А па вие ќе спроведете правда преку тастатура и статуси на фејзбук и клетви. На улица масовно се бара, бар пола од бројката од Шарена револуција да излегуваа нешто ќе се сменеше, ама не тука само партија може да организира протест.
Затоа што знам дека потфрлаат, затоа и го следам случајов. Го кажав тоа повеќе пати низ темава. Зошто на улица, кога веќе се истражува?
Јас сум искрен и принципиелен човек. Мразам евтин популизам, но тоа е работата на политичарите. МВР фати двајца од тројца, по третиот се бара. Другите се предадени на суд. МВР коректно си ја работи работата, а сега ќе видиме за судот. Не верувам дека некој има некакви намери целиот случај да го бутка под маса. Тоа што не ми се допаѓа е лагата која се пласира од страна на провладините медиуми.
Верувам дека и јас и ти и скоро секој го знае исходот, што и го пишав претходно. Добро познато сценарио е како ова ќе заврши. Од вакви инстутиции можеш ли правда да очекуваш?
Имаше лаги ти не следеше кога се објави веста од некои медиуми имаше контра вест дека тоа било недоразбирање и дека Никола е вон опасна состојба и надвор од болница баш Јоци сподели на профил кај што и велат да не шири дезинформации дека Никола е у кома. Зашто таква вест се пушташе?
Можам, затоа што знаат дека сега сите прсти се вперени во нив и им тежи на глава ризик од ескалација на ситуацијата. Под притисок пофункционални се... жално, ама така е. Не видов други освен Саше на Мактел дека сркал со двете раце, ама на сајтот на МВР имаше, исто и на други портали, па Саше не го удрив од га*от. А зошто тоа го направил? Искрено, не знам. Ама не ми е ни чудно. Кај нас многу има кои се нарекуваат себе си новинари, а всушност не знаат ни Н од новинарство.
Ко во Шведска да живееш искрено, не ли знаеш што се случуваше тука?Па убијци 5 души што во очи Велигден ко кучиња ги утепаа ослободија, терористи полицајци што застрелаа не ги најдоа, хашки случаи што касапеа и мачеа ги амнестираа, ти мислиш сега ќе бидат функционални, абе сериозно?
Нели реков дека не им верувам, затоа ги следам? Го реков ли тоа? Реков ли и тоа дека сега- за сега е во ред, но не знам што ќе биде во иднина со случајот? Реков и тоа. Ако затаи, тогаш ќе скокам, што сега пред време?
Проблемот е што никој од провладините не пишуваше, ниту спомнуваше или го маргинализираше се дур ептен не се рашири веста до пошироката јавност.
Како бе Мамли не пишуваа? Уште на 30ти јуни имаше вест по 90% од медиумите. Денес, трет пат го постирам линков, на истава тема: https://time.mk/c/89058aa9e8/srede-bel-den-trojca-nasilnici-pretepale-momce.html
Тој 3- от е сигурно во другата татковина( Косово) и ужива во слободата. Просто е, нели? Другата мама нема да го издаде детето... Тоа ти е нешто како во комшии да си појдеш преку отворена врата.
Па и во нив има исти како што има и во Македонците, кои 2 недели врескаат: 'Племе Шиптарско' и ги псујат и осудуваат сите до последен. Тоа е тоа.. И во едните и во другите има ѓубриња. Не знам зошто сте изненадени? Ич. Постов е од форумов.