Зошто ја пуштиле вториот ден да си оди? Барем терапијата дали ја примала дома? Природно породени третиот ден ги пуштаат, а не па царски
може да потпише и да си оди на своја рака. на документот пишува во случај на компликација не одговараат тие. јас се прашувам ЗАШТО сакала да си оди?
Абе една апаратура што има во онаа болница ... боже мој. Очниве доктори си ги средивте да има бар еден или уште по одмори/боловање се и нема никој со месеци да те прегледа? Дека сте опремени де. Може стварно во ситуацијава не се криви доктори и кадарот, али таму е се каша попара.
Ако си потпишеш дека на своја одговорност инсистираш да си одиш...ќе те пуштат. Со сила не држат. За се е така. Читам Бубче што пишала, во ваков случај верувам дека персоналот сторил што може со апаратурата и средствата што им стојат на располагање. Лесна и земја, за греови и детенцето и цела фамилија. Се надевам обдукцијата ќе даде одговори.
Дали испитале- дали е алергична на спиналната анестезија т.е на некоја од состојките ? Гледам @Bubce38 си напишала дека била алергична на мн. работи.
Да можам јас да ги "средувам " работите нема да биде вака ,т.е не би сакала да биде вака . Со очните доктори и не е баш така алармантна ситуацијата . Двајца има ,што и не така страшно . Ама ,има еден невролог . Еден !!! За општина која ги покрива Гевгелија ,Дојран,Богданци и Валандово . Кога ќе оди тој на одмор луѓето со мозочни удари ќе треба да се префрлат да лежат во Струмица . Моментално на нервно одд лежат 17 пациенти со мозочен удар . Замисли утре да отиде Др на одмор ,сите тие пациенти ( а знаеме колку се неподвижни ваквите пациенти ) ќе треба да се транспортираат во Струмица . А тек некој ако у меѓувреме го удри мозочен. Ќе нема кој да го покрие со терапија за да се одржи у живот дур патува до друг град . Нема педијатар ! Ниту еден . Гинеколог е еден , и еден иде од Штип или Куманово. Ама не секогаш . Инфектолог нема ! Анестезиолог нема ! Идат по потреба од Куманово . Да е до мене ,нас , со задоволство би нацртала бар уште десет доктори . Ама да се цртаат ....
А некој од вас испитан ли е, рутинска процедура ли е? Јас прв пат прочитав на форумов за такво нешто. Никогаш не ме провериле.
Во Штип не паметам да пуштиле царски втор ден макар и со потпис .Сепак е операција. Абе една природно роди па не ја пуштија дома втори ден. Еден куп инекции примат првите денови, клексани, антибиотици, против крварење и болки. Нека запиња колку сака не ја пуштам втори ден. Четврти со потпис нека си оде ако сака. Не за џабе 5 дена ги држат. И докторите си еб*ле мајката.
Некои основни алергиски испитувања имала од претходно .Затоа и ограничени биле со давање на терапија после жалењето на тегоби од нејзина страна . Конкретно за спинална не ни знам има ли алерго испитување . Јас примав спинална без никој да ми каже дека има тест за неа . Верувам ќе ми предложиле да направам
Жално за малото, на жената нека и е лесна земјата. Дај Боже да нема вакви случаи веќе, жално е многу жално. Јас со второто така си отидов со мој потпис на 3 ден а бев со царски, сакаа да останам уште ама јас не прифатив, другиот син плачеше и ме сакаше дома па така да немаше ни сила што можеше да ме натера да останам таму (и бебечето беше супер) да имам и уште едно, истото би го сторила.
Кумашинката моја ја пуштија без проблем да си оди во недела знам беше. Се породи во петок навечер . Со потпис си замина Ова во Штип пред година ипол. Царски
Па затоа и пишав, кои црни доктори кога ги нема. Не дека ти контрам нешто, али си правиме муабет. Реалната ситуација е оваа што си ја пишала, кадар нема, матичната со месеци не може еден обичен очен преглед да ми закаже бидејќи тие двајцата очни иако се на хартија таму, ги нема! Што пак после тоа да очекуваме за нешто посериозно, катастрофа.
На ГАК ги пуштаат порано само тие што се природно породени. Ама им бараа потпис на родилките. Значи, доколку нешто им се случи, персоналот нема да одговара. Јас додека лежев во болница имаше такви случаи. Затоа докторите бараат потпис. За да се заштитат. Па дури и со царски да било породувањето.
Не знам. 2016 год 8 месеци бев на стаж и не сум сретнала ваков случај. Во недела не ни пуштат како што знам. Ама ако е со врски е друго
Ако родилката запне да си оди, они што можат да направат. Јас кога се породив вториот пат имаше родилки кои инсистираа да си одат, а уште не беа доволни здрави. Им дадоа да се потпишат и толку. Си отидоа. На мене воопшто не ми ни текна на такво нешто.
Врските чуда прават . За жал . Не оправдувам вакви работи. Ама ги има . А не се криви ни докторите . Коа ќе запне пациентот - си одам и точка ! Кај нас имало ситуации докторот да не дозволува нити со потпис да си оди пациент . Ама овој ноќта ташната под мишка и избегал ,буквално . И што ќе им правиш . И починатата имаше врски . И тоа големи . Сите доктори ги "фати". Ама џабе . Судбина
Своеволно испишување од болница обично бараат пациенти кои се НЕзадоволни и одат да си го бараат чарето во други болници , а пак после царски втор ден ... Па мене катетарот тек после 48часа ми го тргнаа , сите што биле со царски ја знаат процедурата која е, и тешко дека после 48ч родилка од царски се осеќа "одлично" тоа може некоја што природно се породила (вториот пат бев природно и на второто утро гинеколог ми потпиша на картон дека можам да си одам) . Сигурно Имало и други родилки со нејзе во соба . И ДА , даваат дијагнози од извиџење, јас сум си личен пример и ако не бев тврдоглава да дремам до сабајле и да чекам да дојде доктор да го исчисти гнојот сигурно ќе бев на некролог , затоа сега резот ми личи на "NIKE" и припаѓав од болки 5дена секое утро кога одев да ми чистат рана, ама барем сум жива ! НЕ ја користам оваа трагедија само за да плукам по здравството, туку сум згрозена од НЕ функционалноста за која плаќаат невини луѓе, а никој ништо не превзема и се става под тепих. Кога имаш пациент со алергии и то како се спроведува НЕстандардна процедура на испитувања.
^^кај нас нема инсулин да испиташ ! До вчера бета -хцг немаше , ти НЕстандардни тестови за алергија сакаш . Нема ни кожен доктор у болницата . Затворено е тоа одделение од дамна . Се слагам дека здравството ни е крш . И дека има слободно можам да кажам и ,,нечовечни,, доктори . Зборот ми беше за конкретниот случај дека се направи се за жената и не беше оставена на милост и немилост . Да ја почекаме обдукцијата што ќе каже пред да плукаме