никола почина 10 дена по приемот во болница. Денеска попладне беше погребан во село Ракотинци каде роднините и пријателите се збогуваа од него, а Комитите му одадоа почит од западната трибина на градски стадион.
Го слушам Чом на Телма сега, вели дека Саздовски "загинал во брутална пресметка"?! Неверојатно! А вистина ли кога одел прилогот со докторката која кажувала за здр. состојба на Саздовски, новинарката (инаку сопруга на Р. Алаѓозовски) си продолжила како тоа да се однесува на случајот со повреденото бебе, а не за Никола?. Телмаши бе, кај сте, се забораивте...од кваки се..ње!
Kaj se sega sarenite da se krenat? Kaj e pravdata? Srcevo me boli za deteto.Nikola otide zrtva za bolni umovi.Na krvnicive im posakuvam,krvta cel zivot na race da ja nosat.Dovolno e da gi fatat kletvite na site,i lelecite na kutrata majka.A deteto,neka pociva vo mir.
Навистина и јас си помислив 3а ова, требало неколку души да пријдат да помогнат 3а да ги ра3бркаат а не да се плашат и да пријдат одпосле. Ова како народ ние голема мана и треба да ја промениме, можеби ќе спасиме некој живот а не да бидеме кукавици.